image

Литургија во Кочани на Соборот на Пресвета Богородица



На 08. 01. 2015 година, на празникот Собор на Пресвета Богородица; св. Никодим Прилепски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, во црквата посветена на „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани, отслужи Света Архиерејска Литургија. На Светата Литургија присуствуваа голем број верници меѓу кои и Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитровски 
и Пратеници во Собранието на РМ. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион, на верниците им го честита Големиот Празник – Божик со поздравот Мир Божји – Христос се Роди! Истиот ден Митрополитот Брегалнички г. Иларион заедно со Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитровски направи канонска визитација на црквата во изградба посветена на „Свето Благовештение“ и даде свои забелешки и напатствија околу изградбата.

 

Извор: Брегалничка епархија