Излезе првиот број на Епархиското списание „Огледало“  на Тетовско-гостиварската епархија

  Ogledalo.Korica.jpg

 СОДРЖИНА

Воведно Слово на Митрополитот тетовско-тостиварски г.Jосиф
Слово на Архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан
Слово на Митрополитот тетовско-гостиварски г.Jосиф
Слово на jеромонах Кирил Пеjчиновиќ за празникот Прочка
Богослужениjата во Великиот пост
Колку често треба да се причестуваме
Великиот пост
Света таjна покаjание (исповед)
Великиот пост - пат кон воскресенито
Преподобен старец Порфириj Кавсокаливитски
Огласително слово на свети Jован Златоуст
Вести и настани и од епархиjата

  Ogledalo.Korica1.jpg

    Воведни зборови

Среде густата и темна шума наразни книжевни дела и запишани зборови, во ова наше презаситено време со разни податоци и информации, повторно најсилно и непомрачено сјае вечно живото  православно слово, во кое како од најчисто огледало јасно се одразуваат пресветлите зраци на Божјата вистина. Напојувано од непресушниот и живоносен Источник на премудроста, Христос, нашиот човекољубив Спасител, и одгледувано од трудовите и потта на светителските подвизи и од светата маченичка крв, тоа слово непрестајно раѓа сочни плодови на светителство, а не претставници на празната и лажна човекоугодничка „мудрост “.

На тоа широко и пребогато поле со спаситителни светоотечки слова, со духовна радост и благодарност кон Бзога, Го принесуваме и овој наш мал и скромен труд - православното списание „Огледало”, плод на сите христољубови работници од. оваа наша богочувана епархија Тетовско - Гостиварска. Името „Огледало” Го позајмивме од истоимената прочуена книга на преподобниот наш отец Кирил Пејчиновиќ Тетотец, а воедно, со името, од овој голем преродбеник на нашиот многустрадален народ ја позајмивме и неговата свештена намера, неговата животна цел - пожртвувано да му послужи на христијанскиот род „ради потреби и ползованија”, заради спасение на душите. И како што во Кириловото време христијаните биле соочени со Големи искушенија, потчинети на иноверна и иноплемена власт, без никаква можност за образование, така и во ова наше време, православниот човек, потонат во богозаборав и земски грижи за овој трулежен свет, стои неподготвен пред моќниот налет на разорниот дух на богоотстапништвото.

Целта, значи, на „Огледало” е (како и кај преподобниот и богољубив отец наш Кирил Пејчиновиќ), подавајќи му Ги на читателот зборови на вечниот живот од устите на светителите и угодниците Божји, како и од богословите и другите работници на Господовата нива, да овозможи и денес да никнат прекрасни плодови на духовна зрелост и христољубие, да се изгради вистински богообразован човек, онаков каков што Бог го сака и со кого Црквата Христова се радува.

Молитвите на Пречистата и Преблагословена Владичица наша Богородица и Дева Марија, „непосрамливата Застапничка на христијаните”, и молитвите на нашите првопросветители, рамнопостолните Кирил и Методији сите Божји угодници, нека не поткрепат во ова просветителско дело, а на читателите нека им дадат духовни сили за препород на православието во нашата епархија.

† Јосиф,
Митрополит Тетовско-гостиварски

  Ogledalo.Korica1.jpg

 Ogledalo.Korica1.jpg

 20-ти март, лето Господово 2014

 

Овде  можете да го прочитате во целост списанието