По извесна пауза, светлината на денот ја видоа уште три нови изданија од Библиотеката Св. Гаврил Лесновски, кои се надеваме дека барем малку ќе ја задоволат и угаснат духовната жед на сите наши православни верници, во ова време на опаѓање на верата и побожноста, кога има сѐ поголема потреба од медоточивите поуки и совети на современите духоносни старци и подвижници, кои и денес ни сведочат дека Божјата благодат сѐ уште дејствува и преобразува човечки души во нашата Света Православна Црква, која ќе постои и опстојува со своите светии до крајот на времето и вратите на пеколот нема да ја надвладеат.

Книга 9:

ГОСПОДИ, ОЧИСТИ ГИ МОИТЕ ГРЕВОВИ – Практичен прирачник за Светата Тајна Покајание и Исповед (Зборник – Поуки за покајанието од Светите Отци, Архимандрит Јован Крестјанкин, Схиигумен Сава Псково-Печерски, Старец Филотеј Зервакос, Игумен Никон Воробјов, Св. Лука Војно-Јасенецки, Архимандрит Рафаил Карелин); 2013, стр. 160; ЦЕНА: 150 ден.

Книга 10:

Старец Ефрем Филотејски – ДУХОВНО-ОТЕЧКИ ПОУКИ (Старец Ефрем, духовен син на старец Јосиф Исихаст, обновител на општежителниот манастир Филотеј на Света Гора Атонска, еден од најголемите живи современи духовници, учител на умно-срдечната молитва и на внатрешниот пат на покајното самоспознание, во оваа книга со совети им дарува светлина на богопознанието на сите кои се жедни за Божјата вистина и правда); 2013; стр. 288; ЦЕНА 250 ден.

Книга 11:

Архимандрит Рафаил Карелин – КАКО ДА ЖИВЕЕМЕ ВО ХРИСТА (Поуки за верата, за довербата во Бога, за духовниот отец, за молитвата и постот кај денешните христијани, за почитувањето на светиите и за многу други основни поими од православниот духовен живот); 2013; стр. 196; ЦЕНА 150 ден.


Сите нови книги, како и другите досега издадени, можете уште веднаш да ги порачате по e-mail. За повеќе информации видете во „порачка на книги“.

 

Извор: Брегалничка епархија