Издавачката дејност на Лесновскиот манастир (08.04.2013 11:13)


           

Денес, повеќе од било кога, во време кога ревноста за побожен живот ослабнува и има сѐ поголема желба за приклонување кон духот на овој свет, „кој во зло лежи“, во време кога православната младина, заталкана и без патоказ, во сѐ поголем број приоѓа кон Мајката Црква, чувствувајќи неизгаслива духовна глад и жед за спознавање на вечната Вистина и Живот, се наметнува насушната потреба верниците што подобро да ја осознаат православната вера и православниот дух преку Светото Предание и учењето на Светите Отци, како и преку животот на многу современи свети старци и подвижници, кои се особено живи примери на светост и голема духовна поткрепа за сите оние Христијани, кои сакаат да живеат вистински духовно и православно во денешните услови на отворено богоотстапништво и богозаборавеност.

            За таа цел, Библиотеката „Св. Гаврил Лесновски“ започна со издавање и подготовка на многу светоотечки, светопреданиски и душекорисни книги, но, со оглед на тоа дека живееме во време на криза, им се обраќаме на сите оние кои се подготвени да го помогнат богоугодното дело на нашата Библиотека, помагајќи им така на многу души кои се гладни и жедни за словото Божјо, и подготвувајќи си го така за себе и за ближните патот кон вечниот живот. Однапред Ви благодариме, и ве чекаме за соработка.

†     †     †

СИТЕ КНИГИ ОД БИБЛИОТЕКАТА ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ И НА СКОПСКИОТ САЕМ НА КНИГАТА

ОД 09.04 ДО 15.04.2013
 

Линк со изданијата на Лесновскиот манастир