Amblem.Evropska.jpg

Православниот Македонец длабоко во себе ја носел верата и традицијата насекаде па дури и кога ја напуштал родната земја во потрага по подобра егзистенција.
Така нашите први иселеници во Скандинавија понесени од желбата да имаат своја црква се организирале во црковни општини уште во 1973 година. Подоцна нивниот пример ќе го следат и други општини низ Европа.
Но сепак најголемата експанзија на формирање на црковни опшини се случува после референдумската одлука за самостојност на нашата татковина.
Така се раѓа и идејата за формирање на Европска епархија која ќе ја координира работата на сите дотогаш формирани Македонски православни општини на тлото на Европа.


На денешен ден 04.12.1994 во Дортмунд Р. Германија по молитвите на Пречистата Владичица наша Богородица а за слава на нашиот Бог Света Троица се формира Европската Епархија како најмлада епархија на МПЦ ОА.
На Црковно-народниот собор во Охрид 1995 г. се потврди оваа одлука а на седницата на САС на МПЦ одржана на 25.08.1995 за прв надлежен архиереј е избран митрополитот г. Горазд.
Од мое лично име и од името на епархискиот управен одбор на Европската епархија им се заблагодаруваме на сите оние кои придонеле да се формира и да се одржи нашата Богом дарувана епархија.
Воедно им благодариме и на сите оние кои упатија честитки по повод денешниот роденден на епархијата.


Секое добро од Бога, Христос помеѓу нас.

PIMEN.Sk1.jpg
Митрополит Европски г. Пимен