На празникот Богојавление, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со викарниот Епископ хераклејски г. Климент отслужи Архиерејска Божествена Литургија во црквата на свети Димитриј во Скопје, а потоа изврши Голем Богојавленски Водосвет фрлајќи го крстот во водите на реката Вардар.

stefan.bogojavlnie25.jpg
 

 

„Славете го неговото име и јавете на народите за неговата слава„ со овие зборови поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан го започна чиноначалствувањето по повод  празникот Богојавление - Водици.

- Дојде Исус од Назарет и се крсти во водите на реката Јордан. Кога излегуваше од неа виде како наеднаш се отвори небесата и виде како Светиот Дух во вид на гулаб се симнува надолу. Синот се крштевал во водата, Отецот сведочел, а Светиот Дух во вид на гулаб се спуштил од небото. Бог се јавил и се открила најголемата тајна за спасението. Дваесет столетија се повторува Богојавлението кај христијанскиот народ. Бог се јави!Амин!, рече г.г.Стефан за време на богослужбата пред насобраниот народ на Камениот мост.

stefan.bogojavlnie21.jpgНад сто православни христијани денеска напладне скокнаа во водите на Вардар по осветениот крст, кој  го фрли поглаварот на Македонската православна црква.

Деветнаесетгодишниот Александар Ристовски од скопската населба Радишани го фати осветениот крст што во водите на реката Вардар по повод празникот Водици го фрли поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Ристовски, од градоначалникот Трифун Костовски доби златник со ликот на Свети Наум, а градоначалникот на општина Центар Виолета Аларова му подари икона.

Меѓу присутните беше и премиерот Никола Груевски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

stefan.bogojavlnie22.jpg

stefan.bogojavlnie23.jpg

stefan.bogojavlnie20.jpg

stefan.bogojavlnie24.jpg

 Извор: Македонска Информативна Агенција

 

Фото: Марјан Николовски

         Преминпортал

Посети:{moshits}