Akatist.Zoran.jpg

Скопје, 17 мај 2012 год.- храм на св.вмч. Димитриј  

Akatist.Zoran.jpg

Akatist.Zoran.jpg

Akatist.Zoran.jpg

Akatist.Zoran.jpg

На 17 мај 2012 година, на  40-тиот  дена од појавата на феноменот на самоочистувањето на фреските во храмот на св.вмч. Димитриј  во Скопје, протоереј Зоран Стаменковиќ во солужение на протоерите  Бранислав Стојанчов и Игор Калпаковски а во присуство на бројниот верен народ отслужи мало повечерие, потоа канон и акатист на  светиот  великомаченик Димитриј молејќи го неговото застапство пред Бога. Поизвршувањето на чинот на петолебието, отец Зоран во својата кратка беседа, а се со цел да ни укаже на неопходноста од духовната будност и внимание, произнесе кратка беседа од Откровението според Јоваана:„И видов ново небо и нова земја, зашто поранешната земја помина и морето го немаше веќе.Тогаш јас, Јован го видов светиот град Ерусалимнов како слегува од Бога, од небото, стокмен како невеста променета за својот маж, и чув висок глас од небото како кборува:„Ете ја скинијата на Бога меѓу луѓето и Он че зивее со нив, и тие ќе бидат Негов народ, а сам Бог ќе биде со нив-нивен Бог.

И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има повеќе, ни плач, ни писок, ниту болка нема да има веќе бидеиќи поранешнотот помина. И седнатиот на престолот рече: Напиши зашто овие зборови се вистинити и верни.

А потоа им рече: Се сврши! Јас сум Алфа и  Омега, почеток  и крајот. На жедниот ќе му дадам јас од изворот на жива вода-дарум.Кој победува ќе наследи се и ќе му бидам Бог, и тој ќе ми биде син.(откр.21,1-7)

По молитвите на Твојот светител великомаченик Димитриј, Христе Боже наш, избави не и нас од неволјите што не притискаат, и помилуј не како единствен Човекољубец.

Akatist.Zoran.jpg Akatist.Zoran.jpg

Akatist.Zoran5.jpg
Акатист на  Светиот великомаченик, мироточив (извадок)
Димитриј Солунски

    

Кондак 1
       Чудесен Војводо на градот Солун, голем угодник Христов и славен, подвижник, Свети Димитрије, тебе кој на светот му точиш миро на милост, ние те почитуваме и ти пишуваме пофалба, а ти имајќи слобода пред Господа, од секоја беда избави н#,  верно да ти воскликнуваме:

Радувај се, свети Димитрие, славен великомачениче и чудотворче!

Икос 1
   Творецот на Ангелите и Господ на Силите те прослави тебе, достоен за восхитување, како Ангел во тело, цврст и непобедлив во мачењето и силен заштитник на верните, затоа прибе- гнуваме кон Твоето застапништво принесувајќи Ти ги овие радосни песни:
        Радувај се, ѕвездо која блескаш над цврстата Црква!
        Радувај се, светилник, кој со чудеса го осветлуваш светот!
        Радувај се, непоколеблив столб на верата!
        Радувај се, нескршлив штит на православните!
        Радувај се, сјаен украс на Тесалија!
        Радувај се, преславна пофалбо на Солун!
        Радувај се, сограѓанин на Апостолите!
        Радувај се, заедно со мачениците си во небесните живеалишта!
        Радувај се ти, кој ги примаш молењата на оние кои те повикуваат!
        Радувај се, за сите нас на Бога се молиш!
Радувај се, свети Димитрије, славен великомачениче и чудотворче!

Akatist.Zoran5.jpg

Akatist.Zoran.jpg

    Akatist.Zoran5.jpg 

Akatist.Zoran5.jpg 

Akatist.Zoran.jpg

Akatist.Zoran.jpg

Akatist.Zoran5.jpg

Akatist.Zoran.jpg

Akatist.Zoran.jpg

Akatist.Zoran.jpg

Akatist.Zoran.jpg

Akatist.Zoran5.jpg

Akatist.Zoran.jpg

Akatist.Zoran.jpg

 Akatist.Zoran.jpg

  Akatist.Zoran5.jpg

Akatist.Zoran5.jpg

Преминпортал

Лето Господово 2012

 

 

 

 

 

Каде да најдам акатист за здравје на нечија душа?