Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2023
Пример си бил на воздржание,
со Божествен Дух сите просветувајќи ги,
правоверно животот завршувајќи го,
со учењето светот го просветли,
Пример си бил на воздржание,
со Божествен Дух сите просветувајќи ги,
правоверно животот завршувајќи го,
со учењето светот го просветли,
Велик е животот на праведникот пред Господа,
и него наградата не го одминува,
така ти Авдие Божји пророче,
дар доби да ја видиш Црквата Новозаветна
која во себе ќе ги удоми децата,
од нив сега прими пофалба торжествена
.
Маченикот Твој Платон, Христе Боже наш, избирајќи го Животот вечен
Тебе Те исповеда и времениот живот маченички го заврши,
Ревнувајќи во молитвата,
искуси чудесни дејствија
така стана истоименик на исправувањето,
затоа моли се на Христа Бога,
Ревносно од царина си тргнал
кон повикот на Владиката Христос,
Кој поради својата добрина се појави
на земјата помеѓу луѓето,
Него следејќи го се покажа како избран апостол
Избирајќи живот по вашата вера,
наместо виделина од очите телесни,
Гурие и Самоне, Бога го прославивте
во вашето мачеништво, при вистината останавте
и ревност подаривте на Авива ѓаконот.
Празнува вселената, ликува Етиопија,
како со венец украсена, од тебе просветувајќи се,
светло го слави твојот спомен,
богоглаголив Филипе.
Ги научи сите во Христа да веруваат,
Од устата твоја како светлина огнена
блесна благодатта која ја просветли вселената.
Ризница на несреброљубие за светот стекна,
а нам ни ја покажа висината на смиреномудрието.
Поради милоста своја Бог се овоплоти,
о блажен Јоване,
поради љубовта своја Христос
на крсна смрт се предаде,
а душата твоја во своето сиромаштво,
со Него се обогати.