Тропар на светиот
Божји Пророк
Исаија
9 мај / 22 мај

Смирен Божји човеку,
дар од Господа добивајќи,
ти го дарува народот свој велики Исаио –
извор силоамски за очистување,
Ангел Господов за посрамување на непријателот,
зборови пророчки за опомена.
Моли се за нас свети пророче,
пред Христа Кого се удостои да Го погледнеш,
пред Бога чиј престол е небото,
а земјата подножје на нозете Негови.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светите
двеста маченици
Христови војници
9 мај / 22 мај

Миомирисот на сувиот Христофоров стап кој процвета,
ја одгони смрдеата на гревовите кои вашите души
ги заробила, о свети Христови маченици,
и исповедници ве направи на великите дела Господови,
Вие на небесата очистени со вашата крв пристигнавте,
каде за нас сега молете се во искушенијата да не малаксаме.
 
*треба да следи канонизација

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
Христов маченик
Христофор
9 мај / 22 мај

Достоен војник во свитата Господова си ти Христофоре,
а благодарноста кон Бога е неизмерна од сите нас,
бидејќи Он нѐ удостои да ја видиме
убавината на душата твоја,
чистотата на срцето и силата со која те украси.
Радувај се мачениче, и нека по твоите молитви секогаш
ни се подава храна за закрепнување и спасение,
и душата наша се зарадува во Господовата градина.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светите
Христови маченички
Калиника и Акилина
9 мај / 22 мај

Милоста Христова се допре до вашите души
обременети, по молитвите на Христофор великиот,
 о Калиника и Акилина, и срцето светлината ја прими
кое го приведе во покајание,
запечатено со крвта ваша маченичка.
Радувајте се во Господа вие кои од планината се ослободивте и за нас сега молете се Христос да го земе нашето бреме.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на преносот на моштите на
светиот Христов чудотворец
Николај Мирликијски
9 мај / 22 мај

Велики угодниче Божји, Николае свети,
чии молитви нѐ закрилуваат нас кои
пловиме по морето на овој живот.
Биди водач на нашите мали бротчиња,
како што беше патеводител при преносот
на моштите твои свети,
да стигнеме до лаѓата на која
 Христос е Кормилар, Кој сите нѐ приведува
до Царството на радоста.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче 

 

Тропар на светиот
Христов преподобномаченик
Николај нови
9 мај / 22 мај

Храброста земна војничка,
Господовата благодат ја умножи
во подвизите твои преподобни,
о Николае слуго на Вишниот,
а зенитот го достигна во непоколебливото
исповедување на верата Христова,
при мачеништвото за Бога принесено.
Спомни си за нас оче свети од хоровите
на оние кои ги избелија своите облеки.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на преподобниот отец
Шио (Симеон) Мгвински
9 мај / 22 мај

Грузиска пофалбо на Христовата Црква вселенска,
Шио преподобен подвижнику,
денес славословие плетеме за тебе ние земните
поддржувајќи го торжеството небесно
и по твоите молитви од Христа благодат
измолуваме за спасение на нашите души.


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Од Верскиот календар на МПЦ (22.05.2023)
Hristos.adam.jpg

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

Од Верскиот календар:

bogorodica.k.dol.jpg

Светиот пророк Исаија

Овој голем пророк беше од царски род. Роден во Ерусалим од татко Амос, брат на јудејскиот цар Амасиј. Според големата Божествена благодат што беше во него, Исаија се удостои да Го види Господ Саваот на небесниот престол, опкружен со шестокрили серафими, коишто непрестајно пееја: Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот. Исаија им пророкуваше многу нешта како на одделни луѓе така и на народите. Еднаш три дена одеше сосем гол по улиците ерусалимски пророкувајќи го брзиот пад на Ерусалим под Асирскиот цар Сенахерим и опоменувајќи ги царот и народните главешини да не се надеваат на помошта од Мисирците и Етиопјаните, бидејќи и тие наскоро ќе бидат покорени од тој истиот Сенахерим, туку да се надеваат на помошта од Севишниот Бог. И ова пророштво како и останатите се исполни до збор. Но најважни беа неговите пророштва за воплотувањето на Бога, за зачнувањето на Пресветата Дева, за Јован Предвесник и за многу настани од животот на Христос. Овој видовит маж имаше, заради чистотата на своето срце и заради ревноста кон Бога, дар на чудотворство од Бога. Така, кога опседнатиот Ерусалим страдаше од жед, тој се помоли и потече вода под гората Сион. Таа вода е наречена Силоам (пратена); и на таа вода го упати подоцна Господ слепородениот за да се измие и да прогледа. Во времето на царот Манасија, кога Исаија грмеше против незнабожечките обичаи на царот и на главешините, изедначувајќи го тогашното поколение со Содом и Гомор, против овој голем пророк се дигна гнев од народот и главешините и беше фатен, изведен надвор од Ерусалим и стружен со бичкија. Живееше и пророкуваше 700 години пред Христа.

prorok.Malahija.jpg

Свети Николај, Чудотворец Мирликиски

Пренос на моштите. Во времето на царот Алексеј Комнен и на патријархот Никола Граматик, во 1087 година телото на овој светител беше пренесено од Мир Ликиски во градот Бари во Италија. Тоа се случи заради навалата на муслиманите на Ликија. Светителот му се јави во сон на некој чесен свештеник во Бари и му заповеда неговите мошти да се пренесат во тој град. Во она време градот Бари беше православен и под православен патријарх. При преносот на моштите на Светителот се случија многу чуда, како од допирот на моштите така и од мирото коешто изобилно се лееше од нив. На овој ден уште се споменува и чудото извршено над српскиот крал Стефан Дечански, т.е. како Свети Николај му го врати видот на слепиот крал Стефан.

Светиот маченик Христифор

Голем чудотворец. Особено почитуван во Шпанија. Нему народот најмногу му се моли против заразни болести и разни помори. Намачен за Христа и прославен од Него во 249 година.