Тропар на свeтиот
 Симеон Нов Богослов
12 март / 25 март

Симеоне,
трубо незапирлива,
непресушлив извор на вистина,
зрак кој изнедрува од Љубовта,
дару на Божјата светлина,
преку тебе се допревме до Пресвета Троица.
Изгори ги оче преподобен нашите прегрешенија
и воведи н# во љубовната одаја.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
Христов епископ папа Римски
Григориј Двоеслов велики
12 март / 25 март

Ангел небесен беше испратен
О, Григорие свети, не да те искушува,
туку смирение твое да возвестува,
да објави како угодник Божји,
Пресвета Троица ја прославува,
од земјата сведочи за Христовата милост голема.
Моли се пастиру Христов по твоите молитви,
да стигнеме до пределите Рајски љубовни.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
Христов исповедник
Теофан
12 март / 25 март

Велики Теофане пастиру Божји,
чудотворче, исповедниче и девствениче,
како Христос Kој две природи има,
така и ти две особености:
девственоста и исповедувањето,
во еден венец пред Господа ги приложи,
а Он Благиот благодат изли,
од која чудотворства  и сила за исповедување
на Иконите свети ти подари.
Радувај се и за нас моли се ти свет Божји угодниче.



 

 Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Православен календар за 25/03/2019

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2018 лето Господово

Од Верскиот календар:

Преподобен Теофан Исповедник

Наречен Сигријан заради местото Сигрија каде што беше роден. Роднина на царот Лав Исавријанин и на неговиот син Копроним. Имаше огромно богатство и раскош. Но кога Господ Христос се зацари во неговата душа, сето тоа за него изгуби вредност. Се спротивстави на женидбата што му ја наметнуваа, па кога сепак го принудија, успеа да ја посоветува својата сопруга на девствен живот под руво на брак. А штом му починаа родителите, жена му отиде во еден манастир, а тој во друг. Неговиот беше во Сигријанските Гори во Кизичката област. Некогаш славниот и богат Теофан во манастирот живееше како последен сиромав. И сите ѝ се восхитуваа на таа чудесна промена кај него. Бидејќи стана прочуен по неговата силна вера, воздржливост и мудрост, го повикаа на Седмиот Вселенски Собор во Никеја, на којшто се утврди иконопочитувањето. Заради големата чистота и целомудрие што го красеа Бог му даде дар на чудотворство и ги лекуваше сите болести, особено манијаштвото и лудилото. Му се молеше на Бога за болните и за неволните и им помагаше со својата молитва. А кога се разболе самиот, долго и со благодарност ја трпеше својата болест и не сакаше да Му се моли на Бога за оздравување. Кога повторно настана гонење на иконите од злиот Лав Ерменин, Свети Теофан беше доведен во Цариград и фрлен во затвор, каде што две години помина во тегобност и во маки и понижувања. Тогаш царот го испрати во ропство на островот Самотрак, а ова тој го проѕре со својот дух отпорано и им го кажа на затворските чувари. Но кога стигна во Самотрак, поживеа само дваесет и три дена и се престави кај својот Господ и Создател од Кого го прими стекнатиот венец на невенлива слава.

 Hristos.voSila.jpg

Преподобен Симеон Нов Богослов

Овој богоносен и голем отец на Црквата беше роден во Галата Пафлагониска, воспитан во Цариград и вбројан меѓу дворјаните на царевите Василиј и Константин Порфиророден. Остави сѐ заради Христа и се повлече во манастир. Се подвизуваше под раководство на старецот Симеон, потоа беше игумен на манастирот на Св. Мамант и најпосле живееше како пустиник. Најголем богослов после Св. Григориј Богослов. Ја чувствуваше благодатта во своето срце. Неговите зборови се вистински духовни и богословски откровенија. Се упокои во 1032 година. Моштите му се чудотворни.

 sv.grigorij.dvoeslov.jpg

Свети Григориј Двоеслов, папа Римски

Син на сенаторот Гордијан. И самиот потоа беше сенатор и началник на градот Рим. Но штом се упокои татко му, се предаде на духовен живот. Од своето големо богатство изгради шест манастири во Сицилија, а седмиот во Рим, во чест на апостолот Андреј. Во тој манастир и самиот прими потстриг. По смртта на папата Пелагиј го избраа за папа. Тој бегаше од таа чест и власт и се криеше по зафрлени места по горите, но Господ го поткажа на оние што го бараа со тоа што на местото каде што се криеше се јави огнен столб од земјата до небото. Беше необично милосрден. Сите свои приходи ги употребуваше за засолништа за бедните и за гостопримство. Често ги канеше бедните и им служеше на трпеза. Се занимаваше и со пишување корисни книги. Двоеслов или Собеседник се нарекува затоа што напиша книга со таков наслов, а во неа ги изложи добродетелите и чудотворствата на италијанските светители. Го состави и чинот на Литургијата на претходноосветени Дарови (Преждеосвештената Литургија), којашто се служи во средите и петоците на Чесниот Пост. Кога Св. Григориј седеше и пишуваше, неговиот архиѓакон Петар гледаше како над неговата глава лета некаков гулаб. Се упокои во Господ во 604 година.