ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 Тропар на светиот
Христов исповедник
Теофилакт Никомидиски
епископ
8 март / 21 март

Блажен си ти Теофилакте епископе
на кого Христос срцето со милост го преисполни,
служејќи им на болните, хромите, слепите и немоќните,
духовни начела во нивниот живот постави,
заштитниче на православните икони,
мачениче без крв кој мноштво венци задоби,
моли се за оние кои го чествуваат
твојот свет спомен.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Теодорит
8 март / 21 март

Ризница на благодатта Христова,
и сад пророчки за непокајаните постана,
ти Теодорите слуго на Вишниот,
молитвите твои правдата Господова во милост ја преточија,
за оние кои го празнуваат твојот свет спомен,
и Бога го прославуваат во вечни векови.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на
преподобниот отец
Лазар Мурмански
8 март / 21 март

Благодатта Божја и топлите молитви на Пресветата,
успон дадоа на твојот подвиг о Лазаре оче наш преподобен,
а Христос очистувајќи го срцето твое,
ги оживе незнабошците за да го примат
спасителното слово од устата твоја.
Радувај се пастиру Христов и за нас моли се,
пред Оној Кој тебе власт ти даде.



 

 Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Од Верскиот календар на МПЦ (21.03.2020)

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2020 лето Господово

Од Верскиот календар: