Тропар на светиот
исповедник Христов
Василиј Декаполит
28 февруари / 12 март

Во младоста твоја љубовта Христова
те освои блажен Василие и Иконата Негова
за тебе врата кон животот вечен постана.
Непрестајно вистинската вера исповедувајќи ја
се уподоби на големиот Прокопиј – твојот учител,
моли се за нас свети исповедниче
до крај во Вистинската вера да останеме.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Протериј
патријарх Александриски
28 февруари / 12 март

Преисполнет со духот кој кај тебе го
засади Христос Спасителот,
преку великиот Кирил, ти пастиру Протерие
чашата милостива до крај ја испи,
со венец маченички се закити од Оној,
кој за вистината го дарува,
до крај останувајќи верен на Господа,
кого ние по твоите молитви го исповедаме,
Него и Синот Негов во две природи,
и Духот Свети Кој од Него исходи –
Бога Троичен – во сите векови.

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар
на светите преподобни
Кира и Марана
28 февруари / 12 март

Непријателот преку вас беше посрамен од Бога,
о свети Киро и Марано, ни до срце, ни до ум можеше да се допре,
оној кому постот и молитвата му се оган пеколен.
На Бога служејќи, пред вас ден со ноќ не се менуваше,
туку подвиг на подвиг и благодат врз благодат.
Сега и нас спомнете нѐ вие мажествени подвижнички,
во ваштите непрестајни молитви.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светата
Христова новомаченица
Кирана Солунска
28 февруари / 12 март

Девственице света, Кирано невесто Христова,
мачеништвото твое од Бога примено,
благодат подарува на оние кои го чествуваат
твоето трпение во маките,
 Господа Го прославуваат и тебе те молат,
светило запалено да бидеш за нашето спасение,
пред Оној за Кого душата твоја ја оневести.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче 

 

Тропар
на преподобниот отец
Јован наречен Варсануфиј
29 февруари / 12 март

Вистината и за очите ангелски недостижна
те повлече повторно во пустината,
о Јоване епископе – Варасануфие оче наш преподобен,
подвигот непрестан – дарови од Бога привлече,
тебе за утеха а нас за спасение,
затоа сега и секогаш на твоите
молитви се надеваме, принесени пред милоста Господова.
 
*На секоја престапна година овој светител се слави на 14 по нов стил



Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче 

 

Тропар на светиот
преподобен отец
Јован Касијан
29 февруари / 12 март

Преподобноста со труд врлински ја задоби,
благодатта Божја те преисполни о, свети оче Јоване Касијане,
патеводител ти беше Јован Велики, ученик Лав смирени,
о ти кој си пофалба на Јован Лествичник.
Бестрасноста твоја до престолот Божји те возвиси,
оттаму на нас ти погледни,
и моли ја Светлината да нѐ прими при себе очистени.
 
*На секоја престапна година овој светител се слави на 14ти по нов стил

 Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Православен календар за 12/03/2024

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2024 лето Господово

Од Верскиот календар:

 

Светиот свештеномаченик Протериј

Овој светител беше презвитер во Александрија во времето кога патријарх во тој град беше еретикот Диоскор, еден од покренувачите на монофизитската ерес, којашто учеше дека во личноста на Исус Христос нема две природи туку една. Во тоа време царуваа Маркијан и Пулхерија. Протериј, кој беше благочестив и свет маж, стана против Диоскор и за ова претрпе многу беди. Тогаш беше свикан Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон, на којшто монофизитската ерес беше осудена, Диоскор симнат од престолот и испратен во прогонство. На негово место беше избран овој правоверен маж Протериј. Тој управуваше со Црквата со ревност и со љубов на вистински Христов следбеник. Но следбениците на Диоскор не престанаа да создаваат смут во Александрија. При еден ваков крвав метеж Протериј излезе од градот со намера привремено да се оддалечи, но на патот му се јави Пророкот Исаија и му рече: „Врати се во градот, те чекам за да те земам“. Протериј се врати и влезе в црква. Кога слушнаа дека се враќа, дрските еретици навалија во црквата, го фатија патријархот и го избодија со ножеви. Тогаш со Протериј загинаа уште шестмина христијани. Така прими маченички венец за православната вистина овој прекрасен пастир на Христовото стадо во 457 година.

Свети Василиј Исповедник

Другар и соработник на Свети Прокопиј Декаполит. Василиј верно го следеше својот учител Прокопиј и во време на мир и кога беа гонењата. Претрпе многу маки од иконоборците. А кога иконоборците пропаднаа, по Божја Промисла Василиј се врати заедо со Прокопиј во својот манастир и таму во пост и молитва поживеа долго и се упокои мирно во 747 година.