ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 Тропар на светиот
Климент Охридски
25 ноември / 8 декември

Со зборови си ги упатил народите во верата Божја,
со делата си се издигнал преблажен,
кон божествен и блажен живот.
Со чудеса си ги просветил оние
што пристапуваат со вера кон тебе,
со знаменија си ја осветлил темнината.
Заради тоа го славиме
твојот божествен спомен, Клименте.


 

Извор МПЦ-ОА     

Тропар на преподобниот отец
Климент Охридски
25 ноември / 8 декември

Небесен човеку, ангелу земен на благовестието
помеѓу народот кој Бога не Го познаваше,
Клименте оче преподобен,
љубов од Бога просејќи, вера во Него рашири,
надеж во сечие срце положи,
Слово Божјо во неракотворени таблици испиша,
дело Кирило - Методиево во слава Господова
апостолски продолжи.
Моли се и не отстапувај праведен учителу
пред Христа за наше спасение, до крајот на вековите.

7.Vselenski.sobor

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче

 


Православен календар за 08/12/2023

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

 Од Верскиот календар:

Свети Климент, архиепископ Охридски     

sv.Kliment.mozaik.jpg

Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на Св. Методиј Климент, под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј - заедно наречени Петочисленици - го помина Дунав, поседе како гостин при царот Борис Михаил и потоа дојде во охридскиот крај.

 Прво основа манастир во Белица, кај што му беше и првото епископско седиште. Подоцна се пресели во Охрид и оттаму разви голема архипастирска и просветителска дејност за целата поблиска и подалечна околина.

Во Охрид Свети Климент му подигна црква на Св. Пантелејмон. Имаше голем број ученици коишто ги препишуваа книгите со словенски букви за словенскиот народ. При таа дејност особено му помагаше Св. Наум.

Вршеше чуда и за време на земниот живот, а неговите мошти до денешен ден пројавуваат исцелителна сила. После големиот труд и верната служба на Бога, се упокои мирно во Охрид, во 916 година. Неговите чудотворни мошти почиваа  во некогашниот храм на Пресвета Богородица, којшто подоцна се нарече по Свети Климент, а денес се пренесени на новоизградениот храм на Плаошник во Охрид.

plaosnik.vecerna8.jpg