ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ  

Тропар на света маченица
Параскева Икониска
28 октомври / 10 ноември

Премудрата и сефална Христова маченица Параскева,
мажествена храброст примајќи,
женската немоќ ја отфрли, демонот го победи
и мачителот го посрами, повикувајќи и глаголајќи:
дојдете, телото мое со меч исечете го,
јас пак радувајќи се одам кон Христос, мојот Женик.
По нејзините молитви, Христе Боже, спаси ги нашите души!


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА

 

Тропар на светиот
Христов епископ
Атанасиј
патријарх Константинополски
28 октомври / 10 ноември

Подвижнику Христов, кој јаремот Спасителев го понесе,
пастир постанувајќи на овците словесни.
Испосниче благодатен на кого Господ се јави,
подавајќи жезол за приведуање на многумина кон спасение,
моли се оче свети на кого Господ маловерието не го зеде за грев,
за оние кои на твоите молитви надевајќи се,
го прославуваат споменот твој чесен.

7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ - ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Киријак
патријарх Ерусалимски
28 октомври/ 10 ноември

Велика е славата твоја на небесата,
од Христа Бога ти дарувана, Киријаче славен пастиру,
изобличителу на зловерието, ревносен
исповеднику на вистината, чија рака бројни бисери
благодатни до паствата испрати,
а Господ Спасителот со троен венец те овенча,
и на твоите молитви ги предаде оние кои
денес светото име твое пред Него го повикуваат.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на преподобниот отец
Јов Почаевски
28 октомври / 10 ноември

Бранику на верата православна, заштито облагодатена
на вистината против лукавоста на зловерието Језуитско,
 Јове свети подвижниче, заштита просиме од Господа,
по твоите свети молитви да останеме верни на сведоштвото,
на оние кои Бога Го исповедуваа во вековите.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ - ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Неофит
епископ Урбински
28 отомври / 10 ноември

Душата твоја топол бран на благодатта ја обли
кога небесни гласници допир небесен и донесоа,
о Неофите оче преподобен.
Примајќи го залогот на вечноста,
 молитвата го замени здивот на земниот живот.
Сега за нас моли се пред Господа, Кој за тебе постана
Пат, Вистина и Живот, о свети мачениче.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светите
Христови маченици
Теренциј, Неонила
и нивните деца Сарвил, Нит, Јеракс,
Теодул, Фотиј, Вилија и Евника
28 октомври / 10 ноември

Мачеништвото ваше Теренцие и Неонило
благодат излева на главите од оние
кои чест воздаваат и поклонение вам и на
Сарвил, Нит, Јеракс, Теодул, Фотиј, Вилија
и Евника – породот ваш, кои на Господа Бога
угодувајќи како сјајни ѕвезди засветлија на небесниот свод.
Радувајте се сега во вечноста
и за нас молете се свети Христови воини.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светата
Христова маченица
Ана
28 октомври / 10 ноември

Радувај се мајко која во синот
го запали пламенот на верата,
радувај се слугинко Господова
која нозете Христови со смирение ги допре,
радувај се и за нас моли се маченичке света
на која денес споменот чесен го прославуваме.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претча Слепче

Тропар на преподобниот
Христов епископ
Стефан Саваит
28 октомври / 10 ноември

Ти кој со ангелите претстоиш пред славата
Господова, Стефане оче благодатен,
кого милоста Христова во бестрастие го приведе,
пријател станувајќи со Создателот на сите,
моли се за нас свет епископе
мир во Господа за душите наши да најдеме.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светиот
епископ Христов
Арсениј Сремски
28 октомври / 10 ноември

Наставнику на милоста, кој ризницата на
милосрдието за сите си ја отворил,
на правоверието учителу и на архиереите
Божествен украсу, оче наш ерарху Арсение,
на сиромашните си бил застапник.
Затоа моли Го Христа Бога,
да ги просвети нашите души,
за да не погинеме во смртен сон.


7.Vselenski.sobor
 
         Извор МПЦ – ОА

 

 
Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 10/11/2023

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

 Од Верскиот календар:

Светата маченичка Параскева (Петка)
Петка Икониска

Родена е во градот Иконија од родители богати и христољубиви. По смртта на своите родители како девојка почна да им го раздава својот имот на бедните и на неволните, во името на Господ Исус Христос. Кога настана гонењето во времето на царот Диоклецијан, Параскева беше изведена на суд пред кнезот на таа земја. Штом кнезот ја праша за името, таа рече дека името ѝ е христијанка. Кнезот ја укори зошто не си го кажува своето обично име. А Параскева му рече: „Требаше прво да ти го кажам името на вечниот живот, а потоа на привремениот“. Откако ја биеја кнезот ја фрли во затвор, каде што ѝ се јави ангел Господов, ја исцели од раните и ја утеши. Со молитва ги урна сите идоли во незнабожечкиот храм. После долги и лути маки ја убија со меч.

Светиот маченик Теренциј

Од Сирија. Пострада за Христовата вера заедно со жена му. Тогаш пострадаа и нивните седум деца. По многу маки, при коишто се јави силата Божја, сите беа убиени со меч.

Свети Стефан Саваит

Писател на многубројни прекрасни канони. Се подвизуваше во обителта на Свети Сава Осветен. Подоцна беше епископ. Мирно се упокои во 807 година.

Свети Атанасиј, патријарх Цариградски

Противник на унијата со Рим, наспроти неговиот претходник Јован Векка (1275 г. – 1282 г.). Од детството беше аскет и молитвеник. Беше омилен кај народот, а заради својата морална строгост го предизивика негодувањето на некои свештеници. Се повлече во неговиот манастир на гората Ган, каде што се подвизуваше уште построго од порано. Му се јави Самиот Господ Исус Христос и благо го укори зашто им го остави стадото на волците. Кога го прорече денот на земјотресот во Цариград, царот Андроник повторно го врати на патријаршискиот престол и против неговата волја. Но потоа тој повторно тајно се оддалечи на подвиг. Се упокои во стотата година од животот. Беше чудотворец и проѕорливец.