ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ  

Тропар на рождество на
Свети Јован
Пророк, Претеча и Крстител Господов
24 јуни / 7 јули

Пророче и претечо на Христовото пришествие,
не знаеме како достојно да те восхвалиме,
ние кои со љубов те почитуваме,
со твоето славно и чесно рождество,
се разреши неплодството на онаа што те роди,
и татковото безгласие, и на светот му се проповеда,
воплотувањето на Синот Божји.


 Извор МПЦ – ОА

Тропар на светите
Христови деца маченици
Јаков и Јован Мењужски
24 јуни / 7 јули

Децата не запреа во овој свет:
светите Јаков и Јован поитаа во прегратките Твои,
во благодат врз благодат растејќи
и Тебе прославувајќи Те, Кој венец невенлив
и Царство Небесно им подари.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот отец
Никита епископ Ремесијски
24 јуни / 7 јули

Како падната девојка, твојата душа
мудро ја принесе на Христа,
о Никито епископе благодатен,
од твоите поуки како извор Божји неисцрплив,
разбојниците витези Христови постанаа,
а неверните, монаси подвижници на Бога се принесоа.
Радувај се сега во вечноста, заради верата
во Господа исповедана, која плодови
изобилни покажа и за нас моли се
пред Оној на Кого ти послужи.

 


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светите
Христови маченици
Орентиј, Фарнакиј, Ерос,
Фирмос, Фирмин, Киријак и Лонгин
24 јуни / 7 јули

Жедта по вистината ве ослободи од
гладта по минливоста на овој свет,
о Орентие, Фарнакие, Еросе,
Фирмосе, Фирмине, Киријаче и Лонгине.
Достојнославни маченици и верни
Христови војници се покажавте,
Спасителот Сам ве пречека
на патот кога кон Него поитавте.
Затоа за нас сега молете се пред Оној
Кој вечност ви подари.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче 

 

 Од Верскиот календар на МПЦ (07.07.2023)

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023лето Господово

Од Верскиот календар:

 

 Raganje.sv.JovanKrst.jpg

Раѓањето на Свети Јован Предвесник и Крстител Господов    

Шест месеци пред своето јавување на Пресветата Дева Марија во Назарет, великиот архангел Божји Гавриил му се јави на првосвештеникот Захариј во ерусалимскиот храм. Пред да го објави чудесното зачнување на безмажната девица, архангелот го објави чудесното зачнување на една бездетна старица. Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем се  до осмиот ден по раѓањето на Јован. Тој ден се собраа роднините на Захарија и Елисавета за обрезание на младенецот за да му биде дадено име. Па кога го прашаа таткото кое име би сакал да му го даде на синот, тој бидејќи нем напиша на табличка: Ј о в а н. Јазикот му се одврза во тој час и тој почна да говори.

 Домот Захариев беше на височината меѓу Витлеем и Хеврон. Гласот дека на Захарија му се јави ангелот Божји, дека онеме, а потоа му се одврза јазикот штом го напиша името Јован, се разнесе по сиот Израил. Овој глас дојде и до Ирод.

Затоа Ирод, кога испрати да се заколат децата во Витлеем, прати луѓе и во ридското престојувалиште на семејството Захариево, за да го убијат и Јован. Но Елисавета благовремено го сокри детето. Разјарен од ова, царот Ирод испрати џелати кај Захарија во храмот (зашто се погоди тој повторно беше чреден за служење во ерусалимскиот храм) да го убијат. Захариј беше убиен меѓу притворот и храмот, а неговата крв се засири и се скамени на плочите и остана како неизбришливо сведоштво против Ирод. Елисавета со детето се скри во една пештера, во којашто набрзо таа умре. Младенецот Јован остана сам во пустината, препуштен на грижа на Бога и Неговите ангели.

 

Свети Никита, епископ Ремесијански

Другар и врсник на Св. Павлин Нолски (кој се слави на 23 јануари). Веројатно бил Словенин, а го проповедал Евангелието меѓу Словените во нишко-пиротската област. Св. Павлин му испеа песна во која покажа какво дело овој свет Никита изврши меѓу Словените: „Каква промена! И колку среќна! Непроодни што беа крвавите гори, сега кријат разбојници во монаси претворени - ах, питомци на мирот. Кај што беа обичаите ѕверски, сега ликот ангелски е. Праведникот во пештера се крие, онде кај што злостор порано пребиваше.“ Столица на Свети Никита беше градот Ремесијан, под којшто некои го препознаваат Пирот. Освен својата мисионерска служба, Свети Никита напиша и неколку книги: шест книги за верата, книга за паднатата девојка (којашто мнозина ги побуди на покајание). Овој светител се упокои во 5 век.

Светите маченици Орентиј, Фарнакиј, Ерос, Фирмос, Фирмин, Киријак и Лонгин

Родени браќа. Беа римски војници во времето на царот Максимијан. Во војната на Римјаните против Скитите околу Дунав, Свети Орентиј му излезе на мегдан на скитскиот голијат Марот и го уби. За ова целата римска војска им принесуваше жртви на боговите, но Орентиј и неговите браќа изјавија дека се христијани и дека не можат да им принесат жртва на глувонемите идоли. И покрај нивните војнички заслуги беа осудени на прогонство во Касписките предели, но патем сите седуммина, еден по друг, од глад и маки го завршија животот и се преселија во Царството