ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ
Тропар на преподобниот
Христов подвижник
Висарион
6 јуни / 19 јуни
На Твоето име Господи, на Твоето име воздај му слава –
повикуваше о ти Висарионе оче наш преподобен.
Бог преку тебе чудата на Мојсеа, Илија, Елисеа и
Исуса Навина ги повтори,
со твоето смирение на небесните сили се уподоби,
раце и поглед кон небото подигна,
молејќи се за спасение на родот човечки.
Со молитвени солзи во рацете Божји се предаде,
во неискажлива радост премина,
моли го сега Спасителот на сите,
да ја помилува душата наша.
Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче
Православен календар за 19/06/2018

ТРОПАР
Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.
Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.
Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.
Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.
ПреминПортал
2018 лето Господово
Read more...