логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

sv.PetariPavle1.jpg

Светиот апостол Петар

Син Јонин, брат на Андреј Првоповиканиот, од племето Симеоново, од градот Витсаида. Беше рибар и прво се викаше Симон, но Господ благоизволи да го нарекува Кифа или Петар (Јован 1, 42). Прв од учениците јасно ја изрази верата во Господ Исус, велејќи: „Ти Си Христос, Син на Живиот Бог“ (Матеј, 16, 16). Љубовта кон Господ му беше голема, а во верата се утврдуваше постапно. Кога Го изведоа Господ на суд, Петар трипати се одрече од Него, но само еден поглед на лицето Господово го исполни со срам и покајание. По слегувањето на Светиот Дух стана неустрашлив и снажен проповедник на Евангелието. После една негова беседа во Ерусалим се обратија околу три илјади души. Го проповедаше Евангелието ширум Палестина и Мала Азија, Илирика и Италија. Вршеше големи чуда: лечеше болни, воскреснуваше мртви, дури и од неговата сенка се исцелуваа болните. Имаше голема борба со Симон Волхот, којшто се прикажуваше за бог, а всушност беше слуга сатанин. Најпосле го посрами и го победи. На заповед на свирепиот цар Нерон, којшто беше пријател на оној Симон, Петар беше осуден на смрт. Откако го постави Лин за епископ на Рим и го посоветува и утеши стадото Христово, Петар радосно појде да прими смрт. Кога виде пред себе крст, ги замоли џелатите да го распнат главечки, бидејќи се сметаше себеси за недостоен да умре како неговиот Господ. Така се упокои и прими венец на вечна слава великиот слуга на великиот Господ.

Светиот апостол Павле

Родум од Тарс, од племето Венијаминово. Прво се викаше Савле, учеше кај Гамалиил, беше фарисеј и гонител на христијаните. Во христијанската вера беше обратен преку чудо од Самиот Господ, Којшто му се јави на патот за Дамаск. Крстен од апостолот Ананија. Му се даде името Павле и беше приброен кон службата на големите апостоли. Со пламена ревност го проповедаше Евангелието секаде, од границите на Арабија до Шпанија, меѓу Евреите и незнабожците. Го нарекоа апостол на незнабожците. Колку што беа страшни неговите страдања толку беше натчовечко неговото трпење. Низ сите години на неговото проповедање како на тенок конец висеше ден за ден меѓу животот и смртта. Откако сите денови и ноќи ги исполни со страдања за Христа, откако на многубројни места ја устрои Црквата и откако ја достигна таа мера на совршенство што можеше да рече: „не живеам веќе јас, туку Христос живее во мене“, беше убиен со меч во Рим, во времето на царот Нерон, кога и апостолот Петар.

 sv.PetariPavle1.jpg

Евангелие и поука за 12/07/2020
 

Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 16:13-19

13.     И кога дојде Исус во земјата на Ќесарија Филипова, ги праша учениците Свои и рече: „За кого Ме мислат луѓето – Мене, Синот Човечки?”
14.     Тие одговорија: „Едни за Јована Крстител, други за Илија, а некои за Јеремија или за еден од пророците.”
15.     А Он им рече: „А вие, за кого Ме мислите?”
16.     Симон Петар одговори и рече: „Ти си Христос, Синот на живиот Бог.”
17.     Тогаш Исус му одговори и рече: „Блажен си ти, Симоне, сине Јонин, оти тело и крв не ти го открија тоа, а Мојот Отец, Кој е на небесата.
18.     А Јас тебе ти велам: ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат.
19.     И ќе ти ги дадам клучевите од небесното царство, и што ќе сврзеш на земјата, ќе биде сврзано на небесата; а што ќе разврзеш на земјата, ќе биде разврзано и на небесата.”

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 8:28-34;9:1

28.     И кога пристигна на другата страна во земјата Гергесинска, Го сретнаа двајца бесни, излегле од гробиштата; беа толку лоши што не смееше никој да мине по тој пат.
29.     И ете, извикаа и рекоа: „Што имаш со нас Ти, Исусе, Сине Божји! Зар си дошол тука предвреме да нe мачиш?”
30.     А далеку од нив пасеше голем број свињи.
31.     И бесовите Го молеа и говореа: „Ако нe изгониш, позволи ни да отидеме во свињине!”
32.     И Он им рече: „Отидете!” И тие излегоа и отидоа во свињите. И одеднаш сите свињи се сурнаа низ стрмнината во морето и се издавија во водата.
33.     А свињарите побегнаа и, штом дојдоа во градот, раскажаа за сето тоа и за она, што се беше случило со бесните.
34.     И ете, излезе целиот град да Го пресретне Исуса и, кога Го видоа, Го замолија да си отиде од нивниот крај.
1.     Тогаш Он влезе во еден кораб, се врати назад и пристигна, во својот град.

Апостол на празник: Второ послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните 11:21-32;12:1-9

21.     За срам зборувам: како да сме биле немоќни? Но ако некој се осмели, во безумство велам, ќе се осмелам и јас.
22.     Евреи ли се? И јас сум. Израилец ли е? И јас. Семе Авраамово ли се? И јас.
23.     Служители Христови ли се? Во безумство зборувам, јас сум повеќе. Повеќе се трудев, повеќе рани поднесов, повеќепати бев затворан во темница, и многупати на умирање.
24.     Од Јудејците примив петпати по четириесет без еден удар;
25.     трипати сум удиран со стапови, еднаш каменуван, трипати претрпев бродолом, и ноќ и ден поминав во длабочина;
26.     многупати сум патувал, сум бил во опасност од реки, во опасност од сонародници, во опасност од разбојници, во опасност од друговерци, во опасност по градови, во опасност по пустини, во опасност по море, во опасност меѓу лажни браќа;
27.     во труд и мака, во често неспиење, во глад и жед, во многу постење, на студ и голотија.
28.     Освен надворешните непријатности, тука се уште и секојдневните напади против мене, како и грижата за сите цркви.
29.     Кој ослаби, и јас да не ослабам? Кој се соблазни, и јас да не се распалам?
30.     Ако треба да се фалам, со слабоста своја ќе се пофалам.
31.     Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој е благословен во веки, знае, дека не лажам.
32.     Во Дамаск управителот на цар Арета, друговерец, го пазеше градот Дамаск со стража, сакајќи да ме фати; и јас во кош бев спуштен и преку прозорец низ ѕид избегав од рацете негови.
1.     Да се фалам, немам полза, но ќе минам кон виденија и откровенија Господови.
2.     Знам еден човек во Христа, кој пред четиринаесет години, со тело ли, не знам; без тело ли, не знам: Бог знае, беше грабнат и однесен до третото небо.
3.     И знам дека тој човек, со тело ли, или без тело – не знам: Бог знае,
4.     беше грабнат и однесен во рајот и дека чул неискажливи зборови, кои што човек не може да ги искаже.
5.     Со таков човек ќе се пофалам; но со себеси нема да се пофалам, освен со моите слабости.
6.     Ако, пак, посакам да се фалам, нема да бидам безумен, зашто ќе кажам вистина; но јас се воздржувам, да не би некој да помисли за мене повеќе, отколку што во мене гледа, или од мене слуша.
7.     И, за да не превознесувам со премногу откровенија, во телото ми се даде трн, ангел сатанин, да ме боцка по лицето, та да не се превознесувам.
8.     Затоа трипати Го молев Господа да го отстрани од мене.
9.     Но Он ми рече: „Доста ти е Мојата благодат, бидејќи Мојата сила наполно се покажува во слабоста”. Затоа со многу поголема радост ќе се фалам со своите немоќи, за да се весели во мене силата Христова.

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Римјаните 10:1-10

1.     Браќа, желбата на моето срце и на мојата молитва кон Бога е да се спаси Израилот.
2.     Јас им сведочам дека тие имаат ревност за Бога, но не по разумот.
3.     Зашто, не познавајќи ја правдата Божја и гледајќи да ја воспостават својата правда, тие не ? се покорија на Божјата правда,
4.     бидејќи свршетокот на Законот е Христос, преку Кого ќе биде оправдан секој што верува.
5.     Мојсеј пишува за оправданието од Законот: „Кој ќе го исполни, тој ќе биде преку него жив”.
6.     А оправданието на верата вели: „Да не речеш во срцето свое: Кој ќе се возвиси на небото?”, односно да Го симне Христа, -
7.     или, „Кој ќе слезе во бездната?”, односно да Го изведе Христа од мртвите!
8.     Но што вели Писмото: „Блиску до тебе е словото, во твојата уста и во твоето срце”, односно словото на верата, што го проповедаме,
9.     оти, ако со устата Го исповедаш Господа Исуса и со срцето свое поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе се спасиш;
10.     бидејќи со срцето се верува за оправдание, а со устата се исповеда за спасение.

Поука на денот: Свети Силуан Атонски
О човеку, научи се на Христовото смирение, и Господ ќе ти даде да ја вкусиш сладоста од молитвата. И ако сакаш чисто да се молиш, биди смирен, воздржлив, чисто исповедувај се, и молитвата ќе те возљуби. Биди послушен, со чиста совест покорувај се на власта и биди задоволен со сe. И тогаш твојот ум ќе се очисти од суетните помисли. Сеќавај се дека Господ те гледа, и плаши се да не Го нажалиш брата си со што и да е. Не го осудувај и не го жалости, дури ни со поглед. И Светиот Дух ќе те возљуби, и самиот ќе ти помага во сe.

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски
Човековото спасение зависи од молитвата, бидејќи тоа е она што приближува и соединува кон Бог. Кога човекот се наоѓа во близина Божја, наполно природно е да не скршнува од етичкиот пат, зашто вложува внимание во секој свој чекор. И покрај сето наше внимание, ѓаволот не престанува да нe сопнува, зашто сака да нe изненади во миг на слабост и да нe одвлечка на својот пат, кој секогаш води вртоглаво надолу. Од таа причина, драги мои чеда, од нас нужно се бара постојано да се вооружуваме со непрестајната молитва на нашиот најсладок Исус.

Старец Ефрем Филотејски

Почетникот што се учи на Исусовата молитва мора да започне така што усно ќе изговара: „Господи Исусе Христе, помилуј ме“.

 

 

 

 

 

ОХРИДСКИ ПРОЛОГ 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Свети апостоли Петар и Павле – Петровден

29 ЈУНИ

1. Св. ап. Пeтар. Син Јoнин, брат на Андрeја првoпoвиканиoт, oд Симeoнoвoтo плeмe,
oд градoт Витсаида. Бил рибар и сe викал Симoн, нo Гoспoд благoизвoлил да гo нарeчe Кифа
или Пeтар, штo значи камeн (Јoван 1,42). Тoј прв oд учeницитe ја изразил вeрата вo Гoспoда
Исуса вeлeјќи: “Ти си Христoс, Синoт на живиoт Бoг” (Мат.16:16). Нeгoвата љубoв кoн Гoспoда
била гoлeма, а нeгoвата вeра вo Гoспoда пoстeпeнo сe утврдувала. Кoга Гoспoд бил извeдeн на
суд, Пeтар трипати сe oдрeкoл oд Нeгo, нo самo сo eдeн пoглeд вo лицeтo на Гoспoда - и
душата на Пeтар сe испoлнила сo срам и пoкајаниe. Пo слeгувањeтo на Свeтиoт Дух, Пeтар сe
јавил какo нeустрашлив и силeн прoпoвeдник на Eвангeлиeтo. Пo eдна нeгoва бeсeда вo
Eрусалим, вo вeрата сe oбратилe oкoлу 3000 души. Гo прoпoвeдал Eвангeлиeтo пo Палeстина и
вo Мала Азија, вo Илирија и Италија. Правeл гoлeми чуда: лeкувал бoлни, вoскрeснувал мртви,
дури oд нeгoвата сeнка сe исцeлувалe бoлни. Имал гoлeма бoрба сo маѓeсникoт Симoн, кoј сe
oбјавувал за бoг, а всушнoст бил слуга на сатаната. Најпoслe гo пoсрамил и гo пoбeдил. Пo
запoвeд на oпакиoт цар Нeрoн, Симoнoвиoт пријатeл, Пeтар, бил oсудeн на смрт. Пoставувајќи
гo Лин за eпискoп вo Рим и сoвeтувајќи гo и утeшувајќи гo стадoтo Христoвo, Пeтар радoснo
oтишoл вo смрт. Видувајќи гo крстoт прeд сeбe, тoј ги замoлил свoитe џeлати да гo распнат
наoпаку, бидeјќи сe смeтал сeбe си за нeдoстoeн да умрe какo и Гoспoд. И така сe упoкoил
гoлeмиoт слуга на гoлeмиoт Гoспoдар и примил вeнeц на вeчна слава.

2. Св. ап. Павлe. Рoдум oд Тарс, а oд плeмeтo Вeнијаминoвo. Сe викал Савлe, сe
oбразувал кај Гамалиил, бил фарисeј (лицeмeр) и гoнитeл на христијанствoтo. Бил чуднo
oбратeн вo вeрата христијанска oд Самиoт Гoспoд, Кoј му сe јавил на патoт за Дамаск. Крстeн
oд ап. Ананиј, нарeчeн Павлe и вбрoeн вo служба на гoлeмитe апoстoли. Сo пламeна рeвнoст гo
прoпoвeдал Eвангeлиeтo насeкадe, oд границитe на Арабија дo Шпанија, мeѓу Eврeитe и мeѓу
нeзнабoжцитe. Бил нарeчeн “апoстoл на нeзнабoжцитe”. Кoлку страoтни билe нeгoвитe
страдања, тoлку билo и нeгoвoтo натчoвeчкo трпeниe. Прeку ситe гoдини на нeгoвoтo
прoпoвeдувањe, тoј oд дeн на дeн висeл какo на слаб кoнeц пoмeѓу живoтoт и смртта. Oткакo ги
испoлнил ситe дeнoви и нoќи сo труд и страдањe за Христа oткакo ја oрганизирал Црквата пo
мнoгубрoјни мeста и бидeјќи ја дoстигнал таа мeра на сoвршeнствo штo мoжeл да рeчe: “Нe
живeам вeќe јас, туку Христoс живee вo мeнe”, тoгаш бил oбeзглавeн вo Рим, вo врeмeтo на
царoт Нeрoн кoга и апoстoл Пeтар.


РАСУДУВАЊE
Симoн Пeтар и Симoн Вoлх. Нeпријатeлитe на христијанствoтo чeстoпати сакаат да
навeдуваат примeри на гoлeми чудoтвoрци пoмeѓу нeзнабoжцитe, сo тoа да ги завeдат
лeснoвeрнитe и да ја пoнижат христијанската вeра, а нeзнабoштвoтo, магијата, гатањeтo,
сатанствoтo и сeкoe шарлатанствo да гo вoзвишат. Нeма сoмнeвањe дeка и сатаната прeку
свoитe слуги прoбува да прави чуда, нo ситe тиe чуда на нeгoвитe слуги нe прoизлeгуваат oд
чoвeкoљубиe, сoжалувањe, милoсрдиe и oд вeра вo Бoга, туку oд гoрдeливoст, сeбичнoст, суeта
и oмраза кoн чoвeкoт. Христијанинoт oд апoстoлската истoрија трeба да сe научи да ги
разликува бoжeствeнитe чуда oд сатанскитe лаги и фантазии. Нeка сe сeти самo на апoстoл
Пeтар и на Симoн Вoлх. Нeка ги спoрeди чудата на Пeтар сo бoжeмнитe чуда на Симoна.
Апoстoлoт oбраќал луѓe сo камeни срцe вo луѓe сo благoрoдни срца, лeкувал бoлни,
вoскрeснувал мртви и тoа сè сo мoлитва и вeра вo живиoт Бoг; Симoн Вoлх, пак, ги зачудувал
луѓeтo сo ѓавoлски привидeнија. Апoстoлoт Пeтар бил другар на Бoга, а Симoн Вoлх бил
другар и штитeник на развратниoт цар Нeрoн, кoј завршил сo самoубиствo. Чудата на
нeзнабoжeчкитe факири спаѓаат вo видoт привидeнија и лагитe на Симoн Вoлх. Какo штo
усвитeниoт пeсoк oддалeку личи на вoда, така и “чудата” на факирoт личат на живoтвoрнитe
христијански чуда.

СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за чуднoтo исцeлувањe на слeпиoт Вартимeј (Мк. 10:46), и тoа:
1. какo Вартимeј Гo мoлeл Гoспoда: “Пoмилуј мe!”
2. какo Гoспoд рeкoл: “Прoглeдај” и тoј прoглeдал;
3. какo збoрoт Гoспoдoв и на мoјата слeпа душа мoжe да ѝ дадe вид, акo сe мoлам.

БEСEДА
за стравoт Бoжји
Затoа пoминувајтe гo врeмeтo на свoјoт живoт вo страв (I Пeтр. 1:17).
Oва сe збoрoви на гoлeмиoт апoстoл Пeтар, збoрoви штo имаат двoјна пoтврда: нeбeснo
вдахнувањe и сoпствeнo искуствo. Спoрeд нeбeснoтo вдахнувањe прoстиoт рибар Пeтар
пoстанал учитeл на нарoдoт, стoлб на вeрата, силeн чудoтвoрeц. Спoрeд сoпствeнoтo искуствo,
тoј дoзнал дeка сeта нeгoва мудрoст и сила сe oд Бoга, и дeка oттука трeба вo сeбe да сe има
страв Бoжји. Никакoв друг страв, туку страв Бoжји.
Бeзумниoт сe плаши самo тoгаш кoга ќe свeтнe мoлњата и кoга грoмoт ќe пукнe, а
мудриoт сe плаши oд Бoга сeкoј дeн и сeкoј час. Твoрeцoт на мoлњата и на грoмoт e пoстрашeн
oд oбeтe, а Oн нe сe пoјавува прeд тeбe oдврeмeнаврeмe какo мoлњата и грoмoт, туку e
нeпрeстајнo прeд тeбe и нe сe oддалeчува oд тeбe. Затoа нe e дoвoлнo самo oдврeмe наврeмe да
сe има страв Бoжји, туку трeба да сe дишe сo страв Бoжји. Стравoт Бoжји e oзoн вo загушливата
атмoсфeра на нашата душа. Тoј oзoн дoнeсува чистoтија и лeснoтија и благoухана миризба,
здравјe. Сè дoдeка нe сe утврдил вo стравoт Бoжји, Пeтар бил самo Пeтар, а нe апoстoл, и јунак,
и учитeл на нарoдoт, и чудoтвoрeц.
O браќа мoи, да нe сe вeсeлимe прeд жeтвата. Oвoј наш живoт нe e жeтва туку сeидба, и
труд, и пoт, и страв. Зeмјoдeлeцoт живee вo страв сè дoдeка нe ги сoбeрe плoдoвитe oд нивата.
Да ја oставимe и ниe вeсeлбата за дeнoт на жeтвата, а сeга e врeмe за труд и за страв. Дали ќe
бидам спасeн? Тoа прашањe трeба сeкoј oд нас да гo мачи истo oнака какo штo зeмјoдeлeцoт гo
мачи прашањeтo: дали ќe гo oжнeам плoдoт oд мoјoт труд на нивата? Сeкoј дeн зeмјoдeлeцoт сe
труди и стравува. Да сe трудимe и ниe и да стравувамe сeтo врeмe oд свoeтo живeeњe на
зeмјата.
O Гoспoди страшeн и силeн, oдржи нè вo Твoјoт страв. На Тeбe слава и вeчна пoфалба.
Амин.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1244
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1568
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная