логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 

Светите маченици Агатопод и Теодул

Првиот беше ѓакон, а вториот чтец на црквата во Солун; првиот преукрасен со старечка мудрост, а вториот со младешка девственост. Во времето на Диоклецијановата хајка на христијаните овие двајца беа повикани на суд. Тие се одѕваа со радост и држејќи се еден другиот за рака одеа викајќи: „Ние сме христијани!“ Сите совети на судиите да се одречат од Христа и да им се поклонат на идолите останаа залудни. После долготраен затвор и гладување ги осудија на смрт со потопување во морето. Рацете им ги врзаа наопаку и им обесија по еден тежок камен на вратот, па ги поведоа на потопување. Кога сакаа да го турнат прв Агатопод во длабочината, тој возвикна: „Еве, со второ Крштение се миеме од сите наши гревови и излегуваме чисти пред Христа Исуса!“ Нивните потопени тела морето наскоро ги исфрли на брегот, а христијаните чесно ги погребаа. Свети Теодул во сон им се јави на своите познаници како светол ангел во бела облека и им нареди сиот негов преостанат имот да им го раздадат на сиромасите. Овие прекрасни Христови војници чесно пострадаа за верата во времето на царот Диоклецијан и солунскиот кнез Фаустин во 303 година.

Преподобен Марко Трачески

Се нарекува уште и Атински, според неговото родно место Атина. Кога таму ги заврши високите школи, родителите му умреа. Тој во себе помисли дека благовремено треба да се подготви за чесно заминување од овој свет. Откако им го раздаде имотот на сиромашните, седна на една штица и тргна по морето со тврда вера во Божјата помош и молејќи Го Бога да го одведе на место коешто ќе ѝ биде угодно на Неговата Света волја. Промислителот Бог го одведе во Ливија (или Етиопија), на планината наречена Траческа. На оваа планина Марко се подвизуваше полни деведесет и пет години и не виде таму ниту човек ниту ѕвер. Цели триесет години водеше страшна борба со демоните и се мачеше со глад и жед и жега и мраз. Јадеше земја и пиеше морска вода. После триесет години најжестоко страдање демоните победени побегнаа од него, а ангел Божји почна секој ден да му носи храна во вид на леб, риба и овошје. Пред смртта дојде да го посети Св. Серапион, којшто потоа и го објави житието на овој чудесен светител. Го запраша Марко Серапион: „Има ли денес христијани во светот кои кога би ѝ рекле на оваа гора: „Дигни се одовде и фрли се в море “, тоа и би се случило?“ Во тој миг накај морето се крена планината на којашто седеа самите. А Марко замавна со раката и ја запре. Таква чудотворна сила имаше овој Божји човек. Пред смртта се помоли за спасението на луѓето и Му ја предаде својата душа на Бога. Св. Серапион ги виде ангелите што ја зедоа душата на Св. Марко и раката што се пружи од небото за да ја прифати. Свети Марко поживеа сто и триесет години и се упокои во Господ околу 400 година.

Stefan.V.CHetvtok.jpg

 

Евангелие и поука за 17/04/2015
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Јован 2:12-22

12.     Потоа слезе во Капернаум, Он и мајка Му, и браќата Негови, и учениците Негови; и таму останаа неколку дена.
13.     Се приближуваше Пасха јудејска, и Исус се искачи во Ерусалим;
14.     и ги затече во храмот оние што продаваа волови, овци и гулаби, и менувачите на пари – како седат.
15.     И кога направи бич од врвци, ги истера од храмот сите, и овците и воловите; а на менувачите им ги растури парите и ги испреврти масите;
16.     па им рече на оние што продаваа гулаби: „Носете го тоа одовде, и од домот на Мојот Отец немојте да правите дом за тргување!”
17.     Учениците, пак, Негови тогаш се сетија дека е напишано: „Ревноста за Твојот Дом Ме изеде.”
18.     А Јудејците одговорија и Му рекоа: „Со каков знак ќе ни докажеш дека можеш да го правиш тоа?”
19.     И им одговори Исус и рече: „Урнете го овој храм и за три дена ќе го подигнам.”
20.     А Јудејците рекоа: „Овој храм е граден четириесет и шест години, а Ти за три дена ли ќе го подигнеш?”
21.     Но Он говореше за храмот на Своето тело.
22.     А кога воскресна од мртвите, се сетија учениците Негови дека за ова беше говорел, и поверуваа на Писмото и на зборот, што го беше рекол Исус.

Апостол на денот: Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука 3:1-8

1.     Петар и Јован заедно влегуваа во храмот во деветтиот молитвен час.
2.     Имаше еден човек, фатен уште во мајчина утроба, кого го носеа и поставуваа секој ден пред вратата на храмот, наречена Красна, за да проси милостина од оние што влегуваа во храмот.
3.     Штом ги виде тој Петра и Јована, кога сакаа да влезат во храмот, и од нив запроси милостина.
4.     А Петар се вгледа во него заедно со Јована и му рече: „Погледај нe!”
5.     И тој ги гледаше настојчиво, надевајќи се од нив нешто да добие.
6.     Но Петар рече: „Сребро и злато јас немам, а – што имам, тоа ти давам – во името на Исуса Христа Назареецот стани и оди!”
7.     И како го фати за десната рака, го исправи и веднаш му се зацврснаа стапалата и глуждовите;
8.     и штом скокна, застана и прооди, и влезе во храмот заедно со нив, скокајќи и фалејќи Го Бога.

Поука на денот: Авва Доротеј
"...Знаев еден, браќа мои, којшто доспеа во една толку бедна состојба. Во почетокот, ако некој од браќата говореше нешто, оној плукаше на секого и возвраќаше: „Што е тој? Не постои друг освен Зосим и нему сличните.“Потоа почна и нив да ги потценува и да вели: „Никој не е подобар од Макариј.“Нешто подоцна почна да зборува: „Што е Макариј? Нема подобар од Василиј и Григориј.“ Но малку по ова почна и нив да ги потценува и да вели: „Што е Василиј? Што е Григориј? Нема други, само Петар и Павле.“ А јас му реков: „Навистина, брате, ти и нив ќе ги омаловажиш.“ И верувајте, за кусо време почна да зборува: „Што е Петар и кој е Павле? Не постои никој освен Света Троица.“ Подоцна се возгордеа и против Самиот Бог, така што дојде надвор од себеси. Затоа, должни сме, браќа мои, да се подвизуваме против првата гордост, за да не би западнале малку по малку во совршена гордост."

 

 

Свети Игнатиј Брјанчанинов

Секое духовно делување, бидејќи дар Божји во нас, неизоставно бара наше самоприсилување: зашто присилата е дејствително пројавување и сведоштво на нашата добра волја. Присилата е особено нужна тогаш кога поради паднатата природа или поради злото делување на бесовите, во нас се пројавува некаков гревовен стремеж или немир. Тогаш е неопходно плачните зборови на молитвата да се кажат малку гласно… Oсобено на почетокот на подвигот, уште пред да се стекне плач на духот, зборовите на молитвата треба да се изговараат со плачен глас, за душата која заспала во смртен сон од гревовно пијанство, да се разбуди на гласот од плачот, и сама да го доживее чувството на плач.

 


Holy Martyrs Agathopodus and Theodulus


Agathopodus was a deacon and Theodulus was a lector in the church at Thessalonica. Agathopodus was adorned with the greying of age and Theodulus with youthful understanding and chastity. At the time of Diocletian's pursuit of Christians these two were summoned to court. They responded with rejoicing and holding each other by the hand, they walked along crying out: "We are Christians!" All the advice of the judges that they deny Christ and worship idols, remained in vain. After an extended imprisonment and hunger they were sentenced to death by drowning in the sea. Their hands were bound behind their backs, a heavy stone was hung around their necks and they were led out to be drowned. When they first wanted to toss Agathopodus into the deep, he cried out: "Behold, by this second baptism we are washed of all our sins and in purity do we depart to Christ Jesus." Shortly afterward, the sea tossed their drowned bodies upon the shore and Christians buried their bodies with honors. St. Theodulus appeared to his acquaintances as a bright angel in glistening attire and ordered them to distribute all of his remaining estate to the poor. These glorious and wonderful soldiers of Christ suffered honorably during the reign of Diocletian and the Thessalonican Prince Faustinus in the year 303 A.D.


Venerable Mark of Trache


He is also called "Mark the Athenian" because Athens was the place of his birth. His parents died after he completed his higher education in Athens. He thought to himself that death, even for himself, was unavoidable and that one should sufficiently prepare beforehand for that honorable departure from this world. Distributing all of his possessions to the poor, he sat on a plank in the sea and with a tenacious faith in God's help, prayed that God direct him wherever He wills. God, in His Providence, protected him and brought him to Lybia (or Ethiopia) to a mountain called Trache. Mark lived an ascetical life on this mountain for ninety-five years, seeing neither man nor beast. For thirty years, he waged a violent combat with evil spirits and suffered from hunger, thirst, frost and heat. He ate dirt and drank sea water. After thirty years of the most vehement suffering, the defeated demons fled from him and an angel of God began to bring him food daily in the form of bread, fish and fruit. St. Serapion visited him before his death and, afterward, made known the miraculous life of Mark. Mark asked St. Serapion: "Are there any Christians in the world now, who, if they were to say to this mountain, `Arise from here and hurl yourself into the sea,' would it be so?" At that moment, the mountain upon which they stood moved in the direction of the sea. Mark raised his hand and stopped it. Such was the miracle-working power which this man of God possessed. Before his death, he prayed for the salvation of mankind and then gave up his soul to God. St. Serapion saw angels as they bore Mark's soul and he also saw an extended hand from heaven which received it. St. Mark lived to be one-hundred thirty years old and died about the year 400 A.D.

Saint Ignatius Brianchaninov

A debt remains a debt, and an obligation—an obligation, be even ever greater the number of them who do not practice the Jesus prayer. All give the vow. Yet, neither the multitude of its breakers nor the custom it to be violated legalise this breach. Small is the flock our Heavenly Father wills to grant His Kingdom to. The narrow road has always had few travellers, and the broad one—many. In the last times the narrow road will be abandoned nearly by all, nearly everyone will take the broad way. Out of this does not arise a conclusion that the broad way will lose its characteristic of a road leading to one’s perdition and that the narrow one will become superfluous, needless for salvation. The one who wants to be saved must by all means stick to the narrow road, as it has been clearly handed down to us in our Saviour’s testament.

 

  Ilust.zadete2.jpg

 Извор: Бигорски манастир

 

Св. свш-мч. Агатопод и мч. Теодул; преп. Марко Трачески


5 АПРИЛ


1. Св. маченици Агатoпoд и Тeoдул. Првиoт бил ѓакoн, а втoриoт чтeц на црквата вo
Сoлун; првиoт украсeн сo старeчка пoбeлeнoст, а втoриoт сo мoмчeшка цeлoмудрeнoст. Вo
врeмeтo на Диoклeцијанoвата пoтeра на христијанитe, oвиe двајца билe пoвикани на суд. Сo
радoст тиe сe oдѕвалe, и држeјќи сe eдeн сo друг за рака, oдeлe викајќи: “Ниe смe христијани!”
Ситe сoвeти на судијата да сe oдрeчат oд Христа и да им сe пoклoнат на идoлитe oстаналe
залудни. Пoслe пoдoлгoтo самувањe и гладувањe, билe oсудeни на смрт и тoа сo пoтoпувањe вo
мoрeтo. Тoгаш им ги врзалe рацeтe наoпаку и им oбeсилe пo eдeн тeжoк камeн за вратoт и ги
пoвeлe да ги пoтoпат. Кoга сакалe првo да гo турнат Агатoпoд вo длабoчината, тoј извикал:
“Eвe, сo втoрoтo крштeниe сe измивамe oд ситe наши грeвoви и заминувамe чисти при Христа
Исуса!” Нивнитe пoтoпeни тeла мoрeтo наскoрo ги исфрлилo на брeгoт и христијанитe чeснo
ги пoгрeбалe. Св. Тeoдул им сe јавил на свoитe пoзнаници какo ангeл свeтoл, вo бeла oблeка, и
им нарeдил сиoт нeгoв заoстанат имoт да им гo раздeлат на сирoмаситe. Oвиe прeкрасни
Христoви вoјници чeснo пoстрадалe вo врeмeтo на царoт Диoклeцијан и сoлунскиoт кнeз
Фаустин, вo 303 гoдина.

2. Прeп. Маркo Трачeски. Сe нарeкува уштe и Атински oти Атина му билo рoднoтo
мeстo. Кoга гo завршил висoкoтo oбразoваниe вo Атина, му умрeлe рoдитeлитe. Тoј пoмислил
вo сeбe дeка смртта и за нeгo e нeизбeжна, и дeка трeба да сe пoдгoтвува благoврeмeнo за
чeснoтo излeгувањe oд oвoј свeт. Раздавајќи гo цeлиoт имoт на сираци, тoј сeднал на eдна
штица вo мoрeтo сo тврда вeра вo Бoжјата пoмoш и сo мoлитва Бoг да гo oдвeдe нeкадe спoрeд
Нeгoвата вoлја. И Бoг Прoмислитeлoт гo сoчувал и дoвeл вo Ливија (или Eтиoпија), вo
планината викана Трачeска. На таа планина св. Маркo сe пoдвизувал 95 гoдини, нe видувајќи
ни чoвeк ни ѕвeр. Пoлни 30 гoдини вoдeл страшна бoрба сo лoшитe духoви и сe мачeл: и сo
глад, и сo жeд, и сo мраз и сo жeга. Јадeл зeмја и пиeл мoрска вoда. Пoслe 30 гoдини најжeстoкo
страдањe, пoбeдeнитe дeмoни избeгалe oд нeгo, а ангeл Бoжји пoчнал сeкoј дeн да му дoнeсува
храна вo вид на лeб, риба и oвoшјe. Прeд самата смрт, гo пoсeтил св. Сeрапиoн, кoј пoслe и гo
oбјавил чуднoтo житиe на Маркo Пoдвижник. Гo запрашал Маркo Сeрапиoна дали сeга вo
свeтoт има христијани, кoи кoга би ѝ рeклe на oваа гoра: “Крeни сe oттука и фрли сe в мoрe -
така и да бидe?” Вo тoј час сe пoкрeнала планината, на кoја штo билe, и тргнала кон мoрeтo. А
Маркo замавнал сo раката и ја застанал. Таква чудoтвoрна сила имал oвoј Бoжји чoвeк. Прeд
смртта, сe пoмoлил за спасeниeтo на луѓeтo и Му ја прeдал свoјата душа на Бoга. Св. Сeрапиoн
видeл ангeли какo ја зeлe душата Маркoва и испружeна рака oд нeбoтo, штo ја прифатила.
Пoживeал св. Маркo 130 гoдини и сe упoкoил oкoлу 400 гoдина.

РАСУДУВАЊE

“Живeј така какo да нe пoстoиш на oвoј свeт и ќe имаш мир”. Така му гoвoрeл св. Антoниј
на свoјoт учeник. Чудна, нo вистинита пoука. Најмнoгу бeда и нeмир навлeкувамe на сeбe сo тoа
штo сакамe штo пoвeќe да сe oсeтимe и прeпoзнаeмe вo oвoј живoт. Кoлку пoвeќe eдeн чoвeк сe
пoвлeкува oд свeтoт, кoлку пoчeстo духoвнo гo набљудува oвoј свeт какo да пoстoи бeз нeгo и
кoлку пoсилнo сe задлабoчува вo мислата за свoјата нeпoтрeбнoст на oвoј свeт, тoлку пoвeќe ќe
стoи пoблиску дo Бoга и ќe има пoдлабoк душeвeн мир. Сeкoј дeн умирам, сe кoлнe св. апoстoл
Павлe (I Кoр. 15:31), т.e. сeкoј дeн сe чувствувам какo да мe нeма на oвoј свeт. Нo затoа тoј сo
духoт сe чувствувал сeкoј дeн какo нeбeсни граѓанин. Кoга мачитeлoт Фаустин гo запрашал св.
Тeoдула: “Зарeм нe e пoдабар живoтoт oд лутата смрт?” Тeoдул oдгoвoрил: “Навистина, и јас
така знам дeка e пoдoбар живoтoт oд смртта заради штo и рeшив да гo прeзрам oва смртнo и
краткoврeмeнo живуркањe на зeмјата за да бидам учeсник на бeсмртниoт живoт”.

СOЗEРЦАНИE

Да размислувам завoскрeсeниeтo на Гoспoда Исуса, и тoа:
1. какo зeмјата сe затрeсла при Нeгoвoтo враќањe вo тeлoтo какo и при Нeгoвoтo
раздeлувањe oд тeлoтo;
2. какo ангeлитe сe спуштилe вo грoбoт да Му пoслужат Нeму, какo штo Му служeлe
сeкoгаш кoга Oн тoа гo oдoбрувал.

БEСEДА

за испoлнувањтo на прoрoштвoтo
Oти Ти нeма да ми ја oставиш душата мoја вo пeкoлoт, ниту, пак,
свeтeцoт Твoј да види распаѓањe (Пс. 15:10).
Тoа сe збoрoви на надахнат тајнoвидeц, свeтли збoрoви прoрoчки. Тoа Давид гo збoрува
за Христа Гoспoда, за Нeгoвата душа и за Нeгoвoтo тeлo, т.e. за oна штo e чoвeчкo вo Нeгo. Дeка
oвиe Давидoви збoрoви сe oднeсуваат на вoскрeснатиoт Христoс, тoа гo пoсвeдoчил и апoстoл
Пeтар вo свoјoт прв гoвoр вeднаш пo слeгувањeтo на Свeтиoт Дух (Д.ап. 2:27), бидeјќи вeли: “
Давид умрe, и бeшe закoпан и нeгoвиoт грoб e мeѓу нас дo oвoј дeн”. Нe мoжe oвиe збoрoви да
сe oднeсуваат на Давида, иакo тoј тoа гo кажува за сeбe, туку за нeкoј наслeдник Давидoв пo
тeлo. Давидoвoтo тeлo иструлилo, иструлeлe и тeлата на нeгoвитe наслeдници. Христoс e нeгoв
наслeдник пo тeлo, Кoј ниту oстана вo адoт, ниту пак Нeгoвoтo тeлo видe гнилeж.
Прeдвидувајќи, збoрува (Давид) за вoскрeсeниeтo Христoвo. Навистина сјајнo прoрoштвo!
Навистина чудна видoвитoст! Какo oвиe збoрoви мoралo да звучат нeразбирливo и сe
нeразумни за тoлкувачитe на псалмитe, прeд вoскрeсeниeтo на Гoспoда! Кoга пeчатoт сe
симнува oд грoбната плoча, тoгаш сe симнува пeчатoт и oд мнoгу сoсeма тeмни и нeјасни
прoрoштва. Христoс вoскрeсна, а тајнитe пoстанаа јавe. Грoбната плoча сe дигна нe самo за
Нeгoвoтo свeтo тeлo туку и за мнoгубрoјнитe прoрoчки збoрoви и визии. Христoс вoскрeсна и
прoрoчкитe збoрoви вoскрeснаа. Сo слeгувањeтo вo адoт, Гoспoд ги извeдe душитe на
правeднитe oтци и прoрoци вo нeбeсната свeтлина, а сo Свoeтo вoскрeсeниe ги изнeсe
збoрoвитe и нивнитe визии вo свeтлината на разумoт и вистината.
Христoс вoскрeсна и сè штo e дoбрo, правeднo и вистинскo, прeд и пo вoскрeснoтo утрo,
вoскрeсна.
O вoскрeснат Гoспoди, вбрoј нè и нас вo вoскрeснатитe граѓани на Твoeтo бeсмртнo
царствo! На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 

 


Add comment


Security code
Refresh


Видео содржини

Рецитал посветен на св Кипријан

Мај 06, 2018
Од стихозбирките богољубива поезија Манастирски води на сестринството при Слепченскиот Претеченски манастир посветени на светиот свештеномаченик, игумен на Слепченската обител КИПРИЈАН, по повод…

Промоцијата на „Водич за долговечност” од д-р Митов

Апр 30, 2018
Овој Водич за долговечност се фокусира на најчестите болести кои ни стојат на патот на природниот долг животен век. Тие болести не се семоќни, ниту пак ние сме немоќни пред нив. Медицината на…

Велика сабота: слегување на благодатниот оган

Апр 09, 2018
Велика сабота е посветена на споменот на пребивањето на Господ Исус Христос во гробот, и Неговото слегување во адот. Христос е присутен во гробот со телото, а со духот е присутен во адот, истовремено…

Се симна благодатниот оган

Апр 09, 2018
Денес, Велика сабота 2018 година, во 13:17 часот по македонско време, во Кувуклијата во Ерусалим се симна благодатниот оган. Неговата Светост, Патријархот Теофил III Ерусалимски го предаде на верните…

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (15.05.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (15.05.2018)

Светите маченици Еспер, Зоја, Киријак и Теодул Во времето на царот Адријан (117 г. – 138 г.) незнабожецот Катал ги купи како робови овој Еспер, жена му Зоја и нивните...

Од Верскиот календар на МПЦ (14.05.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (14.05.2018)

Светиот пророк Еремија Роден 600 години пред Христа, во селото Анатот, недалеку од Ерусалим. Почна да пророкува во својата петнаесетта година, во времето на царот Јосија. Им пророкуваше за покајание...

Од Верскиот календар на МПЦ (13.05.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (13.05.2018)

   Светиот апостол Јаков Син на Заведеј, брат на Јован, еден од Дванаесеттемина. Кога Господ Исус ги повика, тој и брат му Јован ги оставија рибарските мрежи и својот татко...

Од Верскиот календар на МПЦ (12.05.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (12.05.2018)

   Свети Василиј Острошки Родум од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од малечок беше исполнет со љубов кон Божјата Црква, а кога порасна отиде во требињскиот...

Од Верскиот календар на МПЦ (11.05.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (11.05.2018)

      Светите апостоли Јасон и Сосипатар и девицата Керкира Тие двајцата беа од Седумдесеттемина апостоли, а Керкира му беше ќерка на некој цар од островот Крф. Јасон и Сосипатар ги...

Од Верскиот календар на МПЦ (10.05.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (10.05.2018)

 Светиот апостол Симеон   Еден од Седумдесеттемина апостоли. Син на Клеопа, којшто му беше брат на праведниот Јосиф, целомудрениот сопруг на Пресвета Богородица. Кога ги виде чудата на Господ Исус, Симеон...

Од Верскиот календар на МПЦ (09.05.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (09.05.2018)

 Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски Зетот на царот Константин, Ликиниј, кој беше оженет со царевата сестра, се преправаше пред великиот цар дека е христијанин, но кога царот му даде да...

Од Верскиот календар на МПЦ (08.05.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (08.05.2018)

Светиот апостол и евангелист Марко        Му беше сопатник и помошник на апостолот Петар, којшто во своето Прво послание го нарекува син свој, не син по тело туку по...

Од Верскиот календар на МПЦ (07.05.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (07.05.2018)

Светиот маченик Сава Стратилат     Овој славен Сава живееше во Рим во времето на царот Аврелијан и имаше војводски чин. По потекло беше Гот. Често ги посетуваше христијаните по затворите и...

« »

Наука и Култура

Мај 15, 2018

СО ДАРУВАЊЕТО ГО ЗАСЛУЖУВАМЕ НАШЕТО ПОСТОЕЊЕ - ТРИФУН КОСТОВСКИ НА 20- ГОДИШНИНАТА ОД НЕГОВАТА ФОНДАЦИЈА

„На сите мои соборци во создавањето на подобар свет им порачувам оти е нужно создавање на филантропска култура“. - Трифун Костовски на денешната свеченост во МАНУ „На човека му е дадено да дарува, пред сѐ себеси. Тоа е единствен начин да раснеме, да го…
Мај 04, 2018

Арт терапија кај децата со аутизам

Во рамките на кампањата на Национална галерија на Македонија под наслов „Ваша приказна, наша историја“ (Your story our HISTORY) која е во знакот наодбележување на нашиот историјат - 70 години постоење, интегрално го проследуваметекстот на проф. д-р Владимир…

Објавен првиот број на „Современост“ за 2018 година

Апр 21, 2018 Литература 154
Списанието за литература, култура и уметност „Современост“ во првиот број за 2018 на 153…

„За и од Киро Глигоров" по повод еден век од раѓањето на првиот претседател

Апр 17, 2018 Литература 128
Насловен „3а и од Киро Глигоров“ тој ги содржи излагањата од конференцијата. „Улогата на…

21. издание на Скопје филм фестивал со ретроспектива на Алфред Хичкок

Апр 16, 2018 Филм, Театар 150
14/04/2018 - 14:12 Вести, КултураНовиот македонски игран филм „Година на мајмунот“ во…

Православен календар

24/05/2018 - четврток

 Св. Кирил и Методиј македонски и сесловенски просветители

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Добредојде Православие.мк

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Последни коментари

Излезе од печат втората книга од едицијата Манастирски води - Лебедот

 

Информации за продажба на книгата „Манастирски води - Лебедот“ може да ги добиете на сајтот на манастирот и преку: s.haritina@yahoo.com или 078 384 867

во Струмица:  075 490 655  и  во Скопје:  070 276 721   Повеќе...

 

Почаевско чудо

Ако некој се помоли од сето срце, тогаш Господ ќе му помогне и ќе го поправи и ќе продолжи по патот на вистината. Во една од посетите на Почаевска Лавра, јас станав сведок на прекрасно чудо, кога пред мои очи се исцели жена која педесет години не можеше да оди бидејќи имаше извиткани нозе. Повеќе...

Архимандрит Георгиј Капсанис

Личноста на архимандритот Георгиј ќе остане во вечно паметење во срцата на оние што го запознале, но генерално и во целата Православна Црква, затоа што преголеми се неговите заслуги за чистотата на верата и за автентичното живеење според неа..Повеќе...

ШТО Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО

Неопходност од повторното соединување со Бога заради спасение. Самиот човек не е во состојба тоа да го направи. Духот Божји го совршува ова во нас заради искупувањето кое го донел Синот Божји. Значи, до кој резултат дојдовте барајќи одговор на прашањето што е потребно за да се врати се во претходниот, првобитен поредок? ..  Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

Протоереј Андреј Ткачев: Примете, јадете

 

Во Рајот Господ им рекол на луѓето да не јадат од дрвото на познанието. А злиот лукавец велел – јадете. Христос вели „јадете“, „пијте од Неа сите“, а злиот говори: „не јадете“, „недостојни сте“, „потребно е долго и тешко да се подготвувате“. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Св.Јован Шангајски - БДЕНИЕ

 

Стојте цврсто на духовна стража, затоа што не знаете кога Бог ке ве повика кај Себе. Во вашиот земен живот бидете секогаш подготвени да му положите сметка. Внимавајте непријателот да не ве фати во неговата мрежа, да не ве измами и предизвика да паднете во искушение. Повеќе...

За Моето име

Взбранной Воеводе победительная