Велики Четврток
 
Главно за овој значаен ден од Страдалната седмица е дека Господ тогаш ги востанови двете суштествени тајни за нашето спасение: Светата евхаристија (на Тајната вечера: „Земете, јадете, ова е телото Мое кое за вас се прекршува за отпуштање на гревовите! Пијте од неа сите. Ова е крвта Моја која за вас и за мнозина се излева за отпуштање на гревовите! Правете го ова во Мој спомен“.) и Исусовата молитва („...Вистина, вистина ви велам: што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви се даде“ (Јован 16, 23). „И што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го направам за да се прослави Отецот во Синот. Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам...“, Јован 14, 13 - 14). Со други зборови, на Велики Четврток почнува светотаинскиот живот на Црквата. Денот започна со Христовите последни поуки за карактерот на љубовта што треба да ја стекнеме ако сме Негови, Неговото смирение; се памти миењето на нозете на апостолите што го направи Сам: „Ако Јас, Господ и Учител ви ги измив нозете, тогаш сте должни и вие еден на друг да си ги миете нозете“ (Јован 13; 14). А заврши со предавството на Богочовекот Исус Христос на првосвештениците и фарисеите, извршено од Јуда Искариот, еден од бројот на Дванаесеттемина најблиски Христови ученици.

Тропар
Кога славните ученици, при миењето на нозете на Вечерата, се просветлуваа, тогаш злочестивиот Јуда, болен од среброљубие, се помрачуваше и на беззаконите судии, Тебе – праведниот судија – Те предава. Душо среброљубива, гледај каде оди да се обеси таквата душа; одврати се од среброљубието на Јуда, кој се осмели да Му направи такви работи на Својот Учител; Господи, Кој си добар за сите, Слава Ти.

Кондак
Откако предавникот зеде леб во рацете, скришно ги пружа и ја прима цената на Оној што со Свои раце го создаде човекот, и Јуда остана непоправлив слуга и измамник.

 

vozdvizenie.jpg 

Икона: Богордица „Неовенлицв цвет“

Свети Никита Исповедник

Роден е во Витинија во градот Кесарија. Неговиот татко Филарет штом се лиши од својата сопруга се замонаши и Никита остана кај баба му, мајката на татко му. Откако порасна и заврши со изучувањето на науките појде во Мидикискиот манастир, каде што игуменот Никифор го потстрижа за монах, а по седум години подвиг патријархот Тарасиј го ракоположи за јеромонах. По смртта на Никифор и на Никитиниот верен другар Атанасиј, братството го избра Никита за игумен, а тој тоа го прими наспроти својата волја. Свети Никита им беше светол пример за живот и подвиг на браќата цела низа години. Но кога се зацари царот Лав V Ерменин, после благочестивата Ирина и правоверните цареви Никифор и Михаил, иконоборната ерес повторно се распали. Царот го симна патријархот Никифор и го испрати во прогонство, а на негово место го воздигна еретикот Теодот Каситер, човек со нечист живот. Беше затворен и мачен и Никита, но тој не се поколеба во Православието. Го носеа од затвор во затвор, го мореа со глад и со жед, со мраз и со пот и подбив. Но не даде да се расколеба. Особено му здодеваше еден Никола со потсмеви и навреди. Една ноќ на Никола му се јави неговиот покоен татко во сон и прекорно му рече: „Отстапи од Божјиот слуга!“ Од тој миг Никола се покаја и не само што повеќе не му здодеваше на светителот туку и другите ги одвраќаше да не му здодеваат. Кога царот Лав Ерменин загина со зла смрт, царството го презеде царот Михаил Валвос, а тој ги ослободи православните страдалници. Никита се повлече во едно осамено место близу Цариград, каде последните денови од неговиот земен живот ги помина во молитва и благодарење. Кога умре телото му го пренесоа во неговиот манастир. При оваа поворка мнозина болни коишто се допреа до неговото тело се исцелија. Моштите му беа положени до гробниците на неговиот духовен отец Никифор и другар му Атанасиј. Овој голем јерарх се упокои во Господ во 824 година.

Свети Павле Неволник

По потекло Русин. Во младоста заробен од Турците. Не сакаше да се потурчи и да ја предаде верата Христова, па го мачеа и го убија во Цариград во 1683 година.

Светиот маченик Улпијан

Момче од градот Тир. Мачен за Христа од началникот Урбан, мачителот на Св. Амфијан (2 април). Најпосле го врзаа во вреќа заедно со еден пес и една змија и го фрлија во морето. Пострада и се прослави во 306 година.

 

Евангелие и поука за 16/04/2020

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 26:1-20

1.     И кога ги заврши Исус овие зборови, им рече на учениците Свои:
2.     Знаете дека по два дни ќе биде Пасха и Синот Човечки ќе биде предаден на распјатие.
3.     Тогаш првосвештениците и книжниците, и старешините народни се собраа во дворот на првосвештеникот, по име Кајафа,
4.     и се советуваа како да Го фатат Исуса со измама и да Го убијат;
5.     но рекоа: „Само не на празникот, за да не стане бунт во народот.”
6.     А кога беше Исус во Витанија, во куќата на Симона Прокажениот,
7.     се приближи до Него една жена, која носеше шише со скапоцено миро, и го изли врз главата Негова, кога Он седеше на трпезата.
8.     И штом го видоа тоа учениците Негови, се расрдија и рекоа: „Какво е тоа растурање?
9.     Оти тоа миро можеше да се продаде многу скапо и парите да се разделат на сиромаси.”
10.     Но Исус, разбирајќи го тоа, им рече: „Зошто ја буните жената? Таа направи добро дело за Мене;
11.     оти сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш;
12.     таа, изливајќи го тоа миро врз телото Мое, Ме приготви за погребение.
13.     Вистина, ви велам: каде и да биде проповедано ова Евангелие по цел свет ќе се прикажува за нејзин спомен и тоа што го направи таа.”
14.     Тогаш еден од дванаесетте, по име Јуда Искариот, отиде при првосвештениците
15.     и рече: „Што ќе ми дадете, па да ви Го предадам?” А тие му предложија триесет сребреници.
16.     И оттогаш тој бараше погодно време да Го предаде.
17.     А во првиот ден на празникот Бесквасници пристапија кон Исуса учениците и Му рекоа: „Каде сакаш да ти приготвиме да јадеш пасха?”
18.     Он им рече: „Одете в град при тој и тој човек и кажете му: »Учителот вели: времето Ми наближи, при тебе ќе ја прославам Пасхата со учениците Свои.«“
19.     Учениците направија како што им заповеда Исус и ја приготвија пасхата.
20.     Штом се стемни, Он седна на трпезата со дванаесетте.

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Јован 13:3-17

3.     Исус, знаејќи дека Отецот сe Му предал во рацете и дека од Бога излегол и дека при Бога оди,
4.     стана од вечерата, ја соблече својата горна облека и кога зеде крпа, се препаша;
5.     потоа истури вода во сад за миење и почна да ги мие нозете на учениците и да ги брише со крпата, со која што беше препашан.
6.     Дојде и при Симона Петра, а тој Му рече: „Господи, Ти ли ќе ми ги миеш нозете?”
7.     Исус одговори и му рече: „Јас што правам сега, ти не знаеш, но подоцна ќе разбереш.”
8.     Петар Му рече: „Никогаш Ти нема да ми ги измиеш нозете мои!” Исус му одговори: „Ако не те измијам, нема да имаш дел со Мене.”
9.     Симон Петар Му рече: „Господи, тогаш не само нозете мои, туку и рацете и главата.”
10.     Исус му одговори: „На измиениот треба само нозете да му се измијат, оти е целиот чист; и вие сте чисти, но не сите.”
11.     Бидејќи Он знаеше кој ќе Го предаде, па затоа и рече: „Не сите сте чисти.”
12.     А кога им ги изми нозете, ја облече облеката и седна пак на трпезата, па им рече: „Знаете ли, што ви направив?
13.     Вие Ме наречувате Учител и Господ; и право велите, бидејќи Јас сум таков.
14.     Ако, пак, Јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете, тогаш и вие сте должни еден на друг да ги миете нозете.
15.     Затоа ви дадов пример да правите и вие така, како што ви направив Јас.
16.     Вистина, вистина ви велам: нема слуга поголем од својот господар, ниту пратеник поголем од оној што го пратил.
17.     Кога го знаете ова, блажени сте, ако го извршувате.

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 26:21-39

21.     И кога јадеа, им рече: „Вистина, ви велам: еден од вас ќе Ме предаде.”
22.     Тие многу се нажалија и секој од нив почна да Го прашува: „Да не сум јас, Господи?”
23.     А Он им одговори и рече: „Оној што ќе макне со Мене во чинијата, тој ќе Ме предаде.
24.     Синот, пак, Човечки, вистина си оди, како што е напишано за Него; но тешко му на оној човек, преку кого Синот Човечки ќе се предаде; добро ќе беше за тој човек ако не беше се родил.”
25.     А Јуда, што Го предаде, одговори и рече: „Да не сум јас, Рави?” Му одговори: „Ти рече.”
26.     И кога јадеа, Исус зеде леб, го благослови и рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело.”
27.     И како ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: „Пијте од неа сите;
28.     зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролива за мнозина, за опростување на гревовите.
29.     И вам ви велам, оти отсега нема да пијам од овој лозов плод сe до оној ден, кога ќе пијам нов со вас, во царството на Мојот Отец.”
30.     И откако испеаја благодарствена песна, се искачија во Елеонската Гора.
31.     Тогаш им рече Исус: „Сите вие ќе се соблазните заради Мене уште во оваа ноќ; зашто е напишано: »Ќе Го поразам пастирот и овците од стадото ќе се разбегаат.«
32.     А по воскресението Мое ќе отидам порано од вас во Галилеја.”
33.     Тогаш Петар Му одговори и рече: „Дури и сите да се соблазнат заради Тебе, јас никогаш нема да се соблазнам.”
34.     Исус му рече: „Вистина, ти велам: дека оваа ноќ, уште пред да пропее петел, трипати ќе се одречеш од Мене.”
35.     Петар Му кажа: „Ако затреба дури и да умрам со Тебе, нема да се откажам од Тебе.” Истото го рекоа и сите ученици.
36.     Потоа отиде Исус со нив на едно место, наречено Гетсиманија, и им рече на учениците: „Поседете тука, додека отидам онаму да се помолам.”
37.     И кога ги поведе со Себе Петра и двајцата Зеведееви синови, се натажи и почна да тагува.
38.     Тогаш им рече Исус: „Смртно е нажалена Мојата душа; останете тука и видете будни со Мене!”
39.     И како се пооддалечи малку, падна ничкум; се молеше и говореше: „Оче Мој, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; но не како Јас што сакам, туку како Ти.”

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 22:43-45

43.     И Му се јави ангел од небото и Го поткрепуваше.
44.     Па, бидејќи се наоѓаше во внатрешна борба, поусрдно се молеше, а потта Му беше како капки крв, што паѓаа на земјата.
45.     Штом стана од молитвата, дојде при учениците Свои и ги најде заспани од тага.

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 26:40-75;27:1-2

40.     Па дојде при учениците и ги затече како спијат, и му рече на Петра: „Толку ли не можевте еден час да останете со Мене будни?
41.     Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение: духот е бодар, но телото е слабо.”
42.     Отиде пак, повторно, и се помоли, говорејќи: „Оче Мој, ако не може да одмине од Мене оваа чаша, да не ја испијам, тогаш нека биде волјата Твоја!”
43.     И кога дојде, пак ги најде да спијат, оти очите им беа натежнале.
44.     И кога ги остави, отиде и се помоли по третпат, изговарајќи ги истите зборови.
45.     Потоа дојде при учениците Свои и им рече: „Сe уште спиете и почивате! Ете, наближи часот и Синот Човечки се предава во рацете на грешници.
46.     Станете да одиме! Ете, наближи оној што Ме предава.”
47.     Додека Он уште говореше, ете, Јуда, еден од дванаесетте, дојде, и со него многу луѓе со ножеви и колови, испратени од страна на првосвештениците и старешините народни.
48.     А оној, што Го предаваше, им беше дал знак, велејќи: „Кого што ќе Го целивам, Он е, фатете Го!”
49.     И веднаш се приближи до Исуса и Му рече: „Радуј се, Рави!” И Го целива.
50.     А Исус му рече: „Пријателе, зошто си дошол?” Тогаш пристапија, положија раце на Исуса и Го фатија.
51.     И ете, еден од оние што беа до Исуса, протегна рака и извади нож, па како го удри слугата на првосвештеникот, му го отсече увото.
52.     Тогаш Исус му рече: „Врати го ножот на местото негово; зашто сите што се фаќаат за нож, од нож ќе загинат;
53.     или мислиш дека не можам да Го помолам сега Својот Отец, да Ми прати повеќе од дванаесет легиони ангели?
54.     Но, како ќе се исполнат Писмата, ако ова не стане?”
55.     Потоа Исус му рече на народот: „Како на разбојник сте излегле со ножеви и колови, за да Ме фатите. Секој ден седев со вас, поучувајќи во храмот, и не Ме фативте.
56.     Но сето тоа стана, за да се исполнат пророчките писма.” Тогаш сите ученици Го оставија и се разбегаа.
57.     А оние, што го фатија Исуса, Го одведоа при првосвештеникот Кајафа, каде што беа собрани книжниците и старешините.
58.     Петар, пак, одеше по Него оддалеку, до дворот на првосвештеникот; и како влезе внатре, седна со слугите, за да го види крајот.
59.     А првосвештениците и старешините, и целиот Синедрион бараа лажно сведоштво против Исуса, за да Го убијат
60.     и не наоѓаа; и, макар што пристапија многу лажни сведоци, не најдоа. Но најпосле дојдоа двајца лажни сведоци,
61.     и рекоа: „Овој кажа: »Можам да го урнам Божјиот храм и за три дни да го соѕидам.«“
62.     И како стана првосвештеникот, Му рече: „Ништо ли не одговараш? Што сведочат овие против Тебе?”
63.     Но Исус молчеше. А првосвештеникот Му рече: „Те заколнувам во Живиот Бог да ни кажеш: Ти ли си Христос, Син Божји?”
64.     Исус му одговори: „Ти рече! Ви велам пак: отсега ќе Го гледате Синот Човечки како седи оддесно на силата и како доаѓа по небеските облаци.”
65.     Тогаш првосвештеникот ја раскина облеката своја и рече: „Овој хули на Бога! Каква потреба имаме повеќе од сведоци? Ете, сега го чувте Неговото хулење.
66.     Како ви се чини?” А тие одговорија и рекоа: „Заслужува смрт!”
67.     Тогаш Го плукаа в лице и Го удираа по образите, а други Го биеја
68.     и говореа: „Проречи ни, Христе, кој Те удри?”
69.     А Петар седеше надвор во дворот. И се приближи до него една слугинка и му рече: „И ти беше со Исуса Галилеецот.”
70.     Но тој се одрече пред сите, велејќи: „Не знам што зборуваш.”
71.     А кога одеше кон вратата, го виде друга и им рече на оние што беа таму: „И овој беше со Исуса Назареецот.”
72.     И пак се одрече тој со клетва: „Не Го познавам Човекот.”
73.     Малку потоа се приближија оние, што стоеја таму и му рекоа на Петра: „Навистина, и ти си од нив, зашто и говорот твој те издава.”
74.     Тогаш тој почна да се колне, и се заколна: „Не Го познавам Човекот.” И веднаш запеа петел.
75.     И се сети Петар на Исусовите зборови, што му ги рече: „Уште петел пред да пропее, трипати ќе се одречеш од Мене.” Па излезе надвор и плачеше горко.
1.     А кога се раздени, сите првосвештеници и старешини народни направија совет против Исуса за да Го убијат;
2.     и откако Го врзаа, Го одведоа, и Го предадоа на управникот Понтиј Пилат.

Апостол на денот: Прво послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните 11:23-32

23.     А јас го примив од Господа она, што ви го предадов; а тоа е дека Господ Исус онаа ноќ, кога Го предадоа, зеде леб,
24.     и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас; правете го ова за спомен Мој!”
25.     По вечера, исто така, зеде и чаша, па рече:”Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!”
26.     Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде.
27.     Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа.
28.     Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша.
29.     Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово.
30.     Па затоа меѓу вас има многу немоќни и болни, а мнозина и умираат.
31.     Оти, ако бевме се испитувале сами себе, тогаш немаше да бидеме осудени.
32.     Но судејќи нe, Господ нe накажа, за да не бидеме осудени заедно со светот.

Поука на денот: Отец Василиј Гондикакис
Вистината е она што го вкусуваме во литургиското искуство и заедничарење. Ја вкусуваме со душата и телото. Вистината е Господ Кој се прекршува а не се разделува, Кого секогаш Го јадат а никогаш не исчезнува по осветувањето на оние што се причестуваат. Кој е „Лебот Небесен, што го храни сиот свет“. Кој е единствената надеж што го спасува севкупниот човек. Кој е единствената радост што ја озарува сета длабочина и ширина на човековото битие кон непрестајно обновување и обожение.

Свети Силуан Атонски

Апостолите, по Вознесението Господово, се вратија, како што е кажано во Евангелието, со голема радост (Лука 24, 52). Господ знае колкава радост им даде. И нивните души ја доживеаја таа радост. Нивната прва радост беше во тоа, што Го познаа Вистинскиот Господ, Исус Христос. Нивната втора радост е во тоа што Го возљубија Него. Третата, во тоа што го познаа вечниот небесен живот. И четвртата радост е во тоа што тие го сакаа спасението на сиот свет како за себеси. А потоа тие се радуваа оти Го познаа Светиот Дух и видоа како Он делува во нив.

 

Saint Nicetas the Confessor
Nicetas was born in Bithynia in the city of Caesarea. His father, Filaret, after the death of his spouse, was tonsured a monk while Nicetas remained with his paternal grandmother. After reaching maturity and completing all of his studies, Nicetas entered the Monastery of Medikion, where the Abbot Nicephorus tonsured him a monk. After seven years of hardship and mortification, Patriarch Tarasius ordained him a priest (Hieromonk). Following the deaths of Abbot Nicephorus and Athanasius, the faithful companion of Nicetas, the monastic brotherhood elected him as abbot, against his will. St. Nicetas was a holy example and model of life and asceticism to his brethren for many years. When Leo V, the Armenian, was crowned emperor, after the pious Irene and the right-believing Emperors Nicephorus and Michael, the Iconoclastic struggle was again enflamed. The emperor deposed Patriarch Nicephorus and later banished him into exile and, in his place, elevated the heretic Theodotus Cassiteras, a man of impure life. Nicetas was also imprisoned and tortured but he remained steadfast in his Orthodoxy. He was led from prison to prison and suffered hunger, thirst, chills, oppressive heat and ridicule. He did not permit himself to waver. What particularly annoyed him was the laughter and scorn of a certain Nicholas. One night, Nicholas' deceased father appeared to him in a dream and rebuked Nicholas saying: “Withdraw from Nicetas, the servant of God." From that moment on Nicholas repented and did not annoy the saint anymore and turned others away from annoying him also. When Leo V, the Armenian, met with a wicked death, the empire was taken over by the Orthodox Emperor Michael, the Stammerer, who liberated all the Orthodox sufferers. Nicetas then withdrew to an isolated place near Constantinople, where in prayer and thanksgiving to God for all, spent the remaining days of his earthly life. During his lifetime he worked many miracles through prayer. When he died his body was translated to his monastery. At the time of the funeral procession, many who were ill and who reached out and touched his body were healed. His relics were placed next to the grave of Nicephorus his spiritual father and Athanasius, his companion. This great hierarch died in the year 824 A.D.


Saint Paul, the Sorrowful One


Paul was a Russian by birth. In his youth he was enslaved by the Turks. Not wanting to deny the Faith of Christ and to embrace Islam, he was tortured and slain by the sword in Constantinople in the year 1683 A.D.


Holy Martyr Ulphianus


Ulphianus was a young man from the city of Tyre. He suffered for Christ at the hands of Urban, the mayor of the city of Tyre, who also was the torturer of Amphianus (April 2). Finally, he was tied in a sack along with a dog and a snake and tossed into the sea. He suffered and was glorified in the year 306 A.D.


Elder Ephraim of Philotheou

The prayer sheds grace not only on the person praying, but it also overflows and is diffused, spreading through him to creation. As he breathes in, he is purified, vivified, and sanctified; as he breathes out, he purifies, vivifies, and sanctifies creation—it is not he, but divine grace that accomplishes this.

 

икона: Православие.ру

 

 Ilust.zadete2.jpg

 Извор: Бигорски манастир

 

  Преп. Никита Исповедник

3 АПРИЛ

1. Св. Никита Испoвeдник. Рoдeн e вo Витинија, вo градoт Кeсарија. Нeгoвиoт таткo
Филарeт, лишувајќи сe oд свoјата сoпруга, сe замoнашил, та Никита oстанал кај свoјата баба,
таткoвата мајка. Бидeјќи пoраснал и ги завршил ситe науки, oтишoл вo Мидикискиoт
манастир, кадe игумeнoт Никифoр гo пoтстрижал за мoнах, а пoслe сeдум гoдини труд и
пoдвиг патријархoт Тарасиј гo ракoпoлoжил за јeрoмoнах. Пo смртта на Никифoр и
Никитoвиoт вeрeн другар Атанасиј, братствoтo гo избралo Никита за игумeн, наспрoти
нeгoвата вoлја. Св. Никита им бил свeтoл примeр на живoт и пoдвиг на свoитe браќа низ дoлга
низа гoдини. А кoга сe зацарил Лав V Eрмeнeцoт, пoслe благoчeстивата Ирина и правoвeрнитe
царeви Никифoр и Михаил, икoнoбoрната eрeс пак сe разгoрeла. Царoт гo исфрлил
патријархoт Никифoр и гo испратил вo зарoбeништвo, а на нeгoвoтo мeстo гo издигнал нeкoј
си Тeoдoт Каситeр, чoвeк сo нeчист живoт. И Никита бил затвoрeн и мачeн, нo нe сe пoкoлeбал
вo правoславиeтo. Бил прeнeсуван oд самица вo самица, и мачeн сo глад и жeд, мраз и пoт и
ругањe. Нo тoј нe сe дал да бидe пoкoлeбан. Oсoбeнo му дoсадувал нeкoј Никoла сo пoтсмeв.
Нo, eдна нoќ, на Никoла му сe јавил нeгoвиoт умрeн таткo на сoн и прeкoрнo му рeкoл:
“Oтстапи oд слугата Бoжји!” И oд тoј час Никoла сe пoкајал, та нe самo штo нe му дoсадувал на
свeтитeлoт, туку и другитe ги oдвраќал да нe му дoсадуваат. Кoга сo лoша смрт загинал Лав
Eрмeнeцoт, царствoтo гo прeзeл правoвeрниoт цар Михаил Валвoс, кoј ги oслoбoдил ситe
правoславни страдалници. Никита сe пoвлeкoл вo eднo oсамeнo мeстo близу дo Цариград, кадe
вo мoлитва и вo благoдарeњe на Бoга за сè ги пoминал свoитe пoслeдни дeнoви на зeмниoт
живoт. Направил мнoгу чуда сo мoлитва за врeмe на живoтoт. А кoга умрeл, тeлoтo му гo
прeнeслe вo нeгoвиoт манастир. И при тoј прeнoс мнoзина бoлни сe дoпрeлe дo нeгoвoтo тeлo и
билe исцeлeни. Мoштитe му билe пoлoжeни дo грoбoт на нe гoвиoт духoвeн oтeц Никифoр и
другар му Атанасиј. Oвoј гoлeм јeрарх сe упoкoил вo 824 гoдина.

2. Св. Павлe Нeвoлник. Русин пo раѓањe. Вo младoста бил зарoбeн oд Турцитe. Нe
сакајќи да ја издадe вeрата Христoва и да сe пoтурчи, бил мачeн и исeчeн вo Цариград вo 1683
гoдина.

3. Св. мч. Улпијан. Мoмчe oд градoт Тир. Мачeн за Христа oд началникoт Урбан,
мачитeлoт на св. Амфијан (види: 2 април). Најпoслe заврзан вo врeќа, заeднo сo eдeн пeс и
змија и фрлeн в мoрe. Пoстрадал и сe прoславил вo 306 гoдина.

РАСУДУВАЊE
“Oчeкувам за сeбe илјадапати да умрам” - пишувал св. Атансиј Вeлики на свoјата
паства вo Eгипeт за врeмe на страшната аријанска eрeс. Така мoжe да рeчe за сeбe сeкoј духoвeн
чoвeк, кoј сo духoт прoглeдал и ја видeл мрeжата вo кoја сe наoѓа сeкoја чoвeчка душа на oвoј
свeт. Кoлку e eдeн чoвeк пoдухoвeн, тoлку таа мрeжа e пoгуста. Таква e вoлјата Бoжја -
најдухoвнитe да сe спасуваат пo најтeшкиoт пат. И самиoт Псламoпeвeц, вeли: “мнoгу маки за
правeдникoт”. Нo на крајoт на краиштата сeкoја пoбeда и слава му припаѓа на правeдникoт,
самo трeба да сe наoружа сo вeра и трпeниe. Кoј вeрува, тoј и гo разбира свoeтo страдањe. Кoј ќe
сe заштити сo трпeниe, тoј ќe види пoбeда и слава. На oнoј кoј Гo љуби Гoспoда и најтeсниoт
пат му e дoвoлнo ширoк, и најгoлeмитe маки - му сe лeснo игo, и најбeзумната смрт - му e
свадбeна радoст.

СOЗEРЦАНИE
Да Гo набљудувам Гoспoда Исуса вo адoт, и тoа:
1. какo Oн слeгoл вo адoт сo гoлeма сила oд кoја адoт сe пoтрeсoл;
2. какo прeд Нeгoвoтo лицe бeгаат лoшитe духoви, дoтoгашнитe гoспoдари на адoт;
3. какo сe радуваат нeoписливo на Нeгoвoтo дoаѓањe душитe на правeднитe праoтци и
прoрoци.

БEСEДА
за гoлeмата Бoжја жeлба
Бoг сака ситe луѓe да сe спасат (I Тим. 2:4).
Бoг сака ситe луѓe да сe спасат, па затoа Гoспoд Исус слeзe вo адoт да ги спаси oниe кoи
живeeја на зeмјата прeд Нeгoвoтo дoаѓањe. Бидeјќи, акo Oн нe слeзeшe вo адoт, oгрoмeн брoј на
правeдни души ќe прoпаднeа засeкoгаш. И уштe, акo Oн нe слeзeшe вo адoт, главниoт дoм на
злoбата прoтив Бoга и чoвeчкиoт рoд ќe oстанeшe нeразурнат. Тиe двe причини Гo пoбудија
Христа ¤ивoтoдавeцoт сo душата дe сe спушти вo адoт: првo, да гo разурнe гнeздoтo на адскитe
сили, и втoрo, да ги извeдe oд адoт вo Рајoт душитe на праoтцитe, прoрoцитe, правeдницитe и
правeдничкитe, кoи гo испoлнија стариoт закoн Бoжји и сo тoа Му угoдија на Бoга. Прeд да сe
зарадува сатаната, глeдајќи Гo Христа пoнижeн и на крстoт умртвeн, Христoс сe пoјави жив и
сeмoќeн вo срeдината на адoт, главниoт дoм на сатаната. Каква нeoчeкувана и ужасна нoвина за
сатаната! Три гoдини тoј плeтeшe замки прoтив Христа на зeмјата, а Христoс за три дeна, eвe,
гo разурна нeгoвoтo царствo и гo oднeсe прeбoгатиoт плeн вo вид на рoeви oд правeднички
души.
Ти сакаш ситe луѓe да сe спасат, o Гoспoди! Спаси нè и нас, Ти сe мoлимe, бидeјќи нeма
спасeниe ниту Спаситeл вoн oд Тeбe. Вo Тeбe eдинствeнo сe надeвамe и на Тeбe Eдинствeниoт
Ти сe пoклoнувамe, на Тeбe и Oтeцoт и Свeтиoт Дух, сeга и вeчнo. Амин.