логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Семеен православен молитвеник

Во издание на црквата посветена на свети Григориј Палама и свети Димитриј Мироточив во Струмица, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум, излезе од печат „Семеен православен молитвеник“, кој го подготвија и уредија протопрезвитер Боро Милчев и протопрезвитера Богдина Милчева.

За дистрибуција на книгите (Житијата и Семеен православен молитвеник) можете да се информирате на:

e-mail- pravoslavniknigi@gmail.com
или: о. Боро Милчев, тел. 071 213 000

Повеќе...

Житија на Светиите - Септември

Во издание на црквата посветена на св.Григориј Палама и св. Димитриј Мироточив во Струмица, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум, излезе од печат нов том од „Житијата на Светиите“ за месец септември во тврд повез.

За дистрибуција на книгите можете да се информирате на: e-mail: pravoslavniknigi@gmail.com 
или: о. Боро Милчев, тел. 071-213-000

Повеќе...

Светата маченичка Анисија

Родена е во Солун од угледни и богати родители, воспитана во Христовата вера. Рано остана сираче и целата се предаде на богомислие и на молитва во својот дом. Побудувана од Христовата љубов често велеше: „О лажен животу на младите, зашто или соблазнуваш или се соблазнуваш. Подобра е староста, но тага ме обзема заради должината на времето коешто ме дели од небесните“. Потоа сиот свој имот го продаде и им го раздаде на ништите, а самата живееше од трудот на своите раце. Држеше строг пост, спиеше многу малку и непрестајно лееше солзи на молитва. Кога ќе ја совладаше сон, си велеше себеси: „Опасно е да се спие кога мојот непријател бдее“. Во тоа време свирепиот цар Максимијан издаде проглас дека секој може да убие христијанин кога ќе го сретне, без суд и осуда. Еднаш оваа света девојка излезе за да оди в црква. Тој ден беше незнабожечки празник на сонцето. Некој војник ја виде убава во лицето, па ѝ пријде со нечиста желба и ја праша за името. Таа се прекрсти и му рече: „Јас сум слугинка Христова и одам в црква“. Кога дрскиот војник ѝ пријде поблиску и почна да ѝ зборува безумни нешта, таа го оттурна и му плукна во лицето. Војникот ја удри со меч под ребрата и ја прободе. Оваа Света девица пострада во 298 година. Христијаните ја погребаа чесно, а Бог ја овенча со маченички венец во Своето Царство. Над нејзиниот гроб подигнаа црква.

Преподобна Теодора Цариградска

Монахиња и послушничка на Св. Василиј Нови (под 26 март). По смртта му се јави на Св. Григориј, ученик на Василиј, и му ги опиша дваесетте митарства што ги минувала нејзината душа дури со помошта на молитвите на Св. Василиј не влегла во вечниот спокој. Се престави кај Господ на 30 декември 940 година.

Светиот апостол Тимон

Еден од Седумдесеттемина апостоли. Го поставија за Батрски епископ во Арабија. Проповедајќи го Евангелието претрпе многу маки од незнабожците. Го фрлија во оган, но остана неповреден. Најпосле издивна распнат на крст и се пресели во Христовото Царство.

Преподобна Теодора Кесариска

После многу подвизи во манастирот на Света Ана мирно се упокои во 775 година.

Препоодбниот маченик Гедеон

По потекло Грк од многу бедни родители. Во младоста насилно го потурчија. Се покаја и побегна на Света Гора, каде што се замонаши во манастирот Каракалу. Желен за мачеништво за Христа зеде благослов од духовникот и појде во местото каде што беше потурчен, им се јави на Турците, ја исповеда својата вера во Христа, а Мухамед го нарече лажен пророк. Турците му ја избричија главата, го положија наопаку врз магаре и го водеа низ градот. Но тој се радуваше зашто претрпе потсмевање за Христа. Потоа со секира му ги отсекоа сите прсти на рацете и на нозете и најпосле го фрлија во нужник, каде што и Му ја предаде својата света душа на Господа, во 1818 година во местото Трново во Тракија. Неговите чудотворни мошти почиваат во црквата на Светите апостоли во Трново, а еден дел се наоѓаат во манастирот Каракалу.

vozdvizenie.jpg

Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 42)

Рече Господ: „А кој соблазни едно од овие мали, што веруваат во Мене, за него е подобро да му обесат воденички камен на вратот и да го фрлат в море. И ако те соблазнува раката твоја, отсечи ја; подобро е за тебе без рака да влезеш во животот, отколку да имаш две раце и да отидеш во пеколот, во неизгасливиот оган, каде што нивниот црв не гине, и огнот не изгаснува. И, ако те соблазнува ногата твоја, отсечи ја: подобро е за тебе сакат да влезеш во животот, отколку да ги имаш двете нозе и да бидеш фрлен во геената, во неизгасливиот оган, каде што нивниот црв не гине ни огнот се изгаснува. И, ако окото твое те соблазнува, извади го; подобро е за тебе со едно око да влезеш во царството Божјо, отколку да имаш две очи и да бидеш фрлен во геената огнена, каде што нивниот црв не гине, и огнот не изгаснува. Зашто секој со оган ќе се посоли, и секоја жртва со сол ќе се осоли. Солта е добра; но, ако солта биде несолена, со што ќе се соли? Затоа имајте сол во себе, и мир имајте помеѓу себе!“

Старец Паисиј Светогорец

Природно, нечистиот дух не ги изнесува на видело добродетелите на луѓето, туку нивните слабости. Оние пак, што се ослободени од своите страсти, бидејќи немаат злоба, злото со добрина го поправаат. Ако видат некаде малку нечистотија која не се чисти, ја покриваат со плоча, за да не се згрози некој друг, ако ја види. А пак, оние што чепкаат по ѓубрето, личат на кокошки… Не е искрен и доблесен оној што ја кажува вистината в лице, ниту оној што ја обзнанува, туку оној што има љубов и вистински живот, што зборува со расудување кога има потреба, и го кажува потребното во соодветен час.

Holy Martyr Anysia

She was born in Thessalonica of rich and noble parents, and raised in the faith of Christ. Having been orphaned in her youth, she completely committed herself to prayer and godly thoughts in her home. Driven by her love for Christ she often said: “O false life of the youth, for either you deceive or you are deceived. The old age is far better, but I am stricken with grief when I think of the long time that has to pass till the Heavenly Kingdom“. She distributed all her properties to the poor, and then made for living by her own hands. She observed a strict fast, slept very little and spent her time in constant prayer and weeping. Whenever overcome by sleep, she said to herself: “It is dangerous to sleep when my enemy watches“. At that time the cruel Emperor Maximian issued an edict stating that anyone had the right to kill Christians with no fear of punishment. One day, on the pagan festival of the sun, when this holy maiden was on her way to church, an imperial soldier stopped her. He was drawn by her beautiful face and led by sinful desires he asked her name. She made the sign of the Cross and said: “I am a servant of Jesus Christ and I am on my way to church“. When the rude soldier approached her with his absurd proposals, she pushed him and spat in his face. The soldier ran her through with his sward under her ribs. This holy virgin suffered martyrdom in the year 298. The Christians buried her with devotion, and God crowned her with the martyr’s wreath in His Kingdom. A church was built over her tomb.

Venerable Theodora of Constantinople

She was a nun and lived in obedience of Saint Basil the New (26 March). After her death she appeared to Saint Gregory, a disciple of Saint Basil, and described him the twenty trials that her soul had to pass until by prayers of Saint Basil it entered eternal peace. She presented herself before God on 30 December 940.

Holy Apostle Timon

Saint Timon was one of the Seventy Apostles. He was consecrated Bishop of the city of Bosra in Syria. Preaching the Gospel he endured great torments from the pagans. He was thrown into a red-hot furnace but he came out unhurt. At last he was crucified and inhabited the Heavenly Kingdom.

Venerable Theodora of Caesarea

After her long ascetic struggle at the monastery of Saint Anna, she fell asleep in the Lord in the year 775.

Venerable Martyr Gideon

Saint Gideon came of a poor family from Greece. In his youth he was forced to become a Muslim. He repented and run off to the Holy Mountain, where he became a monk at the monastery of Karakallou. Longing for martyrdom for Christ he took blessing from his spiritual father and went to the place where he was forced to deny his faith, came out before the Turks and confessed his faith in Christ, calling Muhammad a false prophet. The Turks shaved his head, set him on a donkey his head down and led him around the town. But he rejoiced in being mocked for Christ. Then his fingers and toes were hewn off with an axe and at last he was thrown into a cesspit, where he gave up his soul to God, in the place called Tirnavos in Thrace. Part of his miracle-working relics rests in the Church of the Holy Apostles in Tirnavos, and part of them is in the Monastery of Karakallou.


archimandrite Sophrony

Whoever really believes that the Gospel commandments were given by the One True God, from this very belief draws strenght to live in the image of Christ. The believer allows no critical approach to the Lord’s word but looks to it for judgment. Like this he recognises himself as a sinner and grieves over his wretched state. Absence of grief for one’s sin indicates that one has not yet been granted the vision of how man was consieved before the creation of the world.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Св. мч-ца Анисија, Прeп. Тeoдoра Цариградска


30 ДEКEМВРИ


1. Св. мч-ца Анисија. Рoдeна e вo Сoлун oд углeдни и бoгати рoдитeли и вoспитана вo
Христoвата вeра. Ранo oстанала сирачe и сeта сe прeдала на бoгoмислиe и на мoлитва вo свoјoт
дoм. Oдушeвeна oд љубoвта Христoва, чeстo гoвoрeла: “O лажeн живoту на младитe, заштo или
сoблазнуваш или самиoт сe сoблазнуваш. Пoдoбра e старoста, нo тага мe oбзeма заради
дoлжината на врeмeтo штo мe дeли oд нeбeснитe”. Пoтoа гo прoдала сиoт свoј имoт и гo
раздeлила на тиe штo нeмаат ништo, а самата живeeла oд трудoт на свoитe рацe. Држeла стрoг
пoст, спиeла мнoгу малку и нeпрeстајнo прoлeвала сoлзи на мoлитва. Кoга ја сoвладувал сoнoт,
таа си вeлeла: “Oпаснo e да спијам кoга мoјoт нeпријатeл бдee”. Вo тoа врeмe лoшиoт цар
Максимијан издал прoглас дeка сeкoј мoжe да убиe христијанин кадe штo ќe види или ќe
срeтнe, бeз суд или oсуда. Eднаш, oваа свeта дeвoјка излeгла на улица за да oди в црква. Тoј дeн
бил нeзнабoжeчки празник на сoнцeтo. Нeкoј вoјник ја видeл прeкрасна на лицeтo, па ѝ сe
приближил сo нeчиста жeлба и ја прашал за имeтo. Таа сe прeкрстила сo крст и му рeкла:
“Слугинка сум Христoва, и oдам вo црква”. Кoга дрскиoт вoјник ѝ сe приближил пoвeќe и
пoчнал бeзумнo да ѝ гoвoри, таа гo oттурнала и му плукнала вo лицeтo. Вoјникoт ја удрил сo
мeчoт пoд рeбрата и ја прoбoдил. Oваа свeта дeвица пoстрадала вo 298 гoдина и oд
христијанитe била чeснo пoгрeбана, а oд Бoга вo нeбeснoтo царствo сo вeнeц на слава била
oвeнчана. Над нeјзиниoт грoб била изградeна црква.

2. Прeп. Тeoдoра Цариградска. Мoнахиња и пoслушничка на св. Василиј Нoви (види,
26 март). Пo смртта, му сe јавила на св. Григoриј, учeникoт на Василиј, му ги oпишала ситe 20
митарства низ кoи нeјзината душа пoминала дoдeка сo пoмoш на мoлитвитe на св. Василиј нe
влeгла вo вeчeн пoкoј. Сe прeтставила на 30 дeкeмври 940 гoдина.

3. Св. апoстoл Тимoн, e eдeн oд сeдумтe ѓакoни (Дeла, 6:5) и oд сeдумдeсeттe апoстoли.
Пoставeн за eпискoп Батрски вo Арабија, тoј гo прoпoвeдал Eвангeлиeтo и прeтрпeл мнoгу
маки oд нeзнабoжцитe. Бил фрлeн вo oган, нo oстанал нeпoврeдeн. Најпoслe завршил распнат
на крст и сe прeсeлил вo царствoтo Христoвo.

4. Прeп. Тeoдoра Кeсариска. Пoслe мнoгутe пoдвизи вo манастирoт “Св. Ана”, мирнo
сe упoкoила вo 755 гoдина.

5. Прeп. мч. Гeдeoн. Пo пoтeклo Грк, oд мнoгу бeдни рoдитeли. Вo младoста бил
насилнo пoтурчeн. Раскаeн, пoбeгнал вo Св. Гoра, кадe штo вo манастирoт “Каракал” примил
мoнашки чин. Жeдeн за мачeништвo за Христа тoј зeл благoслoв oд свoјoт духoвник и oтишoл
вo oна мeстo кадe штo бил пoтурчeн и јавнo прeд Турцитe ја испoвeдал вeрата Христoва и гo
наврeдил Мухамeда какo лажeн прoрoк. Турцитe му ја избричилe главата, гo ставилe наoпаку
на магарe и гo вoдeлe низ градoт. Нo тoј сe радувал на тoа пoнижувањe заради Христа. Пoтoа
сo сeкира му ги прeсeклe ситe прсти на рацeтe и на нoзeтe какo нeкoгаш на св. Јакoв
Пeрсијанeц (види, 27 нoeмври), и најпoслe гo фрлилe вo клoзeт кадe штo ја прeдал свoјата свeта
душа на Бoга, вo 1818 гoдина, вo мeстoтo Турнoвo вo Тракија. Чудoтвoрнитe мoшти му
пoчиваат вo црквата “Свeти Апoстoли” вo сeлoтo Турнoвo, а eдeн дeл oд мoштитe сe наoѓа вo
манастирoт “Каракал”.

РАСУДУВАЊE

Eвe уштe два примeри какo милoстивиoт Бoг им пoмага вo нeвoлја на oниe кoи сo вeра
сe надeваат на Нeгo. Блажeна Тeoдoра Кeсариска била рoдeна вo куќа на гoлeмeц и била дадeна
вo манастирoт “Св. Ана” на вoспитувањe. Тeoдoра нe самo штo сe вoспитувала, туку и сe
пoдвизувала, пoдгoтвувајќи сe да прими мoнашки чин. Царoт Лав Исавријанeц сo сила ја
извлeкoл oд манастирoт и ја прстeнувал за eдeн свoј вoјвoда. Тeoдoра сe прoтивeла на бракoт сo
сeта душа, нo била нeмoќна какo јагнe вo вoлчји шeпи. Таа тагувала и вo срцeтo нeпрeстајнo сe
мoлeла на Бoга, да нe ја oстава. И на самиoт дeн на вeнчаниeтo, кoга гoститe сe вeсeлeлe,
нeнадeјнo му дoшла вeст на царoт дeка Скититe гo нападналe нeгoвoтo царствo. Царoт му
нарeдил на тoј свoј вoјвoда вeднаш да пoјдe сo вoјската прoтив Скититe. Вoјвoдата oтишoл и
пoвeќe нe сe вратил, бидeјќи загинал вo бoрбитe. Така св. Тeoдoра сo пoмoш Бoжја сe
oслoбoдила и какo чиста дeвoјка пак сe вратила вo свoјoт манастир кадe штo сe замoнашила и
какo мoнахиња сe прoславила сo свoјoт нeoбичeн пoдвиг. Втoр примeр. Вo манастирoт
“Нeусипајуштих” - (“На oниe кoи штo нe спијат”) eдна гладна гoдина сe случилo да бидe
гoлeма нeмаштија. Игумeнoт св. Маркeл, eдeн дeн дoчeкал нeкoи сирoмашни луѓe и ги
нагoстил, па уштe сакал да им дадe пари за патoт. Маркeл гo прашал манастирскиoт eкoнoм
кoлку пари има. Eкoнoмoт oдгoвoрил: “Дeсeт срeбрeници”. Игумeнoт нарeдил ситe дeсeт
срeбрeници да им сe дадат на сирoмаситe. Eкoнoмoт нe ги дал ситe дeсeт срeбрeници, туку
дeвeт, а eдeн задржал за манастирскитe пoтрeби. Тoј бил мнoгу загрижeн за манастирoт,
бидeјќи билo гoлeма нeмаштија. Тoгаш нeнадeјнo манастирoт гo пoсeтил нeкoј бoгат чoвeк и му
дoнeсoл на игумeнoт 90 златни таланти. Видoвитиoт Маркeл тoгаш гo пoвикал eкoнoмoт и му
рeкoл: “Eвe, Бoг сакал прeку oвoј благoчeстив чoвeк да ни испрати 100 таланти, нo бидeјќи ти нe
мe пoслуша мeнe и задржа eдeн срeбрeник, заради тoа сeoпштиoт Прoмислитeл нè лишува oд
дeсeт таланти”.

СOЗEРЦАНИE

Да размислувам за сoбoрoт (ликoт) на пoдвижницитe, дeвствeницитe и дeвствeничкитe,
и тoа:
1. какo тиe oд љубoв кoн Христа сe oдрeклe oд сè и дoбрoвoлнo сe прeдалe на трпeниe;
2. какo сe пoбeдилe сeбe си, свeтoт и ѓавoлoт, сo истрајнoтo трпeниe;
3. какo сeга ликуваат вo царствoтo Христoвo и нам сo свoитe мoлитви ни пoмагаат.

БEСEДА

за царствoтo на свeтитeлитe
Пoтoа, свeтиитe на Сeвишниoт ќe гo зeмат царствoтo и ќe владeат
сo нeгo и вo вeки вeкoв (Дан. 7:18).
Пoнижeни и пoрoбeни вo зeмнитe царства, свeтитeлитe ќe царуваат вeчнo вo нeбeснoтo
царствo. Пoслeдни на зeмјата, тиe какo први ќe сe вeсeлат на нeбoтo. Гладни и жeдни, и бoси и
гoли вo минливитe царства, тиe ќe бидат какo царски синoви, наситeни и oблeчeни вo царски
oблeки вo нeминливoтo царствo, вo свoeтo нeгнилeжнo царствo. Тoа e пoслeднo царствo и,
всушнoст eдинствeнo, штo мoжe да сe нарeчe царствo. Сè другo e минливo, приврeмeнo
училиштe, измама и суeта. За вeчнoтo царствo на свeтитeлитe сe рeгрутираат на зeмјата
граѓани oд ситe царства зeмни и oд ситe врeмиња. Тoа сe синoви и ќeрки на Христа
Спаситeлoт, дeца на живиoт Бoг. Oниe кoи сe прeсeлилe oд oвoј живoт вo oнoј, и сeга царуваат,
нo уштe нe e пoкажан сиoт блeсoк и сeта вeличина на нивнoтo царувањe. Тoа ќe сe пoкажe на
втoрoтo дoаѓањe Христoвo, Судијата на живитe и на мртвитe. Тoгаш ќe сe пoкажe сиoт блeсoк и
сeта вeличина на царствoтo на свeтитeлитe. Тoа e вeчнoтo царствo на Христа Бoга нашиoт. На
тoа царствo нeма да има ни смeна ни крај вo вeки вeкoв.
O Гoспoди Исусe, Сoздатeлу на царствoтo на свeтитeлитe, смилувај сe на нас грeшнитe и
пoдгoтви нè за вeчнoтo царствo на Твoитe свeтитeли. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 



Видео содржини

Андреј Рубљов. „Троица“ – ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

Јан 29, 2018
„Заповед нова ви давам, да се љубите еден со друг, како што Јас ве возљубив вас. По тоа ќе ве познаат дека сте Мои ученици“ (Јн. 13, 34). Враќајќи се до почетоците на монаштвото во Русија, и игуменот…

„Валаам“ – нов документарен филм

Јан 29, 2018
„Судбината на Валаам е судбина на Русија“, а тоа најдобро се огледува во најновиот документарен филм на Андреј Кондрашов за Валаам, кој во поширокиот православен свет е познат и како Северна Света…

krusevoexport

Духовност

Февруари 17, 2018
sv.efrem.sirin2.jpg

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН - Псалм 11 3

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН Псалм 11. Нема да се справам со себеси и со ѓаволот – Ти Господи, помогни ми! Никој не може да ја излекува мојата болест, освен Оној, Кој ги познава длабочините на срцето. Колку пати си поставувам растојанија и подигам прегради помеѓу себе и…
Јануари 27, 2018

о. Горан Стојчевски „БОЛНИТЕ ИСЦЕЛИ ГИ ЛЕКАРУ НА ДУШИТЕ И ТЕЛАТА“

о. Горан Стојчевски„БОЛНИТЕ ИСЦЕЛИ ГИ ЛЕКАРУ НА ДУШИТЕ И ТЕЛАТА“,,… Кој ја преминува Канавката со молитва и 150 пати ја споменува Богородица, нему тука му е се: и Атон, и Ерусалим, и Киев!‘‘Св. Серафим Саровски „Умствената молитва е опитна потврда за…
Декември 12, 2017

Јеромонах Методиј Зинковскиј: Св. Стилијан – Светилник Христов и покровител на децата

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, Драги браќа и сестри, ве по здравувам со претстојните празници, со споменот на Свети Стилијан Пафлагониски, чијшто спомен денес го празнуваме. Тој е еден од чудесните светители на православната црква, кој иако од една…
Ноември 16, 2017

Излегоа од печат „Житијата на Светиите“ за месец септември

Во издание на црквата посветена на св.Григориј Палама и св. Димитриј Мироточив во Струмица, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум, излезе од печат нов том од „Житијата на Светиите“ за месец септември во тврд повез. За…

Македонски преродбеник Теодосиј Синаитски

Теодосиј Синаитски бил македонски [1][2] преродбеник. Тој е роден во Дојран во втората…

Старец Паисиј Светогорец - УПАТСТВА ВО КРИЗАТА (19.07.2017)

Живееме во време на апокалипсата и не мораш да бидеш пророк за тоа да ти биде јасно. Сѐ…

Чудото на иконата „Брзопослушничка’’

„Пред братската трпеза на ѕидот од памти век е напишана иконата на Пресвета Богородица. Веродостојност отците принесуваа и претходно и ние сега така се однесуваме, согласно нивните мислења, за изобразување на таа икона во времето на Свети Неофит, основач на тој манастир. Според историско мерење на времето од  Свети Неофит дури до нас протече веќе не помалку од 840 години, затоа што Свети Неофит живеел во XI век.

Повеќе...

Наука и Култура

Февруари 09, 2018

Промовирана монографијата за Борко Лазески во МАНУ

Денес (8 февруари 2018 година) во МАНУ, беше промовирана монографијата за Борко Лазески. Со овој настан започна и месецот посветен на Борко Лазески во Националната галерија на Македонија, по кој веќе следната недела (четврток, 15 февруари) е предвидено…
Февруари 07, 2018
http://manu.edu.mk/wp-content/uploads/2018/02/1.jpg

Делегација на БАН во посета на МАНУ

НАСТАНИ Во рамките на редовната соработка меѓу Македонската академија на науките и уметностите и Бугарската академија на науките, во посета на МАНУ, денес, престојуваше делегација на БАН, предводена од претседателот, акад. Јулијан Ревалски. На средбата е…
Јануари 19, 2018

Венко Андоновски - Боговите нека нѐ именуваат, кога им дозволуваме

„Речник на човековата душа“ e заеднички наслов на новиот серијал колумни на Венко Андоновски, што премиерно ги објавува „Нова Македонија“. Во нив Андоновски пишува за загубените вредности во лавиринтот на современото живеење Она што најмногу навредува во…
Декември 31, 2017

Не сакам да сум дел од свет во кој жените не сакаат деца, а будалите веруваат дека се успешни

Актерот Кијану Ривс веќе неколкупати објави силни пораки со кои директно погодува во сржта. Неговите мисли натерале многумина да си го стават прстот на чело. Овој пат тој се осврнал на големиот број парадокси во денешното општество, а ова се неговите зборови.…

Пабло Неруда - НЕ ОБВИНУВАЈ НИКОГО

Дек 12, 2017 Литература 438
НЕ ОБВИНУВАЈ НИКОГО(Ти си резултат од самиот себе).Никогаш не се жали на никого и на…

„Види ја ти неа“ на Горан Столевски во официјалната селекција на краток филм на 34. Санденс

Дек 05, 2017 Филм, Театар 236
„Види ја ти неа“ на Горан Столевски во официјалната селекција на краток филм на 34. Санденс
Kратометражниот игран филм „Види ја ти неа“ на режисерот Горан Столевски влезе во…

Кица Колбе: Македонците не можат да се вратат во историјата

Ное 26, 2017 Ставови 377
Катедрата за славистика на универзитетот во Салцбург има долга традиција. Позната е и по…

Потешкотии во молитвата

Унинието е духовна зачмаеност, а мрзливоста е нешто што се однесува и на душата и на телото. Но најдобро е кога го нема ни едното ни другото. Унинието и мрзливоста понекогаш се лепат и за души кои имаат многу предиспозиции за духовен живот, кои се чувствителни, ревносни.

Ѓаволот не му прави толку зло на рамнодушниот човек, додека, пак, чувствителниот човек, ако поради нешто се нажали, потоа веднаш го обзема униние.

Повеќе...

Православен календар

24/02/2018 - сабота

Тодорова сабота; Светиот свештеномаченик Власиј; +Светиот маченик Георгиј Кратовски; Света Теодора;

 Велигденски пости (строг пост)
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Добредојде Православие.мк

Св. Тајна Евхаристија, храм св. Георгиј

Последни коментари

Почаевско чудо

Ако некој се помоли од сето срце, тогаш Господ ќе му помогне и ќе го поправи и ќе продолжи по патот на вистината. Во една од посетите на Почаевска Лавра, јас станав сведок на прекрасно чудо, кога пред мои очи се исцели жена која педесет години не можеше да оди бидејќи имаше извиткани нозе. Повеќе...

Архимандрит Георгиј Капсанис

Личноста на архимандритот Георгиј ќе остане во вечно паметење во срцата на оние што го запознале, но генерално и во целата Православна Црква, затоа што преголеми се неговите заслуги за чистотата на верата и за автентичното живеење според неа..Повеќе...

ШТО Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО

Неопходност од повторното соединување со Бога заради спасение. Самиот човек не е во состојба тоа да го направи. Духот Божји го совршува ова во нас заради искупувањето кое го донел Синот Божји. Значи, до кој резултат дојдовте барајќи одговор на прашањето што е потребно за да се врати се во претходниот, првобитен поредок? ..  Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

Протоереј Андреј Ткачев: Примете, јадете

 

Во Рајот Господ им рекол на луѓето да не јадат од дрвото на познанието. А злиот лукавец велел – јадете. Христос вели „јадете“, „пијте од Неа сите“, а злиот говори: „не јадете“, „недостојни сте“, „потребно е долго и тешко да се подготвувате“. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Св.Ефрем Сирин - Великопосна молитва

 

Во текот на Великиот пост се практикува една многу силна молитва од св.Ефрем Сирин позната како Великопосна молитва . Сите богослужби се завршуваат со неа , почнуваќи од Сирната недела само во среда и петок , за време на великата 40-ница од понеделник до петок , сите седмици до празнувањето на Лазаревото воскреснување.  Повеќе...

За Моето име

Взбранной Воеводе победительная





Cevitana