3.angeli.so.truba

Скопје,14ти мај 2020 г.-храм на св.ап- ли Петар и Павле

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 ВИДЕО

 Во четвртокот, 14 мај 2020 година, на празникот на св.пр.Еремиј, по повод упокојувањето на професорот на Богословскиот фалултет во Скопје, и претседател на Библиското здружение  во Македонија  Петко Златески,  во храмот св.ап-ли Петар и Павле, во скопската населба Ѓорче Петров се отслужи опело за упокоениот професор . На опелото последна почит му одадоа, членот на синодот на МПЦ, Митрополит Кумановско-осоговски г.Јосиф, Епископот Хераклејски г. Климент, арх. д-р Григориј Настески,бројниот верен народ, дипломати, новинари, професори, бизнисмени како и делегација на Католичката црква во Македонија.

 Со опелото чиноначалствуваше Неговото блаженство Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештенство и ѓаконите на Скопската епархија.
Пред испраќањето од црквата, на местото каде проф.Петко ќе го чека второто доаѓање на Христос и Воскресението на мртвите, на присатните за неговиот животен пат беседеше Архиепископот г.г. Стефан.Тој искажа длабоко жалење за смртта на професорот Петко Златески, кој беше исклучително ведра и  хумана личност, пожртвуван и посветен во се што работеше, оставајќи длабоки траги во своето повеќе децениското  работење како со студентите, кај кои беше особено омилен, така и во Библиското здружение како незин прв претседател.

  Бог да го прости и помилува!

Христос Воскресе!

3.angeli.so.truba 

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 

 


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 3.angeli.so.truba

 ++++

Во спомен на проф.м-р Петко Златески, продекан на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје и генерален секретар на Библиското здружение. Редок човек со ведар дух и добра мисла. Даде значаен придонес кон македонското црковно пеење, образованието и издавањето на македонската Библија, Библијата за деца и други дела. Спомените остануваат вечни. Секогаш знаеше да каже по некоја шега, да го извлече најдоброто од секој човек. Редок Богослов. Почивај во мир Драг пријателе, напиша за својот колега проф. д-р Марјан Ѓуровски Проректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски„ и професор на Факултетот за безбедност-Скопје


Возљубен и драг професоре!
Следејќи го примерот на св. ап. Павле кога вели: „Помнете ги и вашите наставници, што ви го проповедаа словото Божјо, и, имајќи го пред очи крајот на нивниот живот, подражавајте ја верата нивна“ (Евр. 13, 7), и ние, Ве помниме како искрен пријател, добар професор, ценет сведок на Евангелието. Иако знаеме дека заминувате при Милостивиот Бог, , сепак, и ние, сеќавајќи се на нашата дружба и соработка, тагуваме поради привремената разделба. Ќе го продолжиме делото што Вие верно го следевте, за и ние, заедно со Вас, да се радуваме со Христос во осмиот невечерен ден!

Бог да Ве прости и помилува!
Ве сакаме!

Студентите од ПБФ ,,Свети Климент Охридски"