Image may contain: one or more people

Дошол млад човек кај духовникот со прашање:
,,Зошто ми се случуваат лоши работи во животот?“
Духовникот се замисли па му стана жал за младиот човек па му рече:
,,Дојди утре дете ,да му се помолам на Бог ноќеска за тебе.“

Кога утредента дојде ,старецот веке го чекаше на вратата.
,,Слушај ме вака сине:

Првиот пат кога доживеа несреќа,кога настрада твојот другар,ти преживеа.
За тоа треба да бидеш благодарен на молитвите на твојата мајка.

Вториот пат кога падна во реката со пријателите,тие се удавија а тебе те најдоа.
За тоа биди и благодарен на твојата побожна баба која цел живот постеше и одеше во црква.

Третиот пат заспа со запалена греалка која го зафати и креветот
Верувам дека ни самиот не се сеќаваш кој те разбуди од сонот.

За тоа мораш да му заблагодариш на твојот татко кој цел живот работеше и мирно ги поднесуваше сите невољи заради тебе .

Се сеќаваш ли на тоа кога за секунда го избегна стеблото додека сечеше дрва?

Една старица на која стално и помагаше да ги внесе дрвата,дури беше жива во солзи ти заблагодаруваше и го молеше Бог за тебе.

Старецот сакаше да продолжи понатаму но младиот човек видно уплашен и изненаден го праша,од каде го знаете сето тоа.

Ми кажа Оној што знае се.

Добрите дела ,љубовта и молитвите во вечноста стојат,оди и ти сине направи нешто за идните твои .

И кога ке наидат тешки времиња,и ладниот ветер на невољите во иднината ќе почне да дува,шепотот на твоите топли молитви , во ладните денови децата ке ти ги чува.

 

24ти април 2020 лето Господово

 

Избор одфб профил на
Ивица Трајковиќ