3.angeli.so.truba

НЕВИДЛИВА БОРБА

Преподобен Aрсениј Бока (1910 -1989) јеромонах, еден од исповедниците за време на комунистичкиот период во Романија. Дипломирал на Богословската академија во Сибиу и на Институтот „Беле Арте" во Букурешт, а истовремено студирал и медицина на Медицинскиот универзитет во Букурешт. По четири месеци поминати на Света Гора, стапил во манастирот Бранковејану, во Самбата де Сус, каде што бил игумен до 1948 Година, а потоа бил преместен во манастирот Прислоп. Во мај 1959 година бил изгонет од манастирот од страна на тогашната власт и неколкупати бил затворан. Откако бил ослободен, не му било дозволено да служи и бил под постојан надзор па Секуритате. Бил исклучително харизматична личност - додека живеел во манастир кај него за совет доаѓале по илјада луѓе дневно, а на неговите Литургии присуствувале и до десет илјади луѓе. Се упокоил на 28 ноември 1989 година.

„МИЛОСТИВ НЕПРИЈАТЕЛ И ПОДМОЛЕН ПРИЈАТЕЛ"

Еднаш кога непријателот на нашето спасeние е поразен од совладувањето на првата и најлесна пречка што тој ја поставил на патот на Божјите воини, гордоста нема да му дозволи да се предаде. Тој поставува втора пречка, користејќи ги телесните гревови, а особено похотата на телото. Телото моли за милост кога ја започнува својата битка за спасение; ова е малигната жалба на бесмртноста. Тоа не смее да се слуша. Мора да биде уништено, во корен, за природата повторно да стане чиста. Поради тоа, Светите отци го нарекуваат телото „милостив непријател и подмолен пријател". Во текот на своето небрежно однесување кон своето спасение, телото ќе се истроши во похот и страсти, во разврат што ќе го распушти, кој ќе му ја одземе контролата на умот или, подобро речено, ќе го тргне умот од неговото управување над телото. Телото тогаш се бунтува против умот и го измачува на сите можни начини. свртувајќи го против Бог, „бидејќи телесното мудрување е непријателство против Бог; на законот Божји тоа не му се покорува. ниту, пак, може". Поради тоа, секој од нас носи бреме на својот грб - нашето тело. Од оваа состојба до состојбата да го направиме нашето тело храм или Црква на Светиот Дух мораме речиси постојано да водиме војна, во текот на сиот живот. Со оглед на тоа дека телото по природа е глуво, слепо и немо, не можеме да го прилагодиме, освен преку работа и глад, кои мораме да ги практикуваме разумно, на начин што е безбеден за нашето здравје. Гладта и работата го скротуваат телото, и тоа повеќе не Му е непријател на Бог. Молитвата и постот го истеруваат злото на похотата и гневот од телото. Гладта ги скротува ѕверовите.
Најмногу се препорачува битката да се води под раководство на опитен свештеник, кој е способен да ги процени нивото, потребата и силата што му се потребни на секој човек за да остане на патот. Тоа значи дека постот мора да се прилагоди според возраста и здравствената состојба - иако постот оздравува многу луге - давајќи повеќе сила за борба со искушенијата. Постот бара умереност. Оние што се втурнале во пост без совет од свештеник да практикуваат умереност, заостануваат на патот на покајанието. Токму поради тие луѓе што брзаат во борбата со своите страсти, Светите отци укажуваат на умереноста како на најголема добродетел, покажувајќи дека многумина од оние што избрзуваат страдаат од премногу пост. Острастената љубов на луѓето кон нивните тела свртува многумина против нивниот духовник, нивниот свештеник. Иако непријателството може да трае кратко, оваа болест некои луѓе ги оттргнува од патот; други, пак, чиј ум е со повредена гордост, го избегнуваат својот духовник, иако совеста им вели дека не смеат да го прават тоа. Во време на смирение, кога секој е искушуван, дури и на овие луѓе им е дозволено да ја надминат втората пречка, наидувајќи на прифаќање во нивната потрага по спасение.

НЕЧИСТО ПОТОМСТВО

Свети Максим Исповедник самољубието го нарекува „првиот потомок на ѓаволот". Тоа е втората пречка што ѓаволот ја подигнува во нас: похотата на телото, што е, всушност, јадрото на гордоста. Спасителот побара од нас да одлучиме дали сме подготвени да се одречеме од себеси во такви моменти, велејќи: „Ако некој сака да врви по Мене. нека се одрече од себе. нека го земе крстот свој и нека оди по Мене" (Лука 9,23). Но, самоодрекувањето го вкусиле од опит само оние што го издигнале својот ум над суетните нешта, се одвоиле од овоземната љубов и ја насочиле својата љубов целосно кон Бог. Со други зборови, ако Бог му помогнал некому да се ослободи од овоземната љубов, Тој ќе му помогне и да се ослободи од врските на самољубието.
Кога со цело срце искрено сакате да ја поминете втората пречка - гревовите на умот, пречка што прави да верувате дека вие сте центарот на универзумот, Бог ја зголемува Својата љубов кон вас. Како резултат на тоа, колку повеќе расте вашата љубов кон Бог. толку поголема станува пречката. Навистина, само Божјата огнена љу6ов може да го уништи човековото телесно самољубие, украсено со гордост, и да го претвори во пепел. согорувајќи го во пламенот на смирението. Вообичаено, не можеме да предвидиме на какви големи опасности може да не изложи самољубието, но можеме да станеме свесни за нив преку согледувањето на грижата што Бог ја покажува кон нас, Кој ни помага во избавувањето и дозволува да не снајдат страдања и маки, се додека не ни се смачи од самољу6ието и не сфатиме дека се овоземно е одвратно; инаку, нема да можеме да умреме за себеси, за да живееме за Бог. Од таа причина, сите Отци бегале од земната слава и биле подготвени да претрпат дури и срам и навреди од други луѓе, и на тој начин го убивале подмолниот изданок на ѓаволот, а ја привлекувале Божјата милост.
Оние што се избавуваат од внатрешната заплетканост во самољубието преку прифаќање на Божјиот дар. и кои ја исповедаат верата. се како странци и туѓинци на оваа земја. Оти, „затоа и воздишуваме, копнеејќи да се облечеме во своето небесно живеалиште" (2 Кор. 5, 2). Поради тоа, мудро употребувајќи го нашето расудување, мораме да го совладуваме телото и да ги умртвиме неговите грешни дела. Зборовите на нашиот Спасител го посведочуваат тоа: „КОЈ ќе ја запази душата своја, ќе ја загуби, а кој ќе ја загуби душата своја заради мене, ќе ја зачува" (Матеј 10, 39). Оттука, сфаќаме дека човекот што повеќе живее по телото отколку по духот ќе го изгуби својот живот. Истите зборови ги слушаме кажани и на друг начин: „Зашто, кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја загуби; а кој ја загуби својата душа заради Мене и Евангелието, тој ќе ја спаси" (Марко 8, 35). Душата има и острастена страна, која, навикната на лошите навики на телото кое живее небрежно, е силно приврзана за своземните задоволства и не сака телото да умре, туку напротив, посакува овој привремен живот да трае вечно. Можеби ова е причината зошто Бог создал толку немирен живот, за на крај човекот да се умори од него. Посиромашните луѓе се многу посреќни од побогатите, бидејќи се ослободени од задоволствата на животот. Богатиот човек вели: „Душо, ти имаш многу добра, приготвени за многу години; јади, пиј и весели се“. Поради тоа, Бог го нарекол „безумник" (Лука 12. 20). Затоа, за да бидеме спасени, мораме да се ослободиме од наклонетоста на душата да биде проголтана од телесни страсти. богатства и овоземни нешта, кои ќе останат овде. Доколку не ја уништиме оваа наклонетост кон овоземното, ќе ја загубиме нашата душа.
Но, се уште не сме ги избегнале замките, бидејќи постојат и луѓе кои со постојан подвиг ја очистуваат својата душа од страстите - а душата си има свои страсти: свое мислење, суета и гордост. Ако човекот се ослободи од овие лажни радости, наместо нив Бог ќе им подари вистински небесни радости. Сега, откако душата е очистена, доаѓа нова опасност: да се вљубиме во нашата душа до толкава мера што таа слабее и на крај станува изгубена. Прекумерна радост, дури и за вистински небесни дарови, може да причини да заборавите дека се уште не сте излегле од ова царство на искушенија. Но, спасената душа е душа која повеќе не живее за себе. туку за бог; тоа е избавена душа која не живее во овој свет. Целото постоење на душата со љубов што извира од неа се одвива околу Бог. Бог прави душата да заборави на своето постоење. а кога душата се враќа во овој свет, таа почнува да се мрази себеси. Свети Јован Богослов ни дава точен поглед на оваа трета фаза од борбата со себеси, следејќи ги божјите зборови: „Кој ја сака душата своја, ќе ја загуби; а кој ја мрази душата своја на овој свет, ќе ја запази за живот вечен" (Јован 12, 25). Ако духовно светиме како сонце, нешто што им се случува само на неколкумина, треба да се потсетиме на нешто: ние, како човечки битија, не му припагаме на овој свет и не треба да ја трошиме својата љубов на овоземни нешта. Кога ќе дојдеме до таков заклучок, тогаш Божјата љубов гори во нас, а ја изгорува и втората пречка што стои на патот што не враќа Дома. Оние што ја презеле контролата над сите свои човечки сили и ги обединиле истите, пренасочувајќи ги од ОВОЈ свет кон Бог, тие ги освоиле и светот и себеси.

превод од англиски: Крум Велков

 

Избор:

ПРЕМИН бр.141/142