„Покајанието има четири степени. Тоа може да биде мало, средно, големо и совршено (евангелско). Незадоволството од себеси, е мало покајание. Срамот од себе и од своите лоши дела и гревови, е средно покајание. Гневот кон себе поради направените гравови, е големо покајание. А да се мразиш самиот себе, тоа е совршено или евангелско покајание.
Никодим бил незадоволен од себеси. Грешниот Захеј се срамел од себеси. Апостолот Петар одрекувајќи се од Господа се гневел на себеси. А грешната жена која со солзи му ги миела нозете на Спасителот се мразела себеси.“