TVIT620


·
             "Тивко и мирно живеење“ е кулминација на интелигенцијата, мудроста и радозналоста, и не знам како подобро да се изразам - заинтересираноста за сè. Смирението не значи да бидеш ни обесхрабрен, ни малодушен, а не значи да бидеш ни фанатик.     

             Смирението е кралска и царска добродетел зашто смирението произлегува од мудроста, од знаењето, од допирот со целосниот живот. Современиот човек е човек кој непрестано скока од една активност во друга. Целата наша цивилизација е енергично „стапување во акција“, а самиот човек се наоѓа токму таму каде беше и пред „стапувањето во акција"....

             Посебни области на глупоста се политиката, религијата, проблемите на образованието, социологија и психологија. Тоа е вистински товар на глупоста на човештвото. Не знам никој кој е професионално поврзан со една од овие области, а да не стапува во акција" будалесто.

 

отец Александар Шмеман

 

fb Simeon Stefkovski

17.06.2023