TVIT235
·✥ .✥ 
Секој од нас барем еднаш дигнал камен,како оние луѓе од времето на Христа кои држеле камен во своите раце за да го фрлат кон жената грешничка. И секој од нас го спуштил, како и тие луѓе, што го спуштиле кога Христос се исправил пред нив и потоа клекнал да ги пишува нивните гревови на прашината.
Оној пак, што сѐ уште не го спуштил и кој е сѐ уште спремен да го фрли кон ближниот свој, нека знае дека токму на тој камен ќе се сопне на патот кон Царството Небесно.
Зашто е напишано:
Проштевајте и ќе ви биде простено!

Простете ми и мене драги ем мили мои!

И Господ Бог нека ни ги прости прегрешенијата на сите нас кои во Него веруваме и Му се молиме, но и се каеме за нашите гревови.


Со камењата градете ја Црквата наместо да ѕидате гробници.

 ✥ .✥

 26ти февруари 2023 лето Господово

ФБ профил на Otec Pimen