TVIT185

Детско – родителски преведувач


Со секое свое дејствување или недејствување, детето сака да ви каже нешто.

Нешто многу важно. Важно е да разбереме, што всушност сака да ни каже.

За тоа служи овој импровизиран  превод на некои детски состојби.



-    Агресивен. Мене ми е многу страв и јас не знам како да се справам со тоа.

-    Премногу активен. Мене ми е страв, имам потреба за правила и заштита.
 
-     Апатичен. Се плашам да не погрешам. Јас се плашам, дека возрасните ќе ја осудат мојата спонтаност и се’ што јас правам.
 
-    Беспомошен. Мене ми е многу пријатно, кога возрасните прават се’ за мене. Така јас се грижам за мама и и помагам да се чувствува себеси потребна.
 
-    Ги тепа родителите. Така јас го изразувам својот гнев кон нив, бидејќи не знам за друг начин. Така и’ соопштувам на мајка ми, дека имам потреба од забрани од неа.
 
-    Има страшни соништа. Кога ми е страв, сликите во мојот сон ми говорат за тоа, од што јас се плашам во реалниот живот.
 
-    Краде. 1. Мене ми недостасува внимание и топлина од блиските. 2. Ми недостасува некоја важна информација, која се однесува на историјата на семејството, моето раѓање. 3. Така го изразувам својот гнев.

-    Зборува многу тивко. Мене ми е страв да се пројавам себеси, да зборувам за своите желби и да се бранам. Се плашам дека како таков нема да бидам примен.
 
-    Зборува лоши зборови. На тој начин проверувам, што може, а што не може, во нашето семејство.
 
-    Ги гризе ноктите. Мене ми е страв и јас се грижам, доживувам силен стрес, кој често е поврзан со одвојување од мајка ми.
 
-    Не умее да се дружи. Јас не знам како да се заштитам себси во општењето со другите и како при тоа да ги испочитувам дргугите. Страв ми е.
 
-    Многу јаде. Се чувствувам вознемирено и јадењето ми помага да се справам со тоа. Со јадењето се обидувам да го заменам недостатокот на емоционалната блискост, која ми е многу потребна.

-    Недоволно јаде. 1. Јас не сум спремен да  “сварам” нешто во нашето семејство (тешкотии со кои се судрило семејството, промените, новите семејни улоги). 2. На таквиот начин се дистанцирам од семејството.

 TVIT186

-    Алчен е. 1. Сметам дека моите нешта по правило ми припаѓаат мене. 2. Ми недостасува емоционална топлина и поддршка.
 
-    Завидува. Се плашам да не испаднам полош од другите и да бидам отфрлен. 


-    Поставува многу прашања. 1. Сега се случува тоа време, кога јас почнав да го спознавам светот. 2. Ми недостасува вашето внимание. 3. Потребна ми е некоја важна информација за себе и своето семејство, која е сокривана од мене.

-    Ика. 1. Еднаш многу важни односи за мене беа прекинати и јас силно се исплашив. 2. Јас се чувствувам виновен за нешто. 3. Мене многу ме притискаат возарасните и јас се плашам да се искажам.

-    Малку игра.  Се плашам да ја пројавам својата спонтаност, се трудам да бидам пријатно дете.
 
-    Игра само игри на гаџети. Јас не умеам да играм со децата, се плашам. Само во компјутерските игри, јас чувствувам, дека нешто можам, само тука сум успешен.
 
-    Каприциозен е. Јас не можам да кажам отворено за себе и своите желби, каприците ми помагаат да постигнам своите цели.
 
-    Мрзлив е. 1. Мене не ми е интересно да го правам тоа, што мене ми го предлагаат. 2. Јас се плашам, дека нема да успеам и дека никој  нема да ме поддржи. 3. Мене ми е пријатно, кога за мене се’ прават другите.

-    Не сака да оди на училиште. 1. Јас не добивам дома доволно поддршка, за да се справам со своите училишни предизвици.  Моите родители имаат преголеми очекувања за моите оценки. 2. Имам проблеми со општењето и незнам како да се справам со тоа.

-    Никого не слуша. 1. Мене во нашиот дом ми недостасуваат последователни и непротивречни правила. 2. Ми недостасува внимание, јас не знам како да постапувам, така што да бидам приметен. 

TVIT21


-    Не сака да оди во градинка. 1. Јас многу се плашам да ја оставам мама сама. Се плашам дека мама нема да може да се справи сама. Јас и самиот се плашам да останам без неа. 2. Има лоша миризба. 3. Страв ми е да ги пуштам другите блиску до себе, се плашам од блиски односи.
 
-    Раздразлив е. Не ми е допуштено да се злосрдам и на тој начин јас  го покажувам својот гнев на другите.
 
-    Премногу фантазира. Многу ми е страв. Мојот измислен свет ми помга да се справам со своите стравови.


Источник: фб страница: “Благостное материнство”.

Преведе од руски: М.Б.

 

 13ти февруари 2023 лето Господово