ЗА СМИРЕНИЕТО
Владета Јеротиќ

TViTer770


Владета Јеротиќ, српски академик, психијатар и автор на многу книги кои обработуваат животни и психолошки теми, остави зад себе многу мудрости што можеме да ги примениме во секојдневниот живот. Во текот на својата кариера се занимавал со човечката душа и ум, а психолошката состојба на човекот често ја поврзувал со духовноста. За тоа можете да прочитате во неговите дела „Психолошко и религиозно битие на човекот“, „Христијанството и психолошките проблеми на човекот“ итн.
              Кога станува збор за добродетелите  кои се вредни за самата личност, Јеротиќ го истакнува смирението како една од најтешките христијански добродетели:
"Може да се случи да видите навидум смирени луѓе, но тоа не значи дека тие навистина го  познаваат смирението. Постојат такви кои се интровертни, кои не се склони кон кавги или бурни реакции. Но, тука треба да направиме разлика, бидејќи тоа не е смирение, вели Владета Јеротиќ.Смирение  е кога ќе надминеш многу работи во себе за кои знаеш дека не се добри, па долго се бориш со нив.Тешко дека воопшто можеш да замислиш вистинско смирение, дури и во некој добар, голем манастир. Имаше религиозни луѓе кои на крајот се плашеа од смртта. Христијанството ни го даде ова како идеал да се обидеме да постигнеме целосен мир, барем за одреден временски период."
          Потрагата по мир е тешка задача на која се посветуваме во текот на животот, но тоа не значи дека треба да застанеме и да престанеме да се трудиме. Кога срцето е исполнето со внатрешен мир, животот е облечен во радост и леснотија. Затоа, иако е тешко да се постигне смирението, треба постојано да работиме на тоа и да го развиваме како наша добродетел.

TViTer769


            Многу умни луѓе и отци зборувале за важноста на смирението, па така отец Тадеј порачувал - „Смирението е божествена особина.Каде што царува смирението, дали се работи за семејството или за друштвените односи, било каде, тоа секогаш излива божествен мир и радост“.
„Смирението е скратено спасение. “ - зборови на Ава Варсонуфиј
            Колку е важно нашето смирение за нас лично, но и за луѓето кои нè сакаат, не потсети и славниот Достоевски: „Смири се, горд човеку, и победи се себеси. Вистината е таму во себе. Ако се победиш себеси. ќе се израдуваш себеси и другите. Ќе почувствуваш радост каква што никогаш не би можел да замислиш!“

Извор: Сенса / За Преминпортал  Симеон Стефковски

 30ти декември 2022 лето Господово