ПО ПАТОТ НА ХРИСТОВИТЕ СТРАДАЊА,
 ПО ПАТОТ ДО ГОЛГОТАТА
Патот на солзите  - VIA DOLOROSA

Patot.do.Golgota
     Патот на тагата и патот на возвишената благодат. Патот на страдањето, срамот и патот на надеж и спасение. Тоа е - Via Dolorosa (Патот на Солзите), по кој тргна на последното земно патување до Голгота нашиот Спасител, Преслаткиот наш Исус.
Христовите страдања започнуваат од местото каде што претходно стоеше Антониевата кула, а денес е  дворот на муслимански мадрасах Омар, каде што Исус бил суден и осуден на смрт од Понтиј Пилат, и патувањето ќе заврши во црквата на Гробот Господов.

Patot.do.Golgota1


           1.Првата станица е во преториумот (во дворот) на правдата на територијата на кулата на Антониј, каде што Исус бил изведен пред Понтиј Пилат. На едната страна од дворот стои обвинителната црква. Во неа се наоѓа уникатната скулптура на која е изобразен Понтиј Пилат како ги мие рацете по осудувањето на Исус Христос, на тој начин покажувајќи дека не е одговорен за Неговата смрт .
,,Пилат, штом виде дека ништо не помага, а буната се зголемува, зеде вода, ги изми рацете пред народот и рече: „Невин сум за крвта на Овој Праведник; мислете му вие!”(Мт. 27;24)

Patot.do.Golgota2
"Тогаш Пилат, сакајќи да му угоди на народот, им го пушти Варава; а Исуса Го бичува и Го предаде да Го распнат.
Војниците, пак, Го одведоа внатре во дворот, односно во преторијата, и повикаа цела чета, (Марко 15: 15-16).

Patot.do.Golgota3
2 . Втора станица - Примање на Крстот

Овде се наоѓа скромен параклист наречен параклист на Бичувањето и на таванот е прикажан Трновиот венец. Овде, на ова место ", Му беше облечена багреницата, пурпурната наметка и Му ставија круна од трње."
Тоа многу убаво е опишано во Евангелието според Јован, Глава( 19; 1,16):
“1. Тогаш Пилат Го фати Исуса и Го бичува.
2. И војниците, кога сплетоа венец од трње, Му го кладоа на главата и Му облекоа багреница,
3. и велеа: „Радуј се, Царе Јудејски!” – и Го удираа по образите.
4. Пилат пак излезе надвор, со трнов венец и багреница. И им рече: „Еве, ви Го изведувам надвор, за да разберете дека не наоѓам во Него никаква вина.”
5. Тогаш излезе Исус надвор, со трнов венец и багреница. И им рече Пилат: „Еве Го Човекот!”
6. А кога Го видоа првосвештениците и слугите, завикаа и рекоа: „Распни Го, распни!” Пилат им рече: „Земете го вие и распнете Го, оти јас не наоѓам во Него вина.”
7. Јудејците му одговорија: „Ние имаме Закон и според нашиот Закон Он треба да умре, +зашто Сам се направи Син Божји.”
8. Кога го чу Пилат овој збор, повеќе се уплаши.
9. И пак влезе во преторијата и Му рече на Исуса: „Од каде си Ти?” Но Исус не му даде одговор.
10. Пилат му рече: „Мене ли не ми одговараш? Не знаеш ли дека имам власт да Те распнам, и власт имам да Те пуштам.”
11. Исус одговори: „Ти не би имал никаква власт над Мене, ако не ти беше дадено одозгора; затоа поголем грев има оној, што Ме предаде на тебе.”
12. Оттогаш Пилат гледаше да Го пушти. Но Јудејците пак викаа, зборувајќи: „Ако Го пуштиш Него, не си му пријател на ќесарот. Секој што се прави цар, противник му е на ќесарот.”
13. Штом го чу тој збор, Пилат Го изведе Исуса надвор и седна на судискиот стол, на местото, што се вика Литостротон, а по еврејски Гавата.
14. Тогаш беше петок пред Пасха, околу шестиот час. И им рече Пилат на Јудејците: „Еве Го вашиот Цар!”
15. Но тие викаа: „Земи, земи, распни Го!” Пилат им рече: „Царот ваш ли да Го распнам?” Првосвештениците одговорија: „Ние немаме цар, освен ќесарот.”
16. И тогаш им Го предаде, за да биде распнат. И Го зедоа Исуса, и Го поведоа.”

Patot.do.Golgota5
3.Станица на Првото Паѓање

На местото каде што паднал и со дланката оставил отпечаток на каменот. Овој камен бил на земјата , но подоцна, за да не биде газен и да се зачува, е ставен на зидот.

Patot.do.Golgota7Patot.do.Golgota6

 Patot.do.Golgota8


На ова место постои  параклист кој е изграден од полски војници во Ерусалим за време на Втората светска војна, со цел да ја покажат нивната  жалост за Исус ".


4 -та Станица на патот до Голготата
Малку подалеку по должината на Виа Долороса, ние ја гледаме четвртата станица - место каде што нашиот Господ Исус Христос се сретна со својата мајка, Пресветата Дева Марија. Овој настан, не е опишано во ниедно од Евангелијата, туку е овековечен по преданијата.
Од оваа станица Богородица, пристапила во пресрет на поворката, и го гледала мачењето на својот Син.

Patot.do.Golgota4

5- та Станица 
На аголот на Виа Долороса и Ел Жар - е петтата станица на Крстот. На ова место, римските војници ги иритирало бавното темпо на движење на нивниот затвореник,па застанале некој земјоделец Симон Киринејски да го носи крстот наместо Исус. Како што е пишано во Светото Писмо:
(Мт. 27;32). На излегување сретнаа еден Киринеец, по име Симон; него го натераа да Му го носи крстот.
(Мк.15;21). И го натераа некој си Симон Киринеец, таткото на Александар и на Руф, кој се враќаше од поле, да му го носи крстот.
(Лк.23; 26). И кога Го поведоа, Го фатија некој си Симон Киринеец, кој се враќаше од нива, и му го кладоа крстот, за да го носи по Исуса.

Patot.do.Golgota9

Patot.do.Golgota10
6-та Станица 
Оваа станица е на местото каде што била куќата на св.Вероника, силна во својата вера неплашејки се излегла и својата шамија ја положила на лицето на Исус за да Му ја избрише крвта која се слевала од трновиот венец по Неговото лице. А како знак на благодарност и благослов за неа , Тој ја удостоил со тоа што на нејзината бела марама се отпечатил ликот Негов.
А св.Вероника е жената која Тој, Господ Исус Христос ја исцелил од долгогодишно крвотечение како што е опишано во Евангелието според Матеј:
,,И ете, една жена, која беше страдала дванаесет години од крвотечение, се приближи одзади и се допре до крајот на облеката Негова.
Зашто си велеше: „Само ако се допрам до облеката Негова, ќе оздравам.”
А Исус, штом се заврте и ја виде, рече: „Не плаши се, ќерко, верата твоја те спаси!” И оздраве жената во тој час”. (Мт. 9;20,21,22)

Patot.do.Golgota11

Patot.do.Golgota12


7-ма Станица . Второто Паѓање Исусово
Патот води до ридот.На височината Исус повторно паѓа, неговото тело било малаксано од бичувањето и измачувањето.
Се искачува на неколку чекори повисоко и застанува на еден мал латински крст, врежан во камен на ѕидот. Веднаш до крстот врежан грчкиот збор Ника.
Ова место се вика Станица на ерусалимските ќерки.

Patot.do.Golgota13
Тоа е 8 –ма Станица
На ова место, Исус ги теши расплаканите и натажени жени со зборовите:
...„Ќерки ерусалимски, не плачете за Мене, туку плачете за себе и за своите деца; (Лк.23;28)
>>А по Него одеа многу луѓе и жени, кои плачеа и ридаа за Него.
Но Исус, кога се заврте кон нив, им рече: „Ќерки ерусалимски, не плачете за Мене, туку плачете за себе и за своите деца;<<(Лк.23;27-28)

Patot.do.Golgota14
Деветaта Станица е на местото на Третиот Пад. Таа се наоѓа надвор од портите на Градот, откако поворката се искачи на врвот на Голгота.

Patot.do.Golgota15

На ова место е зачуван камен на кој во каменот останал отпечаток од стапалото Христово.

Patot.do.Golgota16

Чуда се случувале на целиот пат до Голгота,

но заслепени во своето безумие и бес не ги гледале,

малкумина биле тие кои ги забележале тие чуда.

Patot.do.Golgota17
Останатите пет станици се внатре во црквата на Светиот гроб, изградена на местото на врвот на Голгота, каде што Исус бил распнат на крстот.

Овој храм е изграден од светата царица Елена и нејзиниот син Констатин.
Таа сакала под еден кров да ги стави овие свети места , местото на Распетието, помазанието и погребението. Храмот е граден од камења кои се ископа и од самото место.

Patot.do.Golgota18

---+---


На влезот на храмот од десната страна се наоѓа 10 станица, каде што има мал параклис изграден на местото каде што е тргната облеката на Христос пред распнувањето.

 Patot.do.Golgota19

Patot.do.Golgota20


Следната,11  станица е на местото каде што Тој е прикован на Крстот.

Patot.do.Golgota21

Patot.do.Golgota22

Patot.do.Golgota23

Patot.do.Golgota24

Patot.do.Golgota25

 

Patot.do.Golgota30


12 – станица е на местото на Распетието

Patot.do.Golgota26
         Местото каде што стоел крстот на Исус, e обележано со сребрен диск под жртвеникот,а со црниот мермер дисковите на двете страни ги обележат местата од другите два крста. " А Исус, откако повторно извика со силен глас, го испушти духот. И наеднаш се расцепи црковната завеса на два дела, од горниот крај до долниот; и земјата се затресе; и карпи паднаа;"(Матеј 27: 50-51).
Веднаш под Крстот на каменот има пукнатина, и таа се спушта до параклисот на Адам. По преданието се верува дека Христовата крв е пролеана на челото на првиот грешник на човечката раса. Затоа на иконите на Распетието, во подножјето на крстот е претставен черепот на Адам.

Patot.do.Golgota27

Patot.do.Golgota28

Patot.do.Golgota29

Од левата и десната страна до местото маде што бил ставен Крстот,

под стаклото се гледа автентичната карпа која напукнала кога Христос бил Распнат.

 

Patot.do.Golgota31


13 – станица е на плочата на Миропомазанието.

 Тоа е плочата на која е положено Телото Исусово по симнувањето од Крстот, за да се спреми за погребение.

Patot.do.Golgota33


14 – станица и последна е положувањето во Гробот

Оваа гробница била на Јосиф од Ариматеја, тој бил богат, но поверувал во Христа и затоа ја дал за погребување на Исус.
Во гробот има  две простории: надворешниот простор е наречен параклист на ангелот. Помалиот параклист  е срцето на Светиот Гроб. Тоа е местото каде што лежело Телото на Исус Христос помеѓу петокот вечер и недела взори. Ова место е покриено со бела мермерна плоча. Ова надгробна плоча е најголемата светиња  на христијанскиот свет. Да ги приклониме и ние колената на  ова свето место. Амин.


Patot.do.Golgota34

Patot.do.Golgota35Patot.do.Golgota37

 Patot.do.Golgota36

 Patot.do.Golgota38

 Patot.do.Golgota39

 Patot.do.Golgota40

 Patot.do.Golgota41

 Patot.do.Golgota42

 Patot.do.Golgota43

 Patot.do.Golgota44

 Patot.do.Golgota45

Patot.do.Golgota46


Patot.do.Golgota47

Patot.do.Golgota48

Patot.do.Golgota49

Patot.do.Golgota50

 Patot.do.Golgota51

 Patot.do.Golgota52

 Patot.do.Golgota53



Извор: Правослвие мк