STAREC.KLEOPA1

Најтешката служба за свештенството!

Светата Божествена Литургија!

За да служиш Света Литургија, треба да се трудиш да имаш свет живот. Поинаку не можеш да пристапиш, бидејќи таму е Божествениот оган!

При Светата Литургија, мили деца, да ги научите добро упатствата од „Службеникот". Таму се многу добро дадени.
Да знаете дека на Светата Литургија секое движење, секоја и најмалечка грешка е грев на смрт. Да бидеш со страв Божји, за да не згрешиш на смрт свештенику!

Ако си се причестил со веќе ладни Светињи, тогаш грешиш на смрт. Тоа треба да биде како што е крвта со водата - млака. Светата теплота треба да биде осмиот дел од виното кое се става во Светиот путир. Светата теплота оличува две нешта:
Прво, Крвта и водата потекоа од реброто на Спасителот и символички тоа е врелината на Светите маченици кои го исповедаа Христа. Поради тоа, кога ја ставаме во Светиот путир, велиме:

"Топлота на верата, полна со Светиот Дух. Амин"

Ќе видите дека во текот на зимата Светиот путир е ладен, Светињите се ладни, речиси замрзнуваат онаму каде што црквата многу не се загрева. Ќе ставиш малку теплота, и ако гледаш дека виното не е млако, стави уште малку. Но малку повеќе не можеш, бидејќи, да чува Господ, ако ставиш повеќе теплота, природата на виното се претвора во вода и на смрт грешиш. Или, пак, обратно. Ако ставишповеќе вино, и не ставиш од Светата теплота, тогаш на смрт грешиш.

При собирањето на Светињите од Светиот антиминс потребно е големо внимание. Дали гледаш, брате? Една трошка, колку едно пченично зрно, ако падне од Светиот антиминс да чува Господ, долу, свештеникот треба да пости два дена и да прави 400 метании.
Зар да си играш со огнот на Божеството?

Знаете ли што вели Свети Јован Златоуст?

Почиста од сончевите зраци да биде твојата рака, о свештенику, кога ја започнуваш Светата проскомидија, бидејќи Го прободуваш Синот Божји, и ангелите сакаат да видат таму што прави свештеникот.

Дали гледаш, брате, што е Светата Литургија?

Таа ја претставува целата драма на Крстот и целата тајна на спасението на човечкиот род!

СЕВКУПНАТА ДРАМА НА КРСТОТ И ЦЕЛАТА ТАЈНА НА СПАСЕНИЕТО Е ПРИСУТНА ВО ТЕКОТ НА СВЕТАТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА!

Старец Клеопа Романски

 

 Избор од фб профил на

Dejan Apostolovski