Bogorodica.SHirshaja.Preubava3

НЕПРАВЕДНОСТ КОН САМИТЕ СЕБЕ

Седнуваме и ги анализираме искушенијата што ни се случуваат, неправдата што влегува во нашите животи. И се обидуваме да најдеме решенија. Веројатно се советуваме со некои луѓе на кои им веруваме за да најдеме одговори на нашите прашања.

Има многу луѓе кои се „удавени“ од неправдите и здробени од искушенијата на животот. Тие одат кај својот свештеник во потрага по одговори. Тие, исто така, се обидуваат да ги испросат неговите молитви за да го запрат тоа „неправедно зло“ што ги мачи.

Секако никој од нас не сака да страда, никој не сака да претрпи маки, неправди, клевети, искушенија, болка, предавства, измами. Сепак, некои од овие работи се неизбежни - во одреден период од животот ќе мора да ги вкусиме. Сепак, не сакаме да ја прифатиме оваа реалност. Ние веруваме дека никакво „зло“ не треба да ни се случи нам. Затоа дојдовме до тој момент - ако некое искушение чука на нашата врата - да го хулиме Бога, нарекувајќи го неправеден и немилосрден.

Од луѓето што се исповедаат кај мене дојдов до заклучок дека сите искушенија што доаѓаат во нашите животи се или предизвикани од нас самите со изборот на живот што го водиме, или се наменети за да не одржат духовно здрави. За жал, во првиот случај, луѓето одбиваат да ја видат нивната вина, одбиваат да ја преземат одговорноста за нивниот избор, а единствената работа што ја прават е да ги обвинуваат другите - да го обвинуваат Бог, животот, државата. Бидејќи тие одбиваат да прифатат дека го предизвикале во себеси „злото“ што им се случило. Во вториот случај, луѓето не сметаат дека паднале во духовна летаргија, така што им треба духовен будилник за да се разбудат, да се опорават, да се смират, да престанат да живеат нурнати во формалното и површно хриистијанство.

Еден ден дојде кај мене една девојка на исповед. Таа сакаше да се избори со неправдите, искушенијата и грижите. И реков да ја вклучи молитвата во нејзиниот живот откако таа самата ми призна дека никогаш не се молела и ретко одела во црква затоа што верувала на свој начин. И дадов кратко правило за молитва кое ќе го практикува секој ден. На крајот од нашиот разговор, таа ме праша: „Па, ако се молам со оваа молитва секој ден, неправдите и искушенијата ќе попуштат?“ Таа не сфати ништо што јас кажав претходно. Јас и одговорив:

- Не, тие нема да се исчезнат. Се разбира, се молиме дека сè ќе биде добро, но нашата молитва главно е да го промениме нашиот став кон нештата (ова го прочитав некаде, но не се сеќавам каде).
Таа ме погледна во зачуденост, скоро разочарана, но не можев да и ветам ништо друго освен вистинските зборови на Свети Јован Златоуст: „Дали сакате, човеку, да живеете духовен живот, подгответе се за искушение“.

За жал, скоро сите не сакаме да ја прифатиме оваа голема вистина - дека Црквата, со начинот на живот што ни го нуди, не ги брише искушенијата, проблемите и неправдите во нашите животи, туку нè тера да ги гледаме поинаку. Црковниот начин на живот му помага на човекот секое искушение да го види како можност за духовен раст; ако гледаме на секое искушение како проклетство (заради нашата себичност), природно е да се реагира на тоа со кукавичлук и да ни создава тага.
Од една страна, се восхитуваме на светците, а од друга страна, ги забораваме искушенијата и неправдите што ги издржаа до крајот на животот. Им се молиме на светиите не да ги гледаме работите како што тие ги гледале, туку да престане секое искушение, секое „зло“ за кое мислиме дека неправедно ни се случува во животот.
Конечно мора да разбереме дека целта на црковниот начин на живот не е магично да спречиме било какво „зло“, туку да се преобразиме во луѓе кои не живеат „сега“, туку да го видат она што следи „после“.

Можеме ли да зборуваме за неправда? Дали би се осмелиле да се пожалиме кога самиот Господ, прикован на Крстот, им простил на своите измачувачи? Можеме ли да зборуваме за неправда кога единствениот Невин во историјата беше обесен на Крстот? Во кој Христос конечно веруваме? Во еден Христос, Кој ги распнува другите - оние кои му згрешиле, го клеветиле и го повредиле, или во вистинскиот Христос, Кој бил распнат од луѓе, но никогаш не престанал да ги сака?

Ако инсистираме на логиката на самооправдување, на негативниот пристап кон секое искушение, на амнестијата на секој наш грев (што обично предизвикува страдање), ова е доказ за скаменување на нашето срце, на нашето светско размислување, непокајаност, егоизам и себељубие што нè заслепуваат. за да не видиме дека на крај си правиме најголема неправда кон самите нас.

Автор: архим. Павел Пападопулос


Превод: Константин Константинов / Богоносци.бг
обработка на македонски јазик: Симеон Стефковски

 Image may contain: 2 people, indoor

Избор од фб профил на

Simeon Stefkovski

 21мај 2020 лето Господово