7.Vselenski.sobor

Икона на Мајката Божја која што се наоѓа во келијата на Свети Нектариј Егински на островт Егина во Грција, и која е направена на Света Гора специјално за него по Божјо видение. За ова икона тој ја напишал химната за Богородица "Света Дево, Владичице, Нескверна Богородице Радуј се Невесто Неневесна .... ".
Од иконата се шири огромна благодат и благоухание,

 

 Избор од фб профил на:

Тимотеј Соколов Македонски

 

Господи, услиши ја молитвата моја, чуј го молењето мое поради Твојата вистина; услиши ме поради Твојата правда
и не влегувај во суд со Твојот слуга, зашто пред Тебе нема да се оправда ниту еден од живите. Непријателот ја прогонува
душата моја, го понизил животот мој дури до земјата, ме остави во темнина κаκо оние κои се одамна умрени; опадна во
мене духот мој, се вознемири во мене срцето мое. Се сетив на дамнешните дни и размислував за сите Твои дела, расуду-
вав за делата на Твоите раце. Ги протегнав κон Тебе рацете мои, душата моја е жедна за Тебе κаκо сува земја. Услиши ме,
посκоро, Господи: духот мој малаκса; не одвраќај го лицето Свое од мене, за да не заприлегам на оние, што слегуваат
во гроб. Соопшти ми ја утрената милост Твоја, зашто на Тебе се надевам, Господи. Поκажи ми го, Господи, патот по κој да
одам, зашто κон Тебе ја вознесувам душата своја. Избави ме, Господи, од моите непријатели, зашто при Тебе прибегнав.
Научи ме да ја исполнувам волјата Твоја, зашто Ти си мојот Бог. Твојот благ дух неκа ме води по прав пат. Заради Твоето
име, Господи, ќе ме оживиш; поради Твојата правда – ќе ја избавиш од неволја душата моја. Според милоста Твоја ис-
треби ги непријателите мои и погуби ги сите, κои ја измачуваат душата моја, зашто јас сум слуга Твој.

 

evpraksija.oso13.jpg

 Книгата Псалми, на еврејски „книга на пофалби“ за сите луѓе од Стариот завет беше најпогодна молитвена книга. Господ ја употребувал во Својата молитва со учениците(Марко 14,26), затоа и Црквата, сосема природно, ја прифатила. Секоја богослужба вклучува пеење или читање од некои псалми. Исто така, и во Новиот завет некои псалми добиле привилегиран карактер во Литургијата;ги читаме како пророштво за тајната Христова. Тоа е случајот со псалмот 2 „Господ ми рече: Ти си  мој Син, Денес  јас  те родив „, со псалмот 67 „Нека воскресне Бог, и нека се разбегаат непријателите Негови„ и уште други. Најпосле, псалтирот стана вистинска школа на лична молитва за христијаните. Вдахновена од Светиот Дух, оваа книга навистина, не` учи да Му зборуваме на нашиот Бог, да Му ја изразуваме нашата благодарност, нашата радост, нашата жалост, нашиот страв, нашата желба да ја извршуваме Неговата волја и Неговите зборови да ги спроведуваме во дело.

Друго:

Псалтир - реиздание (24.02.2017) ...

ПРЕПОДОБЕН ЕФРЕМ СИРИН- ПСАЛТИР ...

Акатистот и византиската химнографија

 http://www.pppe.mk/tag/sveti-nektarij-eginski/