Има четири добродетели, кои ја прават душата чиста. Тоа се: молчењето, извршувањето на заповедите, самоограничувањето и смирената мудрост.

Од следните четири добродетели умот има секогаш потреба.
Да Му се молиме на Бога,
- да паѓаме секогаш ничкум пред Него,
- да не се вознемируваме за сметка на некој човек
- што е тој и каков е и да не го осудуваме,
- да бидеме глуви за она што ни говорат нашите страсти.

Овие четири добродетели како бедем ја оградуваат човековата душа ѝ даваат сила спокојно да ги поднесува страдањата кои ѝ ги причинуваат нејзините непријатели.

Тоа се: милоста, негневливоста, долготрпеливоста и исфрлување на секое гревовно семе што се наоѓа во неа; а сите нив ги запазува заборавањето.

Преподобен авва Исаиј

 

 Избор од фб профил на

Светланка Трајчева