логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

1. Основна цел на постот е очистување на душата и телото на оној што пости. Василиј Велики го нарекува постот „лекарство, кое го искоренува гревот“. Најпрво, постот ги очистува телесните чувства и го умртвува сластољубието. Додека стомакоугодувањето и слугувањето на својот желудник го хранат плотското беснеење и животинските инстинкти, постот, напротив, ги совладува плотските желби и ги успокојува телесните движења, како што учи свети Григориј Палама. Кај многу Отци, како и во црковните химни сретнуваме редица типолошки споредби. Постот се споредува со меч или сечило, кое ги отсекува плотските страсти, или со узда, која ги зауздува телесните пориви.

2. Но постот не само што ги смирува телесните движења, истовремено тој го ослободува човекот од душевните страсти. Според свети Јован Златоуст, пијанството и неумереноста нè ставаат под ропство на страстите, додека, пак, постот нè избавува од нивните окови, нè ослободува од измачувањето и нè води кон слободата за која сме создадени. Затоа постот сосема точно се нарекува „страстоубиец“ и „лекарство, кое очистува од страстите“.

3. Но не само од страстите, туку постот нè избавува и од нечистите помисли. Како што велат богоносните отци, едно од најефикасните оружја за борба со скверните помисли е постот. Свети Јован Златоуст забележува дека постот „ги стишува многуте наши помисли…“

Протерувајќи ги страсните мисли, постот го очистувачовечкиот ум и, како некоја духовна лествица, го возведува кон Небото. Според зборовите на светиот Јован Лествичник, „умот на оној што пости се моли трезвено“ и „умот на оној што се воздржува е храм на Светиот Дух, а умот на стомакоугодникот е живеалиште на чавките“.

4. Како што веќе споменавме, честопати постот се споредува со оружје. Па според тоа, христијаните со тоа оружје в раце се судираат со ѓаволот и ги одбиваат нападите на злите духови. Василиј Велики учи дека, „постот е оружје за вооружување против демоните“. А според зборовите на Евтимиј Зигавин „постот е голема тврдина за оние кои се бранат од демоните“. Без молитва и пост невозможно е да им се спротивставиме на разните искушенија. „Постот“, според зборовите на Василиј Велики, „ги одбива искушенијата“.

5. Со помош на постот ние само што се соочуваме победоносно со ѓаволот, туку истовремено тој ни дава сили во нашиот стремеж за стекнување на христијански добродетели. Постот – „посредник за добрини“, како што се вели во химните на Посниот Триод, а според зборовите на Григориј Низиски, „постот – темел на добродетелите“. Свети Јован Златоуст го нарекува „мајка на здравомислието“, а свети Исаак Сириски – „заштитник на секоја добродетел“.


6. Како што рековме, првото што христијанинот го добива со помош на постот е очистување на својата душа и тело. Меѓутоа, тој е основен минимум; верникот е должен да се стреми кон повисока цел – заедничарење со Бога. Постот и духовната чистота, која ни ја дава вистинскиот пост – е пат, кој го издигнува човекот кон Бога. Без тие услови невозможно е да Му се приближиме на Бога, да се стекне чиста молитва, да ја стекнеме Божјата благодат. По тоа прашање нашите богоносни отци се едногласни. И сите тие како поткрепа на своето учење се повикуваат на примерите на двајцата велики пророци: Мојсеј и Илија.боговидецот Мојсеј се подготвувал со четириесетдневен пост за искачување на гората Синај, каде што Го видел Бога, зборувал со Него и ги примил заповедите од Него. Свети Јован Златоуст вели: „Поминувајќи четирисет денови во пост, великиот Мојсеј се удостоил да ги добие таблиците со Законот“. Истото може да се каже и за пророкот Илија. Василиј Велики пишува: Постот го направил Илија зеркател на великото видение; зашто откако ја очистил својата душа со четириесетдневен пост, се удостоил во Хоривската пештера да Го види Господа, колку што може човек да Го види“.

Превод од руски јазик: Свештеник Јани Мулев

https://crkvaveles.wordpress.com/2012/07/05/shto-dobivame-od-postot/?fbclid=IwAR3Yjkn5bz8qq_ASFE9mh4fxdF9Fh_vrugIB0Mo34RLNpXUzje2FOEVmLJM

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 149
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 373
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…