Но сеуште има време; ние мораме да си спомнеме каде е нашиот вистински дом и да заплачеме за гревовите кои не изгониле од него.

Да ги земеме при срце зборовите на Светиот Јован Лествичник: „Прогонството е оддалечување од се, со намера да се сочува нашиот ум во неразделно единство со Бога. Прогонетиот го љуби плачот и самиот непрекидно плаче.“

Изгонети од Рајот, ние не можеме да се надеваме на повторно враќање во него доколку најпрво не бидеме изгонети од светот.

Тоа можеме да го постигнеме поминувајќи ги овие денови во пост, молитва, оддалечување од светот, посетување на црковните Богослужби; со солзи на покајание, со подготвување за радосниот Празник кој ќе го означи крајот на овој период на прогонство, и сведочејќи им на сите во оваа „туѓа земја“ за настапувањето на еден уште поголем Празник – денот кога нашиот Господ ќе дојде да ги врати  Своите луѓе во Новиот Ерусалим, кој ќе биде за вечност и од кого никој веќе нема да биде прогонет.“

 

11ти март 2019 лето Господово