Не треба да се воздржуваме само од лоши дела и зборови, но и од скверни помисли, кои што ни доаѓаат од демоните.

Прво е предлогот, односно демонскиот предлог на нашите мисли, потоа следува соединување, односно прифаќање на нашиот ум на ѓаволскиот предлог, и на крајот самото извршување на дело.

А потоа, секоја мисла која што може да и наштети на душата, тогаш треба да се одрази на сеќавањето на секогашното со нас присуство Божјо, според напишаното: „Секогаш Го гледав пред себе Господа, зашто Он е од мојата десна страна, за да не се поколебам“ (Пса. 15, 8).

А светиот Јован Лествичник вака поучува: „Со Исусовото име биј го непријателот, зашто не постои против нив посилно оружје ни на небото ни на земјата, од името Исусово. И секогаш треба во умот да ја имаме оваа молитва: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот. Господи, отргни ја од мене оваа помисла на лукавиот. Господи, дади ми добра мисла.

Старец Теофан Новоезерски

Избор од ФБ профил на:

Православие.Мк †