Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 61)

Evag.za.deca1.jpgРече Господ на Јудеите што беа дошле кај него: „Тешко вам, фарисеи, оти давате десеток од нане и рута, и од секаков зелен, а преминувате преку судот и љубовта Божја; ова требаше да го правите, но и она да не го оставате. Тешко вам, фарисеи! Оти сакате да сте на првите места во синагогите и да ве поздравуваат по плоштадите! Тешко вам, книжници и фарисеи, лицимери, оти сте како сокриени гробови, преку кои луѓето одат и не ги знаат.“ Одговори некој од закониците и Му рече: „Учителе, кога го говориш тоа, Ти и нас нè навредуваш.“ Но Он рече: „Тешко и на вас закониците, што ги натоварувате луѓето со тешки бремиња за носење, а вие сами ни со еден прст не се допирате до тие бремиња“.