Вистината и лагата

- Оче, може ли во лагата да има вистна, и вистина во лагата? - го прашал младичот старецот.
Старецот одговори:
- Прашај го коњот нека ти одговори.
Младичот се збуни.
- Не разбирам. Зошто тука треба да се меша еден коњ?! - го запраша старецот.
- Како не разбираш? Се знае дека коњот не сака да пие валкана вода, полна со нечистотија – рекол старецот.
- Да и ...?! - потврдил младичот.
- Така е и со вистината и со лагата. Лагата може во себе да сокрива вистина, но што вреди кога е како водата, валкана, полна со нечистотија, и не е за пиење. Вистината, пак, лагата не ја прима во себе и водите од нејзиниот извор се добри за пиење, бидејќи се чисти. Ете, тоа мене ме научи коњот - одговорил старецот.
Младичот се насмеа и му заблагодари на старецот за поуката.

 

Избор од ФБ профилот на:Дневна Доза Свети Оцистината

19-ти јули 2018 лето Господово