Ако некој ги проживее и Матусаловите години, а не врви по вистинскиот пат, по кој чекореле сите светии, - говорам за патот на унижувањата и несправедливите прекори, како и за нивното храбро трпење, - тој воопшто не ќе успее ни најмалку и не ќе најде ништо од она што е скриено во сокровиштата на заповедите; тој попусто ќе ги помине годините на својот живот.

Овде авва Зосим додаде и речеː

„Кога бев кај блажената Дионисија, еден брат ѝ побара нешто за благослов и таа му даде нешто, што можеше да му даде. Но, бидејќи она што му го даде, не беше толку, колку што тој очекуваше, тој почна да ја навредува и да ни упатува срамни зборови и на обајцата.

Таа, откако го ислуша, се налути и сакаше да го казни.

Јас го забележав тоа, и ѝ рековː „Што правиш? Ти си правиш зло сама на себеси; се лишуваш од сета добродетел што ја имаш во твојата душа. И што претрпуваш ти во споредба со она што го претрпел Христос за тебе? Јас знам дека си презрела голем имот и дека многу си разделила на сиромасите, знем дека на него си гледала како на ѓубре, но ако не ја придобиеш кротоста, ќе бидеш слична на ковач, кој удира по едно парче железо и никако не може од него да направи што сака.

Послушај што вели свети Игнатиј Богоносецː

‘Придобиј ја кротоста, со силата која ги урива сите сили на кнезот од овој век‘.

Како знак на тоа дека сосема сме го напуштиле светот е следновоː за ништо да не се вознемируваме.

Се случува некој да презре големи богатства, а да се приврзе за една игла, и оваа пристрастеност да му причинува вознемирувања и грижи. Тогаш таа игла, за него го зазема местото на сите претходни презрени сокровишта. Ете, така се случува, некој да ѝ робува на една игла, на капуљача, на мантија или некоја книга, со што престанува да биде роб Божји.

Добро констатирал некој од нашите духовни мудрециː

‘Колку страсти во душата, толку и господари‘.

А и нашиот Господ и Спасител ни велиː ‘Каде е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше’ (Матеј 6, 21).

И светиот апостол Петар, исто така, ни велиː ‘Кога некој некого победува, тој и го поробува‘ “ (2. Петр. 2, 19).

Откако ме ислуша, блажена Дионисија ме погледна со восхит и ми речеː

„Ти да Го најдеш Бога, Кого што Го посакуваш!“

 

Избор од ФБ на : Светланка Трајчева