логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

НЕДЕЛА МЕСОПУСНА


Во сабота на Вечерна, по 103 псалм, обично славословие.
      На Господи, повикав, земаме 10 стихови, и пееме од Осмогласникот 3 воскресни стихири,

3 анатолиеви и 4 од Триод подобни, глас 6.


                     Кога ќе дојдеш да судиш праведно, Судијо најправеден, седејќи на престолот на Твојата слава, страшна огнена река пред Твоето судилиште ќе ги влече сите, додека пред Тебе стојат небесните сили, а на луѓето ќе им се суди со страв, според она што секој го направил. Те молиме со вера, поштеди нè тогаш и удостој нè да бидеме со оние што се спасуваат, Христе, како милостив.
Книгите ќе се отворат, делата на луѓето ќе бидат откриени пред страшното судилиште. Ќе ечи сета долина на плачот од страшното крцкање, гледајќи ги сите грешници, испраќани во вечните маки со Твојот праведен суд, и кои попусто плачат, Штедре. Затоа Те молиме, Благи, поштеди нè нас кои Ти пееме, единствен Милостиве.
Трубите ќе одекнат, и гробовите ќе се испразнат, и ќе воскресне сета човечка природа која трепериː оние што правеле добро во радост ќе се веселат, чекајќи да ја примаат наградата, а грешниците ќе треперат силно, гласно редејќи, испраќани во мака, и од избраните одвојуваниː Господи на славата, смилувај се на нас како добар, и удостој нè да бидеме со оние што Те возљубиле.
Плачам и редам кога ќе го почувствувам вечниот оган, крајната темнина и тартар, и лутиот црв, непрестајното крцкање на заби, болката што безмерно ќе ја трпат грешниците и ониe што со лошо поведение Те разгневиле, од кои првиот сум јас, бедниотː но, како милосрден Судија, со милоста Твоја спаси ме.
                   Славаː глас 8ː Кoга ќе бидат поставени престолите, и Бог ќе седне да суди; о каков страв ќе биде тогаш, кога и ангелите ќе стојат со страв додека огнената река ќе влече! Што ќе направиме тогаш ние луѓето кои сме виновни за многу гревови, кога ќе Го слушнеме како ги повикува благословените на Отецот во Царството Негово, а грешниците ги испраќа во мака; кој ќе ја поднесе онаа страшна пресуда!? Но, единствен Човекољупче, Спасителу, Цару на вековите, пред да дојде крајот, откако со покајание ќе ме обратиш, помилуј ме.
сегаː богородичен, од редовниот глас (догматик). Вход. Светлино тивкаː Прокименː Господ се зацариː И продолжуваме.
На литија, Славаː самогласен, глас 7.
             Господи, откако ќе ги разбереме заповедите, така и да живеемеː гладните да ги нахраниме, жедните да ги напоиме, необлечените да ги облечеме, туѓинците да ги примиме, болните и оние во затвор да ги посетимеː та и нам да ни рече Оној што ќе ѝ суди на земјатаː Дојдете, благословени на Мојот Отец, Царството за вас приготвено наследете го.
И сегаː Сите ние родени на земјата, барајќи засолниште кај тебе, Владичице, ти пеемеː Богородице, надеж наша, избави нè од безмерните прегрешенија, и душите наши спаси ги.


               Стиховни стихири од Осмогласникот, според редовниот глас.
Славаː глас 8ː Тешко мене, душо мрачна! До кога нема да се одвраќаш од злото!? До кога ќе солзиш во мрзоволие!? Зошто не помислуваш на страшниот смртен час? Зошто цела не трепериш од страшниот Спасителов суд? Што ќе одговориш или што ќе одречеш? Делата твои стојат таму за твое изобличување, твоите постапки сведочат против тебе. Впрочем, душо моја, времето дојдеː трчај, брзај, со вера повикајː Згрешив Господи, Ти згрешив! Но го знам, Човекољупче, и Твоето милосрдие, Пастиру добар, да не ме отфрлиш да бидам од Твојата десна страна, заради милоста Твоја голема.
             И сегаː богородиченː Безневесна Девоː Отпустителенː Богородице Девоː (3-пати). Во продолжение, бдение. И читање од Дела Апостолски.


УТРЕНА
                Бог Господː по гласот на тропарот од Осмогласникот. Тропар воскресен и богородичен. Обично стихословие и седални. Полиелејни псалми. Степена од гласот. Прокимен и редовното утринско Евангелие. Псалм 50. Славаː глас 8ː Вратите на покајаниетоː И сегаː богородичен, подобенː По патот на спасениетоː Потоа, глас 6ː Помилуј ме, Божеː Мислејќи на мноштвото мои тешки гревовиː (како во Недела на митарот и фарисејот). Канон воскресен, и на Богородица на 6, и од Триод на 8.
Канон, творба на свети Теодор Студит, глас 6.
Песна 1
Ирмосː Помошник и покровител ми стана во спасението. Он е мојот Бог и ќе Го прославам – Бог на мојот татко, и Него ќе Го возвисам, оти славно се прослави.
Се плашам помислувајќи на страшниот ден на Твоето пришествие. Исплашен, го гледам однапред. Во него ќе седнеш да им судиш на живите и мртвите, Боже мој сесилен.
             Кога ќе дојдеш, Боже, со илјадници и десетици илјади ангелски начала, и мене бедниот, Христе, удостој ме да Те сретнам на облаците.
Ајде, душо моја, мисли на тој час и ден кога Бог ќе им се јави на сите; и реди, плачи, покажи се чиста во часот на судењето.
Ме плаши и ме страши незгасливиот оган геенски, црвот горчлив и крцкањето на заби. Но, олесни ми и прости ми, и удостој ме, Христе, да стојам со Твоите избрани.
Посакуваниот Твој глас кој ги повикува на радост Твоите светии, да го слушнам и јас бедниот, и ќе ја најдам неискажливата наслада на Царството небесно.
Славаː троиченː Триипостасна единице, почетна Господарко на сите, совршено начално предначалие, Самата спаси нèː Оче и Сине и Духу Пресвет.
Боогородиченː Кој родил син без татко! Него, пак Го раѓа Отецот без мајка. Преславно чудо, зашто ти, Чиста, си Го родила Бога, Кој е воедно и човек.
Катавасијаː Помошник и покровител ми стана во спасението. Он е мојот Бог и ќе Го прославам – Бог на мојот татко, и Него ќе Го возвисам, оти славно се прослави.
Песна 3
Ирмосː Господи, утврди го моето колебливо срце, врз каменот на Твоите заповеди, зашто си единствен свет и Господ.
Господ доаѓа, и кој ќе го истрпи стравот од Неговиот поглед!? Кој ќе се појави пред лицето Негово!? Но, биди подготвена, душо моја, за средбата (со Него).
Со плач да одиме пред Бога, и пред крајот да се смириме со Него, зашто судот е страшен, и на него сите откриени (голи) ќе застанеме.
Помилуј ме, Господи, помилуј ме, Ти викам, кога ќе дојдеш со ангелите Твои, да дадеш секому според делата негови.
Твојот гнев е неподнослив, Господи, како ќе го истрпам судот твој, кога ја прекршив заповедта Твоја! Но поштеди, во часот на судот поштеди ме.
Обрати се, воздивни душо бедна, пред да заврши торжеството на овој живот, пред да ја затвори Господ вратата на брачната одаја.
Згрешив, Господи, како никој друг човек, прегрешив повеќе и од човек; пред судот биди милостив кон мене, Човекољупче.
Славаː троиченː Троице проста, несоздадена, беспочетно естество воспеано во три ипостаси, спаси нè нас кои, со вера, на моќта Твоја ѝ се поклонуваме.
Богородиченː Бессемено, Дево чиста, Ти направи да изникне Словото на животот, Кое се воплоти во твојата утроба, неизменливоː Богомајко, слава на твојата Рожба.
Катавасијаː Господи, утврди го моето колебливо срце, врз каменот на Твоите заповеди, зашто си единствен свет и Господ.
Седален, глас 6.
Мислам на денот страшен, и плачам поради моите лукави делаː како ќе Му одговорам на бесмртниот Цар! Со каква смелост ќе Го погледнам Судијата, блудниот јас! Милосрден Оче, Сине Единороден, Духу Свети, помилуј ме.
Славаː Во долината на плачот, во местото што си го определил, кога ќе седнеш, Милостиве, да го извршиш праведниот суд, не откривај ги моите тајни (дела), не посрамувај ме ниту пред ангелите; но поштеди ме, Боже, и помилуј ме.
И сегаː богородиченː Надеж на светот, добра Богородице Дево, твоето единствено и страшно зстапништво го моламː смилувај се на луѓето што искрено ти се обраќаат, помоли Го милостивиот Бог да ги избави душите наши од секаква закана, единствена благословена.
Песна 4
Ирмосː Пророкот го слушна доаѓањето Твое, Господи, и се исплаши, дека сакаш од Дева да се родиш и на луѓето да им се покажеш, и говорешеː го слушнав гласот Твој и се исплашивː слава ѝ на силата Твоја, Господи.
Денот наближува, судот е веќе пред вратите; душо, биди внимателна, зашто таму ќе се соберат заедно и царевите и кнезовите, богатите и сиромасите, и секој од луѓето ќе прими според направените дела.
Секој според својот чинː монаси и владици, стари и млади, слуга и господар ќе бидат судени, вдовица и девојка исто така; и тогаш, тешко на сите кои праведен живот не воделе.
Непоткуплив е Твојот суд, нема да помогнат ни измамите, ни добрите адвокати, ниту изјавите на сведоците, зашто Ти, Господи, ги знаеш сите тајни на срцата наши.
Да не отидам во  земјата на плачот, да не го видам местото на мракот, Христе мој, Слове, ниту да бидам врзан за рацете и нозете, фрлен надвор од царската палата, кутриот јас, кој сум ја осквернил облеката на негнилежноста.
Кога ќе ги одделиш грешниците од праведниците, Ти кој му судиш на светот, вброј ме како една од Твоите овци, одвојувајќи ме од козите, Човекољупче, за да го  слушнам Твојот благословен глас.
Кога ќе биде судењето, и кога ќе бидат отворени книгите, што ќе направиш, бедна душо!? Што ќе одговориш на судот, ти која немаш плодови на правдата да Му принесеш на Христа, Твојот Создател.
Слушајќи ги плачовните зборови на богатиот во пламенот на маките, плачам и редам и јас бедниот, којшто ја заслужувам истата осуда, и се моламː Спасителу на светот, во времето на
Славаː троиченː Ги славам Сина од Отецот и Духот, како светлина и зрак од сонцетоː на Едниот раѓањето од Отецот, а на Другиот – произлегувањето (од Отецот)ː вечната божествена Троица, на Која секоја твар Ѝ  се поклонува.
Богородиченː Дево, која Младенецот си Го родила и чистотата си ја запазила; си се покажала чиста кога си Го родила Богочовекот, Кој во Себе ги обединува двете природи. Твоето чудо, дево Мајко, секаков ум и мисла надминува.
Катавасијаː Пророкот го слушна доаѓањето Твое, Господи, и се исплаши, дека сакаш од Дева да се родиш и на луѓето да им се покажеш, и говорешеː го слушнав гласот Твој и се исплашивː слава ѝ на силата Твоја, Господи.
Песна 5
Ирмосː Мене, кој од ноќта поранувам, просвети ме Човекоњупче, и се моламː Упати ме на заповедите Твои и научи ме, Спасителу, да ја творам волјата Твоја.
Неискажливи ќе бидат треперењето и стравот таму; зашто ќе дојде Господ, а со Него и секое дело човечко, и кој тогаш нема себеси да се оплакува!?
Реката огнена ме вознемирува, ме растопува;  ме струже крцкањето на забите, мрачната безднаː и како или што да направам, за Бога да Го умилостивам!?
 Поштеди го, поштеди го, Господи, Твојот слуга, да не ме предадеш некогаш на лошите мачители – лутите ангели (демони), зашто со нив таму нема спокој да најдам.
Кнез и водач, богат и неславен, голем и мал, таму ќе бидат заедно и рамниː впрочем, тешко секому што не е подготвен.
Олесни, остави и прости ми, Господи, сè што Ти згрешив, и не покажувај ме таму пред ангелите во огнот на осудата и вечниот срам.
Поштеди го, поштеди го, Господи, Твоето созданиеː прости ми, зашто само Ти единствен си чист по природа и никој друг, освен Тебе, не е без нечистотија.
Славаː троиченː Те воспевам Троице, Која си единица по природа, беспочетна и недостижнаː единство царско, сесовршено – Бог, и Светлина, и Живот, и на светот Создател.
Богородиченː Во твоето натприродно раѓање, Пречиста, законите на природата очигледно се надминати, зашто без семе Го раѓаш предвечниот Бог, Кој е роден од Отца.
Катавасијаː Мене, кој од ноќта поранувам, просвети ме Човекољупче, и се моламː Упати ме на заповедите Твои и научи ме, Спасителу, да ја творам волјата Твоја.
Песна 6
Ирмосː Повикав од сè срце кон Штедриот Бог, и ме слушна од најдолниот ад и го изведе од гибел животот мој.
При страшното пришествие Твое, Христе, кога ќе се појавиш од небото, и ќе се постават престолите, и ќе се отворат книгите, поштеди го, поштеди го тогаш, Спасителу, Твоето создание.
Таму ништо не може да помогне, бидејќи Судијата е Богː ни ревноста ни лукавството, ниту славата, ниту пријателството, туку само помошта од делата твои, душо моја.
Таму се заедно кнезот и водачот, сиромавот и богатиот, и не може да ти помогне, душо, ни мајката, ни таткото, ниту братот да те избави од осудата.
Помислувајќи, душо, на страшното испитување на Судијата, подготви го уште овде твојот одговор, да не бидеш осудена на вечни вериги.
Да не го слушнам, Господи, Твојот гласː Оди од Мене, и оди во огнот на проколнатите, туку посакуваниот повик на праведниците.
Избави ме, Господи, од адските врати, од бездната, од мрачната темнина, од неизгасливиот оган, и од секоја друга вечна мака.
Славаː троиченː Го воспевам Божеството на Троичното единствоː Отца и Сина и Божествениот Дух, моќта на единственото начало, соразделено од три (лични) својства.
Богородиченː Ти си врата низ која мина само еден, Кој влезе и Кој излезе, и Кој не ги разврза клучевите на твоето девство, Чиста, Исус – Твојот Син, Кој го создаде Адама.
Катавасијаː Повикав од сè срце кон Штедриот Бог, и ме слушна од најдолниот ад и го изведе од гибел животот мој.
Кондак, глас 1ː Кога ќе дојдеш на земјата со слава, Боже, сета твар ќе затрепериː река огнена пред судот тече, книгите се отвораат, и тајните се откриваат. Тогаш избави ме од незгасливиот оган, и удостој ме од Твојата десна страна да застанам, Судијо најправеден.
Икосː Мислејќи на Твојот страшен суд и на судниот ден, предобар Господи, се плашам и се бојам, од мојата совест изобличуван, кога ќе седнеш на Твојот престол и ќе судиш, тогаш никој не може да ги одрече гревовите свои, бидејќи вистината ќе победи и никој не ќе може да противречи. Тогаш многу ќе загрми огнот геенски, а грешниците ќе закрцкаат (со забите). Затоа помилувај ме пред да дојде крајот, и поштеди ме. Судијо најправеден.


Синаксар
Стиховиː
Кога ќе седнеш, Судијо на сите, да ја судиш сета земја, Удостој ме и мене да го слушнам оној гласː „Дојдете, благословени на мојот Отец!“
 
               Во овој ден правиме спомен на Второто и непоткупливо Христово пришествие, што божествените отци го одредија од две причини: прво, заради оние коишто знаат за Божјото човекољубие, па живеат мрзливо, велејќи: Бог е човекољубив, па кога ќе се ослободам од гревот (кога ќе се покаам), сум си ја завршил целата работа. Второ, потсетување на овој страшен ден се прави за да знаеме што не очекува еден ден по смртта, та оние што овој живот го минуват во мрзливост и неодговорно, да се исплашат од она што ги очекува и да почнат да живеат добродетелен живот, и да не се надеваат само на Божјото човекољубие, но да знаат дека Бог е и праведен и дека ќе даде секому според неговите дела. Инаку, и душите на починатите треба да излезат пред Судијата. Затоа, овој празник на некој начин претставува и крај на сите празници, бидејќи тој чин – Страшниот суд, ќе биде конечен за сите нас.

Треба да се знае и тоа дека идната недела ќе се потсетиме и на почетокот на светот, и на паѓањето и изгонувањето на Адам од рајот. Денешниов, пак, ден (празник) е крај на сите денови, како и на самиот свет. Од оваа недела се скусува храната (повеќе не се јаде месо), а не повикува и на милостина кон ближните. Исто така, бидејќи со храна бевме истерани од рајот, и паднавме под осуда и проклетство, по примерот на Адам од наредната недела, се молиме Христос и нас повторно да нè воведе во рајот.

И при Второто пришествие Христос ќе дојде во тело, но не како при Неговото прво доаѓање, тивко и без слава, туку со натприродни знаци и чуда, со силна светлина од небесата, за да биде познаен од сите; дека Он е тој што дојде и првиот пат, и родот човечки го избави, и дека самиот Тој ќе суди, според тоа кој колку зачувал од она што Он ни го дал. Кога ќе биде тоа пришествие? Никој не знае. Господ тоа го сокри и од апостолите. Тогаш ќе има некои предзнаци, што некои од светиите нашироко ги објаснија. Некои велат дека тоа ќе биде по седум илјади години! Пред Неговото пришествие, ќе дојде Антихристот и ќе се роди, како што вели св. Иполит Римски, од жена нечиста, божемна девојка, по потекло од Евреите, од племето Даново, кој беше дете на Јаков; и дека ќе оди меѓу народот како Христос, и дека ќе прави чуда, како што правеше и Христос, и мртви ќе воскреснува (види: 2. Сол. 2).

Тогаш, се вели, ќе се открие синот на погибелта, со секоја сила и знаци и лажни чудеса. Впрочем, нема самиот ѓавол во тело да се претвори, како што вели Јован Дамаскин, туку човек кој ќе се роди од блуд и ќе го прими сето сатанско дејство, и ненадејно ќе се крене, и на сите ќе им се покаже како добар и кроток. Тогаш ќе има голем глад, на луѓето ќе им угоди, ќе се претстави дека ги знае и Божествените Писма, и ќе пости, и од луѓето ќе биде прифатен, и ќе се прогласи за цар; најмногу ќе го засака еврејскиот народ; ќе дојде во Ерусалим и храм ќе им подигне. На седум години пред него, како што вели пророк Даниил, ќе дојдат Енох и Илија, и на луѓето ќе им проповедаат да не го примат. Тој, пак, ќе ги фати, ќе ги мачи, најпосле и главите ќе им ги отсече.

Оние што ќе живеат благочестиво, ќе мораат далеку да бегаат, по горите, каде што ќе ги искушуваат демоните. Оние седум години ќе се намалат заради избраните, а ќе има и голем глад, елементарни непогоди, за малку сите ќе изгинат. По сите овие работи, ненадејно, како молња од небото, ќе се случи пришествието Господово, а ќе му претходи чесниот Крст и огнената река, која сета земја ќе ја очисти од скверноста. Тогаш ќе биде фатен и Антихристот, и неговите слуги, и ќе бидат предадени на вечниот оган.Кога ќе затрубат ангелите, ненадејно од сите страни на земјата сиот човечки род ќе дојде во Ерусалим, зашто е во средината на светот. Таму ќе им се суди на сите со души и тела.

Со еден збор, Господ ќе ги одвои праведните од грешните: оние што правеле добро ќе отидат во вечен живот, а грешните во вечни маки, кои нема никогаш да престанат. Треба да се знае дека тогаш Христос нема да бара пост и сиромаштија, и чуда, иако се добри и тие, туку многу повеќе од овие – милостина и сострадание. Оти тогаш Господ, и праведните и грешните, ќе ги потсети на оние шест заповеди: гладен бев, и Ми дадовте да јадам; жеден – и Ме напоивте; туѓинец бев, и Ме примивте; необлечен бев, и Ме облековте; болен бев, и Ме посетивте; во затвор бев, и дојдовте при Мене. Ако ова го направивте на еден од овие мои најмали (браќа), Мене Ми го направивте (види: Матеј 24).

Затоа секој треба да го направи она што може, според своите сили. И секој треба да исповеда (признае) дека Господ Исус е Христос (Месијата), за слава на Бога Оца. А маките, за кои зборува Светото Евангелие, се овие: таму ќе биде плач и крцкање со забите, црвот нивни нема никогаш да заврши, и нивниот оган нема никогаш да изгасне; како и она: фрлете го во крајната темнина. Црквата, пак, јасно учи дека праведните и светиите секогаш ќе бидат со Бога во Царството небесно, во вечната Светлина.

А оние што овој живот го минаа далеку од Бога, во мрзливост и привремена храна, ќе одат во маки и темнина, лишени од Божјата светлина.Со Твоето неискажливо човекољубие, Христе Боже, удостој нè и нас со Твојот посакуван глас, и придружи не кон оние од Твојата десна страна, и помилувај нè. Амин.
 
Песна 7
Ирмосː Згрешивме, против законите живеевме, неправедни бевме пред Тебе. Ниту запазивме, ниту извршивме како што си ни заповедал. Но не отфрлај нè до крај, Боже на татковците.
              Дојдете да се поклониме и да заплачеме пред Оној што ќе ни суди, верни, кога небесата ќе исчезнат, ѕвездите ќе паднат, и кога целата земја ќе се затресе, за да Го најдеме милостивиот Бог на нашите татковци.
Неподмитливо ќе биде испитувањето, страшен е таму судот, каде што ништо не може да се сокрие пред Судијата, Кого не можеме да Го подмитиме со дарови. Тогаш, поштеди ме, Владико, и од Твојот страшен гнев избави ме.
          Господ доаѓа да суди; кој ќе го поднесе Неговиот поглед? Затрепери, душо бедна, затрепери, и подготви ги делата твои за заминување, за да Го најдеш Него – благословениот Бог на татковците (наши).
Неизгасливиот оган ме вознемирува, грицкањето на црвите е полошо, душегубниот ад ме плаши, а сè уште не се каам вистински. Но, Господи, Господи, пред крајот, со Твојот страв утврди ме.
Паѓам пред Тебе, и како солзи Ти ги принесувам моите зборовиː Згрешив како што не згреши ни блудницата, и живеев против законот, како никој друг на земјата. Но, помилувај го, Владико, Твоето создание, и повикај ме.
Обрати се, душо, покај се, откри си ги тајните, кажи Му ги на Бога, Кој знае сèː Ти ги знаеш моите тајни, единствен Спасителу, но Самиот Ти, како што пее Давид, помилуј ме според милоста Твоја голема.
Славаː троиченː Ја воспевам едносушната Троица, тројното единство на трите лицаː Отецот, Синот, и Светиот Дух, една сила, волја и дејство; еден Бог трисвет, едно царство едноначално.
Богородиченː Бог, Кој е поукрасен и од царска палата, минува низ твојата утроба како Цар, облечен во боготкаена багреница, тајно обоена со Твојата пречиста крв, Безневесна (Дево), и со земјата царува.
Катавасијаː Згрешивме, против законите живеевме, неправедни бевме пред Тебе. Ниту запазивме, ниту извршивме како што си ни заповедал. Но не отфрлај нè до крај, Боже на татковците.
Песна 8
Ирмосː Оној што небеските војски Го слават, и од кого треперат херувимите и серафимите, сè што дише и секоја твар, пејте Му, благословувајте Го и превозносете Го во сите векови.
Помислувајќи на средбата при страшното Твое Второ пришествие, Господи, треперам од Твојата закана, се плашам од гневот Твој; од овој час викамː Спаси ме за векови.
Кога Ти, Боже, ќе судиш на сè, кој од родените на земјата ќе го издржи Твојот поглед? Зашто тогаш незгасливиот оган, и црвот кој грицка силно, за вечност ќе ги прими осудените.
Кога ќе ги собереш заедно сите живи, за да им судиш, Христе, тогаш ќе биде голем стравот, силна ќе биде жалоста, зашто само добрите дела ќе бидат полезни за вечноста.
Судијо на сите, Боже мој и Господи, да го слушнам тогаш Твојот посакуван глас, да ја видам Твојата голема светлина, да ги видам Твоите населби, да ја созерцувам славата Твоја, радувајќи се во вековите.
Судијо праведен и мој Спасителу, помилувај ме и избави ме од огнот и заканата, на кои ќе бидам подложен праведно; прости ми пред крајот, со добродетелта и покајанието.
Кога ќе седнеш, Судијо, како милосрден, и ќе ја покажеш Твојата страшна слава, Христе, о, каков ќе е стравот тогаш, кога ќе гори печката и кога сите ќе треперат пред Твојот страшен суд!?
Да Го благословуваме Господа – Отецот и Синот и Светиот Дух.
Го почитуваме и Го воспеваме Бога, кој е еден по суштество, а Троица по ипостаси, бидејќи Божеството е едно во три лицаː Отец, Син, и Божествен Дух.
Богородиченː Излезен од твојата најсветла утроба, како младоженец од палата засветли Христос, Светлина голема која ги просветлува оние што се во темнина; зашто, кога засветли Сонцето на правдата, Пречиста, ја просветли вселената.
Го фалиме, го благословуваме, Му се поклонуваме на Господа, пеејќи Го и превознесувајќи Го во сите векови.
Ирмосː Оној што небеските војски Го слават, и од кого треперат Херувимите и серафимите, сè што дише и секоја твар, пејте Му, благословувајте Го и превозносете Го во сите векови.
Песна 9
Ирмосː Од бессемено зачнување, раѓање неискажливо; од безмажна мајка, нетлен плод; оти Божјото раѓање ја обновува природата; затоа сите народи, како Богоневесна Мајка, православно те величаме.
Господ доаѓа да ги мачи грешните, а да ги спаси праведните. Да заплачеме и да заредиме и да станеме свесни за тој ден, во кој ќе ги открие и најскриените дела, и ќе им даде на луѓето според заслугите.
Се исплаши и затрепери Мојсеј, гледајќи Те одзадиː Како ќе издржам да го видам Твоето лице, кутриот јас, кога ќе дојдеш од небото? Но, со Твојот милостив поглед, Штедре, поштеди ме.
Даниил се исплаши од судниот час, а јас, кутриот, што ќе претрпам, Господи, кога ќе дојде тој страшен ден? Но, дај ми пред крај да Ти послужам благоугодно, и царство Твое да го придобијам.
Огнот се подготвува, црвот го чека својот плен; за праведните радост, веселие, олеснување, Светлина незаодна; и кој е тој блажен што не ќе сака да ги избегне маките на првите, а да ја наследи наградата на вторите.
Јароста на Твојот гнев да не ме одврати од Твоето лице, Господи, ниту да го слушнам клеветниот глас кој испраќа в оган, но да влезам тогаш и јас во радоста на Твојата нетлена палата, со Твоите светии.
Умот ми е заболен, телото рането, духот страда, зборот изнеможе, животот се умртви, крајот е пред вратите. Затоа, бедна душо моја, што ќе направиш кога ќе дојде Судијата и тајните твои ќе ги открие?
Славаː троиченː Оче, единствен Родителу на единствениот Единороден Син, и единствена Светлино од единствената Светлина, и единствен Господи – Духу Свет, Кој излегуваш од единствениот Бог Отец! О Троице, Единице Света; мене, кој Те славам како Бог, спаси ме.
Богородиченː Чудото на твоето раѓање ме восхитува, Сенепорочна, како Го зачнуваш бессемено Неопфатниот!? Кажи, како остануваш Дева, откако роди како мајка? Примајќи го она што е надумно, на Родениот поклони Му се, зашто Он може сè што ќе посака.
Катавасијаː Од бессемено зачнување, раѓање неискажливо; од безмажна мајка, нетлен плод; оти Божјото раѓање ја обновува природата; затоа сите народи, како Богоневесна Мајка, православно те величаме.
Егапостилар.
Потоа следниоов. Подобенː Со учениците да се искачимеː
Помислувајќи на страшниот ден на судот сосема треперам, Господи и, тресејќи се, со страв викамː Кога ќе дојдеш на земјата со слава да судиш сè, Христе Боже, избави ме од секаво измачување, Владико, Ти Кој ме удостои да застанам десно од Тебе.
Втор подобенː  Жени, слушнетеː
Ете, доаѓа денот на Господа Седржителот, и кој ќе го издржи стравот од тоа пришествие, зашто е тоа ден на јарост, разгорена печка; ден во кој Судијата ќе седне и ќе даде секому според делата негови.
Богородиченː Помислувакќи на судниот час и на страшното пришествие на Господа Човекољубецот, целиот треперам и жално Ти викамː Судијо мој најправеден и единствен многумилостив, прими ме мене кој се каам, по молитвите на Богородица.
Хвалитни стихириː 4 воскресни од Осмогласник, 1 анатолиева и 4 од Триод, глас 6. Самогласни.
Стихː Сè што дишеː
Мислам на оној ден и час, кога сите голи и како осудени, ќе застанеме пред неподмитливиот Судија. Тогаш трубата силно ќе одекне и темелите на земјата ќе се затресат, и мртвите од гробовите ќе воскреснат, и сите ќе бидат како една возраст, и тајните на сите откриени ќе застанат пред Тебе, и ќе заредат и ќе заплачат, и во краен оган ќе отидат оние што никогаш не се покајале, а праведниците ќе влезат во радост и веселие во небесната палата.
Стихː Ти се исповедам Тебе, Господи, од сè срцеː
О каков страшен час и ден ќе биде тогаш, кога Судијата ќе седне на страшен престол! Книгите ќе се отворат, делата ќе се покажат и тајните на мракот ќе се откријат; ангелите ќе обиколуваат, собирајќи ги сите народи. Дојдете, слушнете цареви и кнезови, слуги и слободни, грешници и праведници, богати и сиромаси; како доаѓа Судијата, Кој ќе ѝ суди на сета вселена. И кој ќе истрпи пред лицето Негово, кога ангелите ќе почнат да ги откриваат помислите и желбите, оние во ноќта и во денот? О, каков час тогаш! Но пред да дојде крајот побрзај, душо, и повикајː Боже, откако се обратив, како единствен милосрден, спаси ме.
Глас 8ː Ќе се развеселам и ќе се зарадувам во Тебеː
Пророк Даниил, човек со желби, кога ја виде силата Божја, велеше вакаː Судијата седна и книгите се отворија. Пази, душо моја, постиш ли – ближниот твој не презирај го; од храна се воздржуваш ли – братот твој не осудувај го, за да не изгориш како восок, испратена в оган, но да може Христос да те воведе слободно во Царството Свое.
Глас 1. Стихː Воскресни, Господи Боже мојː
Да се очистиме, браќа, со царицата на добродетелите (покајанието), зашто, ете, таа дојде, давајќи ни богатство на добраː таа ги лекува раните на страстите и со Господа ги смирува  оние што згрешиле; затоа со радост да ја примиме, викајќи кон Христа Богаː Ти, Кој воскресна од мртвите, неосудени запази нè, нас кои Те славиме Тебе, единствениот безгрешен.
Славаː истиот стих.
И сегаː Преблагословена сиː Славословие големо и отпуст.

 

За Преминпортал подготви: Т.С.

19-ти февруари 2017 лето Господово



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5830
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6642
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6433
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5626
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Теренциј, Африкан, Максим, Помпиј и останатите триесет и шестмина со нив; Свети шест илјади маченици во Грузија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Од твоето срце за Христа спремнопламен ревносен излезе,о Евпсихие свети мачениче,ја запали лагата од овој свет,осветлувајќи ги бездните на темнината...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная