логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Santa_Claus_is_for_Real_12_09_13.jpg

 

Во многу земји од светот символ за символ на Нова Година традиционално е сметан токму Дедо Мраз. Секој народ си го нарекувал по свое. Финците Јолу Пуки, Хрватите Деда Мраз, Турците Ноел Баба, Французите Пер Ноел, а Грците, пак воопшто не го споменуваат, туку за личност која им носи подароци и секакви добра во Новата Година го сметаат Св. Василиј Велики.

Иако се чини дека овој добар старец со бело снежна брада постоел отсекогаш, сепак тој станал  символ на новогодишните празници пред само околу 200 години. Изгледот на Дедо Мраз се создавал постепено и секој народ во него внесувал по нешто свое, но негови задолжителни атрибути биле белите мустаќи и брада, ракавиците и торбата со подароци.

Денес тешко е да се најде човек што не знае кој е Дедо Мраз. Ликот на моќниот и дарежлив старец со црвен капут во сфаќањето на современите луѓе нераскинливо е поврзан со Божикните подароци, елки, со празничната атмосфера и радост.

Исто така, на многумина денес им е јасно дека зад тој лик од бајките има потполно реален прототип – Светиот Николај Мирликиски, епископот Ликиски и на градот Мир, којшто живеел во IV век. Особената почит кон Св. Николај во Германија започнала да се создава уште во VI век, во Рим во VIII, а потоа, во Средниот век, и во другите земји на Европа се востановил добриот обичај: на денот на Св. Николај да им се дарува на децата подароци, следејќи го неговиот пример. Култот на Св. Николај бил многу распространет во Холандија. Во тоа нема ништо чудно, бидејќи Холандија секогаш била приморска земја, а Св. Николај се смета за заштитник и покровител на морнарите. Вечерта спроти празникот посветен на Светиот, на децата им се раздавале подароци: дрвениот чевел го полнеле со овошје и слатки.

Но еве незгода: по само нецели три недели веќе настапувало Рождеството Христово со својата исто толку голема традиција на подароци. Имено, Мудреците Му принеле на Христа злато, темјан и смирна на дар. Затоа со тек на време тие две традиции на подарување се споиле во едно и станале непроменливо својство на Божикниот празник. А, Св. Николај се претворил во добар волшебник, којшто им дарува на децата подароци и им ги исполнува нивните најскриени желби. За тоа како се случила оваа чудна трансформација на изгледот на овој познат христијански Светител, ќе се обидеме да раскажеме.

Во времето на Реформацијата култот на Светиите во протестантските земји ослабел и речиси исчезнал. Само во Холандија сѐ уште се празнувал денот на Св. Николај или Sinterklaas, како што го нарекуваат таму. Тој обичај со традиционалните подароци за деца, холандските емигранти го донеле во Њу Амстердам – како што некогаш се нарекувал Њујорк. Токму овде холандскиот Sinterklaas станува Санта Клаус (Santa Claus). Ова американизирано име на Светијата со тек на време станало познато во цел свет. А тоа се случило вака:

Во 1822 година, спроти празникот Рождество, професорот по источна и грчка литература при Колумбискиот Универзитет (подоцна и професор во Њујоршката семинарија), пасторот Клемент Кларк Мур им составил на своите шест деца бајка во стихови, во којашто главна улога играл Санта Клаус (никаде и никогаш претходно Св. Николај не бил прикажан како некоја личност од бајките). Во таа малечка поетска приказна Санта Клаус се појавува во ноќта пред Рождество и со огромна торба на плеќите се спушта по оџакот во домот за да раздаде подароци за дечињата.  Тој бил прикажан во вид на некако весел и жизнорадосен стар вилењак, со издаден стомак и со пура. Децата на пасторот во тој херој веднаш го препознале својот љубимец – слугата и помошникот на Мур, дебелиот и весел Холанѓанец. Но во стиховите на нивниот татко, тој се појавил пред нив во капут со бела брада и црвен нос. Санта Клаус кај Мур патувал на санка со 8 елени, а за неговото приближување сведочело крцкањето на санката и мелодичниот звук на ѕвончињата, врзани на вратовите на елените.

Клемент Мур немал намера да ја објави својата бајка. Задоволен од восхитот и радоста на семејството, тој го положил ракописот во своето биро и веќе не спомнал за него. Но, еден од другарите на Мур, без негово знаење ја испратил оваа приказна до весникот Sentinel, во малиот американски град Трој, држава Њујорк. Овој Божикен расказ на Мур бил испечатен во 1823 година, спроти Божик и успехот бил зачудувачки. Сите весници и магазини се натпреварувале да го отпечатат расказот, а наскоро се појавиле и одделни негови изданија. Така Клемент Мур, без да сака, станал класика на американската литература, а Санта Клаус влегол во секојдневниот живот на милиони американци.

Првото, општо познато уметничко изображение на Санта Клаус, било создадено во 1862 година од страна на карикатуристот Томас Наст. Следните 24 години тој редовно го цртал него на кориците на популарниот магазин Harper’s Weekly. Сепак, Санта на Томас Наст покажал еден суштински недостаток: тој бил црно-бел. Црвениот капут на овој дебел старец од бајките му го подарил во 1885 година Луј Пранг. Тој ја пренел во Америка Викторијанската традиција на Божикни честитки во техника на литографија во боја. Така, Санта Клаус наместо крзното што му го нацртал Наст, добил јарко црвен капут. Најпосле во 1930 година американската компанија Кока Кола смислила итар рекламен трик, за нејзините производи да не се забораваат ни лете, ни зиме – уметникот од Чикаго Хедон Сантблом, го нацртал Санта Клаус во црвено белите бои на Кока Кола. Притоа одново, како и во случај со слугата на пасторот Мур, прототип за изгледот на Санта на Кока Кола бил еден потполно реален човек – другарот и сосед на уметникот Лу Прентис, со кого тој и заеднички го нацртал за денес сите познатиот старец во црвено-бел крзнен капут. Така се родил современиот изглед на Санта Клаус.

За Божиќните празници денес во толерантните западни општества Христос воопшто не се ни споменува (наводно тоа може многу да ги повреди претставниците на другите вероисповеди, атеистите или сатанистите). Затоа, таму Рождеството не е празнување на раѓањето на Спасителот на светот, туку време на распродажби, подароци под елката и одмор од работа. На тој празник Санта Клаус е професионален аниматор кој ја забавува публиката, раздавајќи подароци и фотографирајќи се за спомен. Дедо Мраз, така популарен и кај нас, во малку што се разликува од својот западен колега. На Нова Година тој исто така оди по становите, претпријатијата и канцелариите, чита песни, пее, се фотографира, нуди пијалаци и припејд подароци.

Каква е врската на овие весели дебелковци со црвен капут и брада од вата, со празникот на Рождество Христово? Никаква. Денес Дедо Мраз е само еден помошен реквизит на потрошувачкото општество чијашто задача е да ја стимулира продажбата. Психолозите одамна го забележале тој феномен: дури и оние што немаат врска со Христијанството, за време на Божикните празници покажуваат празнично настроение и спремност да им подаруваат подароци на најблиските. За Божикните распродажби, трговските гиганти и трговски мрежи на САД и Европа, го постигнуваат најголемиот дел од својата годишна заработка.

Во сета таа празнична еуфорија има една тажна околност: во многубројните метаморфози на митскиот Санта, ликот на Светителот Николај Мирликиски постепено се замаглувал, бледнеел  и најпосле скоро потполно исчезнал, така што да ги најдеме неговите црти во денешната личност на Кока Кола, е практично невозможно.

Святитель Николай спасает трех девиц от позора, тайно, ночью передавая мешочек с деньгами их отцу. Фрагмент иконы

И не треба ни да се обидуваме. Тие што сакаат да дознаат како вистински изгледал Свети Николај Мирликиски, не треба да ги гледаат обоените изобразби создадени од американските рекламни агенции. Многу полесно и поправилно е за тоа да се појде во било кој православен храм каде што иконата на св. Николај Чудотворец секогаш се наоѓа на почесното место, заедно со изобразбите на Христос и Богородица. Во благиот и сериозен лик на овој Светија нема ништо што барем малку би потсетувало на румениот и црвенонос Санта. Но, сепак, на православните икони изобразен е оној истиот вистински Св. Николај, вистинскиот Санта Клаус (кај нас преведено како Дедо Мраз) кого што западниот свет денес, речиси во потполност го заборавил.

Извор:Правмир; Православие; Православие

Преземено од: Бигорски манастир



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5813
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6630
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6414
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5610
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная