Кога човекот учи да плива, успехот го постигнува дури откако на крај ќе научи да се опушти и да и се „препушти“ на водата - дури тогаш водата го одржува на својата површина без каков и да е негов напор и напнатост. Но, штом ќе ги згрчи мускулите - телото како камен почнува да тоне.


Покрај сето наше „религиозно спознание“, „духовна начитаност“, „познавање на православните канони“, „знаење на верските догмати“, останува уште едно големо прашање: оставаме ли ние во нашиот живот место за Самиот Бог  да нè води, да нè подучува, да нè оживува заради општење со Него? Со допирот со живата вера започнува преминот на човекот во нова состојба, кога тој самиот станува сè помал во својата свест, а Бог сè поголем, кога човечкото се топи, а Божјото се шири во неговото срце, кога душевното му го отстапува местото на духовното. Дури тогаш започнува автентичен духовен живот. Сè што постоеше пред тоа, претставуваше само мечтаење за духовен живот.


Жива вера е кога човекот го бара Бога веднаш, тука, кога тагува што со Него нема живо општење, што некаков ѕид му го заградува патот кон Бога Кој, всушност, е сосема блиску; кога повикува и бара од Него само живототворен допир. Тој не верува само во Бога, туку, исто така, Му верува на Бога. Другата „вера“ е повеќе „предворје“: човекот само мечтае за Бог, верува во Него, но верува во некој далечен Бог кон Кој треба долго да се оди со сопствени сили и со сопствен разум, а патот да го определува според ѕвездите.......

Кога трпеливо се држиме до молитвата, кога го повикуваме Господа, Го молиме за помош, тагуваме што „не нè бидува за ништо“, се молиме за милост, спасение и за поука, кога го славиме Бога и Му благодаримe - сето ова е веќе почеток на живо обраќање и на вистинска вера.

Архимандрит Лазар (Абашидзе)

 

Избор од фејсбук страната на :

Марија.Н. Димесска

Лето Господово 2016