БОГАТИОТ ПАТНИК


Во едно далечно село пристигнал еден странец и решил тука да се одмори. Тој бил многу богат човек. Патувал сам, бил доста уморен и сакал што поскоро да најде погодно место за да се одмори. Намерата му била воедно и да ги усреќи домаќините кој достоинствено ќе го примат. Бидејќи имал незнаено богатство, тој сакал да им направи таква добрина на гостопримливите домаќини, што ни на крај памет немало да им дојде. Видел една убава куќичка изградена на убаво место, и решил да затропа на нивната врата. Штом домаќините му отвориле, го поканиле да влезе, но тој се повлекол назад откако ја почувствувал непријатната миризба која идела од внатре. Без да каже зошто дошол, патникот се извинил и ја напуштил куќата.


Како што поминувал покрај реката видел една друга куќичка која му ја привлекло вниманието, па решил и таму да затропа на вратата. Но домаќинот на таа куќа бил многу зол човек, кога видел дека се наближува до вратата непознат странец, тој ги насаскал кучињата и не му дозволил ни во дворот да влезе. Патникот се вратил и продолжил да бара друго место за почивка. Тропнал и на третата куќа, таму љубезно го поканиле да влезе внатре, но кога видел дека во куќата немало никаков ред, било се расфрлено по земја, насекаде прашина и пајажини, помислил дека и тука нема да има спокој за да се одмори, па како се поздравил си заминал. Во четвртата куќа, веќе бил навистина преморен, па си рекол ќе останам тука и ќе одморам, какво и да е.
Но, таму покрај безредието и нечистотијата, во таа куќа по зидовите лазеле разни бубачки, освен тоа почнале да го лазат болви и тој побрзал и од таму да избега. Патникот си велел во себе, како живеат овие луѓе во толкав неред и во таква нечистотија. Конечно, видел една малечка куќичка на крајот од селото, па решил и тука да затропа на вратата. Овде го пречекале со задоволство и со светли насмеани лица. Штом влегол во една од собите, тој забележал дека иако биле сиромашни, но било чисто и добро подредено. Стаклата на прозорците светеле, никаде немало прашина, подот штотуку бил исчистен, воздухот на собата бил проветрен, едноставно во таа куќичка било како што он посакувал.На крајот тој нашол место каде да се одмори и тука го оставил својот голем подарок.


Драги браќа и сестри, дали ние сме се запрашале: ако дојде нашиот Спасител, кој ни го носи најголемиот дар- небесната благодат, со кое не усреќува и ги спасува нашите души, и дали ако Тој побара за Себе подслон во нашата душа, би можел да најде погодно место за почивка?


Св. Макарие Египетски говори: “Како што небето и земјата Бог ги створил, за да обитава човекот во нив, така и телото и душата на човекот Тој ги создал за свое живеалиште... затоа Апостолот говори: “Негов дом сме ние” (Евр.3:6).


Исус Христос, Тој прекрасен небесен Гост, често доаѓа во нас и посакува да влезе под покривот на нашата душа. Тој ни се јавува преку недостижното ТАИНСТВО НА СВ. ПРИЧАСТИЕ. Тој тропа на секоја врата, посакува да влезе во секој дом, посакува да зборува со секое срце, сака да ја направи среќна секоја душа која верува во Него и да му го даде небесниот дар.


Но како го пречекуваме ние? Дали Тој може да престојува во секој од нас, како што би посакал?
При Светото Причестување, ние го каниме Господа да дојде во нашето срце: „Дојди, Господи Исусе, и всели се во мене!” кажувајќи во себе молитви. ”Повели и влези во домот на мојата душа! Ќе ги отворам вратите на мојата недостојна уста! Всели се во мене Господи!”
Но, Исус Христос отстапува од таа гостопримлива отворена врата! Од внатре излегува толкава неподнослива духовна миризба! Таму царува блудот и злобата, среброљубието и зависта, гордоста и егоизмот... И небесниот Гост отстапува назад. Тој неможе да влезе во таков дом, каде човекот и бесовите, тие духовни поткопувачи живеат под еден ист кров.


Ние, сите сме кој повеќе, кој помалку недостојни за да дојде Искупителот при нас. Но, сепак, Тој тропа на нашите врати (Откр.3:20). Тој сам сака да влезе во нас, зашто ние сме за Него создадени и зашто без Него ние сме бескрајно несреќни. Тој доаѓа за да ни го донесе на сите небесниот дар, благодатта.
Има ли начин да станеме повторно достојни за Него? Со голема радост треба да кажеме: Има! Тој начин е покајанието и изповедта! Со изповедта, кога таа е искрена, длабока, сврзана со одвратност од себеси и со желба да започнеме нов живот, се очистуваме од сета нечистотија на гревот во нашето срце. Со изповедта се прогонуват демоните, и се повраќаат сите измешани мисли и лоши претстави во човекот, се смируваат сите хаотични чувства и желби на срцето, тогаш ќе станеме угодни за да го примиме нај посакуваниот Гост, Исуса Христа. Амин
превел од бугарски јазик:
отец Ѓорги+

 

Избот од фејссбук страната на:

Тимо Соколов