ЗА ДУХОВНИЦИТЕ И ИСПОВЕСТА II-Сестра Магдалена

Големите проблеми-со кои секој свештеник-пастир или вероучител мора да се соочи во својата работа со децата-започнуваат тогаш кога ќе стане јасно дека родителите се тие кои направиле бројни грешки во воспитанието на своето дете, работејќи се за грешки чинети во тек на долг период или грешка врзана за одреден одговор на одредено прашање. Свештеникот не може секогаш да разговара за спорното прашање  со родителите затоа што не сака да го изневери поврението кое детето му го укажало. Свештеникот во таа ситуација не може да го посоветува детето на начин на кој родителите на детето би сакале тој како свештеник да го советува нивното дете. Свештеникот не е некаков дипломат кој дејствува во сопствена корист: тој во тие мигови секогаш се обидува да ја открие Божјата воља за детето. Свештеникот воопшто не сака на каков било начин да го намали почитувањето на детето кон родителите, пред се затоа што тоа не е добро за детето. Самото Свето Писмо не учи нас да ги почитуваме родителите и да им бидеме послушни. Меѓутоа, има случаи во кои свештеникот е обврзан да каже дека не се сложува со родителите. Но, и покрај тоа, свештеникот е обично приморан да го посовеува детето да постапува онака како што му говорат неговите родители. Ако детето е свесно дека негвоите родители за некое прашање мислат поинаку од свештеникот, сввештеникот ќе се обиде да му објасни на детето дека негвоите родители се трудат да го чинат она што е најдобро за него. Свештеникот, во таа ситуација, ќе проба на некој начин да го оправда ставот на родителите на детето. Исто така, тој ќе го потсети  детето дека мора на своите родители да им ја укажува должната почит и благодараност. Нека не вдахнови сите Господ.
    
Свештениците, монасите и монахињите понекогаш даваaт подароци или слатки на децата (како што го правел тоа Свети Тиховн Задонски и многу други светители) и на тој начин ја покажуваат својата љубов кон децата. За детето е исклучително важно да го доживее тој вид на внимание од некој кој ја претставува Црквата. Личност, која како дете, доживеала такво внимание може во својот подоцнежен живот под притисок на анти-христијански идеи, дури и да ја изгуби верата, но, во длабочините на своето битие таа нема навистина да биде против Црквата.
    
                    ***

Еден од најуспешните начини накои детето може да го доживее Православието како живо предание  е тој,  детето од време на време  да види и други парохии, као и повремено да појде во посета на монашките заедници.
    
Децата би требало да ги воспитуваме така што да се почувствуваат дека се одговорни членови на парохиската зедница. Децата не би требало секогаш да бидат оние кои примаат подароци на парохиските собори. Децата би требало да ги поттикнуваме да помагаат не само во Црквата, туку и во социјалните активности на парохијата, како што е на пример посетување на болни и сл.