логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

HRISTOS.SPASITEL.jpg

 

Проф. д-р Ратомир Грозданоски

ВЕЛИКИ ПОНЕДЕЛНИК

    
Зошто да пишувам за овие денови?

Прашањето си го поставив самиот себеси, а допуштам и вие да ми го поставите. Одговорот, пак, ми стана јасен, откако напишав по нешто за секој ден и видов дека е тоа многу потребно. Имено, заради големината на последните три дена од Седмицата на страданијата: Велики Четврток, Петок и Сабота, скоро да забораваме колку се важни и првите три дни. Ги запоставуваме и не знаеме што се случувало во тие денови. А тие се исполнети со многу значајности и ни е особено потребна нивната содржина за наша подготовка. Дали е така, ќе видите по читањето на текстовиве. Јас сум согласен, а вие видете – вие си знаете...  Недореченостите, пак, и недостатоците што ќе ги сретнете во текстовите, се доказ за човечката немоќ и ограниченост пред големите Божјите зборови, тајни и настани. Ве молам, нив молитвено прифатете ги. Ви благодарам.

Во овие три дена: Велики Понеделник, Велики Вторник и Велики Среда се извршува чинот мироварение – тоа е определеното време кога се подготвува и деноноќно се вари мирото, кое содржи над 40 разновидни миризливи сосотојки како дар од богосоздадената природа. Се вари без застој, дење и ноќе, а во текот на варењето непрестајно се чита Евангелие. Така подготвеното миро се осветува и се добива светото миро, за миропомазување и за осветување.

 Сите денови од Страдалната седмица се нарекуваат „Велики“, заради величието на настаните што се празнуваат во тие дни. Тоа се најтешките денови и најисполнети со молитви и богослужби. Во првите три дена (Велики Понеделник, Велики Вторник и Велика Среда) низ богослуженијата, верниците се подготвуваат за сеќавањата на Христовите страдања. Трите дена се посветени на последните беседи и поуки на Господа Исуса Христа кон апостолите и кон луѓето.

Светата Црква определила во овие три дни, на богослужбите (часовите) да се прочита целото Четвороевангелие. Тоа има за цел да ни покаже дека Господ Исус Христос со Својот богочовечки живот на земјава, со сè што учел и правел, им се покажал на луѓето дека е вистински Бог и вистински Човек, односно Богочовек и затоа Неговите страдања се спасителни за нас. Во овие денови треба да ја сфатиме големата трогателност и да ја разбереме нашата гревовност. Да се смириме и скрушено да се покаеме и да се помолиме.   

Трите дена се служи Литургија на предосветените дарови.  

На Велики Понеделник одбележуваме осум библиски настани: четири од Стариот и четири од Новиот завет. Велики Понеделник е ден на: Јосиф, намразениот од браќа си, прорчките виденија, маките во ропството и праведниот Јов, па ден на: бесплодната смоква, неправедните лозари, за крајот на светот и очистувањето на храмот.

Страдањата на Јосифа, намразениот од своите браќа
На богослужбите се читаат делови од Светото писмо во кои се опишани и ги преставуваат настаните што се случиле на денот или имаат порака за денот. Таков е примерот од Стариот завет, за страдањата на Јосифа поради зависта на неговите браќа кои го предале, го продале и го понизиле како роб (прочитајте: 1. Мој. 37,18-36; 41,38-44; 42,1-8 и натаму до 45,28). Тоа е вистински настан, историска вистина за конкретни личности и конкретно време. Запишан е во Библијата. Во Синаксарот, пак, се вели: Јосиф е преобраз на Христа, затоа што и Господа Исуса Христа Го намразиле истородните браќа Евреи (како и браќата Јосифови), а Неговиот ученик (еден од 12-те) Го предаде (Го продаде) за триесет сребреници. Станало онака, како што направиле и браќата на Јосифа, а тоа го сториле без причина и без никаква вина на Јосифа. Направено е злото само поради нивната завист и злобност, а не дека бил тој виновен за нешто. Исто така направиле и со Христа Господа. Кому Он му згреши? Никому! Но,... Затоа, Јосиф од Стариот завет е првата библиска слика и јасна праслика за страдањата на Господа Исуса Христа. Токму затоа, со него започнува Страдалната седмица – Велики Понеделник.

И друг Јосиф, од Новиот завет, од Христово време, е поврзан со страдањата на Господа. Тоа е Јосиф од Ариматеја – видна личност, член на тогашниот Парламент (Синедрион). Тој ја отстапил својата гробница, за во неа да биде погребан Христос. По крстните страдања и смртта, Господ Исус Христос бил погребан во мрачниот и тесен гроб и гробниот камен бил запечатен. Гробницата на Јосиф Ариматеец е споредена со јамата во која бил фрлен Јосиф од рацете на неговите браќа (1. Мој. 7,24). Господ Исус Христос, пак, станувајќи (воскреснувајќи) од гробот со сопствената сила, се зацарил над сите и над сè, како што се зацарил и Јосиф во Египет. Тој, фрлениот Јосиф, потоа станал царски управител, којшто ги спасил своите браќа од смртта. Христос зацари над секој грев, го победи злото и владее над целиот свет, човекољубиво, откупувајќи нè преку дарувањата на таинствената пченица, – хранејќи нè со небесниот леб – со Своето живоносно тело. Таков беше и Јосиф: давател на пченица за своите браќа и ризничар на добра.

Пророчките виденија
    Во овие празнични дни, богослужбено си спомнуваме и за пророштвата и пророчките виденија. На богослужбата се чита за таинствените виденија на пророкот Језекиил (прочитајте: Језек. 1,1-20; 3,1-3). На Велики Понеделник се чита почетокот (Језек. 1, 1-20). Овде се опишува пророковото видение на славата Божја, која е над херувимите и видението на четирите лика, кои ги претставуваат четирите евангелија.

Маките во ропството – убиство на деца
Предвидено е читање од Втората книга Мојсеева (Исход), а текстот говори за првата еврејска Пасха, во спомен за избавувањето на Евреите од ропството во Египет (прочитајте: 2. Мој. 1-14 глава). На овој ден, се спомнуваат првите настани – намножувањето намаките и страданијата (2. Мој. 1,1-20). Се говори и за такви тешкотии што ги надминувале човечките сили, а за злосторства и планирање убиства на новородените синови. Сето ова има праслика на страданијата од Страстната седмица.
    Со тоа се напоменува дека Бог, како што ги спасил Евреите од ропството, така, преку Христовите страдања, – со новата Пасха, го спасува и сиот човечки род од поголемото и потешкото ропство – ропството на гревот и ѓаволот.

Страданијата на праведниот Јов
На овој ден, се читаат текстови од книгата на Јов (Јов 1,1-2,10) при што си спомнуваме за многустрадалниот праведен Јов којшто служи како праслика на Христовите страдања. Со тоа ни се дава пример дека треба и ние без роптање да ги поднесуваме несреќите и непријатностите во животот, надевајќи се на Божјата милост и помош. Бог победува.

Од Евангелието, пак, на богослужбите во овие денови се изложуваат оние Христови поуки, чуда и настани што се случиле во тие дни.

Богослужбените текстови се многу поврзани со евангелските четива, во кои, со поетски израз, се вели: Господ, одејќи на доброволно страдање, по патот, на апостолите им велеше: Ете, се искачуваме кон Ерусалим, и Синот Човечки ќе се предаде, како што е напишано“. Дојдете, со очистени мисли, и ние да одиме со Него да се распнеме, и заради Него да се умртвиме за животните наслади, та со Него и да оживееме...
Да појдеме со Христа на Елеонската Гора и заедно со апостолите да бдееме со Него... Христе, добротвору, доброволно одиш да страдаш, за да нè избавиш нас...

Бесплодната смоква – јудејството без духовни плодови
На Велики Понеделник, Христос со апостолите одел од Витанија кон Ерусалим. Патем се случило чудо. Затоа, на утринското богослужение се чита Евангелието за исушувањето на бесплодната смоква (прочитај ги содржините од: Матеј 21,18-43; Марко 11,12-14, 20-24).
Според правилното толкување и според учењето на Црквата, неплодната смоква го претставува еврејскиот народ кај кого Христос не нашол вистински плод на добри дела и вистинска вера, туку имале само лицемерна сенка на Законот. Тоа Он повеќепати го изобличил, а народот, иако имал вера во Бога и велел дека верува, немал добри дела. Нивната вера не била делотворна вера – не правеле добро. А токму кај тој народ дошол Синот Божји и не нашол плодови.     На прв поглед дрвото изгледало дека има плодови, но, всушност, не било така. За казна тоа добило безплодност засекогаш, односно да остане во таа состојба во каква било затекнато тогаш – без плодови. Затоа Израилот ќе остане јалов и бесплоден.

Смоквата ја претставува и секоја христијанска душа, која не принесува плод на покајание, вистинска вера и добри дела.
Во богослужбената песна се вели: „Да се плашиме, браќа, од казната на исушената смоква поради неплодност, и да Му принесеме на Христа плодови достојни...“

Изречениот суд над неплодната смоква нè потсетува на Последниот Христов суд. Судијата предвестува за тоа.
Смоквата ја симболизира Еврејската синагога (Еврејското собрание) во која Спасителот не го најде плодот што требаше да го даде, туку само лисја, односно, тие немаа дела според Божјиот закон. Смоквата имаше само лисја и сенка, па Бог и тоа и го зеде и ја исуши, оти немаше зошто да постои кога не ја исполнува целта на својот живот.

Но, некој ќе рече: Зошто бездушното дрво стана суво? – За да се знае дека Евреите, гледајќи Го Христа како на сите им прави добро и никому не му прави зло, си мислеа дека Он има сила да прави само добро, а не да казнува. Со ова, Спасителот сакаше да им покаже на неблагодарните дека е и Судија и дека ќе казнува.


Смоквата останала сува крај патот, како столб, за да ја видат сите и да се поучат или да се исплашат од она што ќе ги снајде. Ете, затоа светите отци и Црквата направиле овој текст да биде читан и толкуван денес: за да поттикне покајание кај нас и решеност да правиме добри дела.
Смоквата е секоја душа која е бесплодна, без духовни дела, без добродетели. Таквата, кога наутро – односно, по сегашниов живот, ќе ја види Господ бесплодна – ќе ја казни.


Евангелистот Лука, опи¬шувајќи го овој настан, го поврзува со текстот кој го претскажува судот и раз¬рушувањето на Ерусалим како казна Божја која требало да ја почувствува ев¬реј¬скиот народ, а која се случила 70-та година по Христа (спореди: Лука 19,41-44).
Тогашното страдање било надворешно, овоземно и било само симбол на вечното страдање на неплодниот народ.
Сe што правел и зборувал Христос имало особено значење и смисла. Он лекувал болни и правел чуда, главно, на луѓе побожни и кои исповедале вера во Бога. Апостолите кои биле редовно со Господа не виделе дека Он некогаш направил нешто лошо. Овојпат сакал да им покаже дека Он може и да казнува и тоа за еден миг да ги погуби сите свои непријатели и оние што сакале да Го распнат, и дека Он е со неизмерна сила и моќ која владее над луѓето и над природата. Тоа овојпат го покажал со Својот однос кон смоквата.
Чудото било големо затоа што дрвото, иако сето разлистано и сочно раззеленето, веднаш се исушило, а смоквата е една од најсочните меѓу дрвјата.

Неправедните лозари
    Во тој ден Господ Исус Христос ја кажал и Параболата за неправедните лозари кои ги убиле слугите на Господарот, а најпосле Го убиле и Синот на Господарот (види: Матеј 21,33-46; Марко 12,1-13; Лука 20,9-19).
    Во овие евангелски текстови е прикажана ожесточеноста на Евреите кои ги убиле пророците, а на крајот Го распнале и Синот Божји. Такви се и христијаните кои со своите прегрешенија, нарушувајќи ги Божјите, евангелските, апостолските и светоотечките заповеди, постојано Го распнуваат Господа Исуса Христа.

Крајот на светот
    На Литургијата (Предосветената Литургија) се напоменува за сето она што го кажал Господ Исус Христос за последиците од богоотстапништвото на јудејскиот народ и за крајот на светот (прочитај: Матеј 24,3-35).
    
Очистувањето на храмот
На Велики Понеделник, кога дошол Христос во Ерусалим и влегол во храмот, бил зачуден од безверничкото однесување на оние што биле таму, па се разгневил на нив и ги изгонил трговците од домот Божји. Неговата разгневеност била од ревност кон домот за молитва, бидејќи го претвориле во трговски центар и разбојничка пештера (Прочитај: Матеј 21,12-13; Марко 11,15-19; Лука 19, 45-46).

Во Евангелието се вели: „И пак дојдоа во Ерусалим. Кога влезе Исус во храмот, почна да ги пади оние, што продаваа и купуваа во храмот, и им ги преврти масите на менувачите и столовите на оние, што продаваа гулаби“ (Марко 11,15).

Очистувањето на храмот покажува како Бог, односно како Спасителот наш Господ Исус Христос дошол во Својот храм, очекувајќи плодови, но не ги нашол, па се разгневил и Ги изгонил нечесните од храмот, а на крајот, кога излегувал од храмот, прорекол дека од него нема да остане ни камен на камен (Марко 13,1-2). Тоа значи дека исто како што се случило со смоквата која немала плодови, така се случило и со храмот, а така било и со целиот еврејски народ, така било со сите бесплодни луѓе, и затоа била изречена Божјата казна. Свети апостол Павле нè предупредува и вели да ги испитуваме своите срца, та да не се случи и со нас нешто слично (Рим. 11,21).

„Оние што продаваа и купуваа во храмот“ се трговците кои продавале и купувале животни за жртвопринесување. Луѓето кои доаѓале од далеку, за да не носат со себе од Галилеја и од далечните места животни за жртвопринесување, трговците им доведувале стока таму, па во тремот од храмот, им ја продавале на жртвоприносителите. Внатре блееле јагниња цели стада, мукале телиња и се создавала животинска врева под сводот на храмот.  Трговците тргувале и ја злоупотребувале маката и добрината на верниците. Најчесто ги лажеле при продавањето, – земајќи им повеќе пари на дојденците. За сето тоа Христос ги нарекол разбојници, бидејќи рабојнички постапувале: народот го ограбувале, пленот го делеле, се лажеле и се карале, како што се караат разбојниците за својот плен. Таму имало и „менувачи” на пари, кои разменувале јудејски монети за гостите од другите земји и краишта. Тоа го правеле со голем интерес и лихварство. Тоа го срамотело, го навредувало, го осквернувало и го безвреднувало значењето и достоинството на храмот.

На крајот, се вели дека Господ Исус Христос, ги истерал „трговците“ од храмот, им ги превртел масите на „менувачите“ и „сто¬ло¬вите на оние што продавале гулаби“ за жртвопринесување.
Во пре¬носна смисла, целиот овој настан ни кажува дека Господ Исус Христос ги симнува од столовите – ги симнува од троновите, архиереите кои ги продаваат духовните дарови за пари, зашто проклет е оној кој ракополага за пари или за добивка и треба да се симне од престолот. Тој грев се вика симонија.


Гулабот е симбол и образ на Светиот Дух и затоа, во преносна смисла, продавањето на својот гулаб претставува продавање на благодатта Божја која христијанинот ја примил при крштевањето. Бог таквите ги изгонува од Црквата!
Жестокоста со која Господ Исус Христос настапил кон присутните во храмот оставила силен впе¬чаток и кај фарисеите и кај учениците. За нив „гневот на Агнецот“ (Откр. 6,16) претставувал ново искуство, зашто дотогаш не Го виделе Учителот разгневен. Оваа состојба на Господа Исуса Христа не можеле да си ја објаснат апостолите со ништо друго, освен како што наоѓаме забележано во Евангелието според Јован дека „учениците, пак, Негови тогаш се сетија дека е напишано: ,Ревноста за Твојот дом Ме изеде‘ “ (Јован 2,17; Псал. 68,9).
Тремовите на храмот биле предвидени како место каде што требало да седат рабините и во разговор со луѓето да ги поучуваат во законот и во верата, а не да бидат пазариште за стока и место за трговија. Синагогата по дефиниција е место за молитва (Дела 16,13) или место за поучу¬вање (Дела 13,15).

За Господа Исуса Христа било особено важно домот Божји да биде чист и неосквернуван со ништо. Тоа покажува дека Он не го презирал храмот во Ерусалим, ниту ја смалувал неговата важност. Затоа и не е чудно што таков став кон храмот и кон синагогата имале и апостолите и првите нивни ученици. Во Библијата е запишано дека тие оделе во храмот за молитва: „Петар и Јован заедно влегуваа во храмот во деветтиот молитвен час“ (Дела 3,1).

Господ Исус Христос, откако Го очистил храмот, застанал на местото од каде што е предвидено рабините да го поучуваат народот и како вистински Учител го смирил гневот, па крај испревртените маси и столови, го поучувал народот. Овојпат поучувањето го започнал со стих од Стариот завет, земен од пророкот Исаија, каде што се вели: „Мојот дом ќе се нарече молитвен дом за сите народи“ (Иса. 56,7). Впечатливо е тоа што Спасителот го одбрал токму овој стих, кој укажува дека домот за молитва ќе биде „на сите народи“. Тоа значи дека и нееврејскиот народ ќе биде повикан во домот Божји на молитва.

Евангелистот Марко кој своето Евангелие го пишувал за многубошците, сакал да им укаже дека и во Стариот завет пророкот Исаија навестувал за доаѓање на многубошците во Црквата Христова, а Господ Исус Христос спасението го понудил за сите луѓе подеднакво, изедначувајќи ги „сите народи“ пред Бога, како што рекол светиот апостол Павле: „нема веќе разлика меѓу Јудеец и Елин, зашто еден и ист е Господ на сите. Нема веќе ни Јудејци, ни Елини, ни роб, ни слободен; нема машки пол, ни женски; зашто сите вие сте едно во Христа Исуса. Зашто преку еден Дух сме крстени сите во едно тело – било Јудејци или Елини, било робови или слободни; и сите сме со еден Дух напоени“ (Гал. 3,28; Рим. 10,12; 1. Кор. 12,13).

 Можеби токму овој настан кога Господ Исус Христос ја покажал Својата жестокост во храмот и зборовите што ги искажал, ги натерало некои од луѓето да мислат дека можеби Он е воскреснат свети  пророк Илија или свети  Јован Крстител или воскреснат пророк Јеремија (Матеј 16,14), зашто се покажал во духот и на едниот, и на другиот и на третиот ревнител.
Ставот на Господа Исуса Христа кон храмот заслужува особено внимание. Он кога имал 12  години влегол во Ерусалимскиот храм и поучувал меѓу првосвештениците и учителите јудејски. Тоа значи дека уште тогаш, Он во храмот гледал место за поучување (Лука 2,46-47). Исто тогаш, Он го нарекол храмот место каде што треба да биде присутен Бог, а не нешто друго, бидејќи тој е дом Божји (спореди: Лука 2,49). Овојпат храмот Го нарекува „дом за молитва“ (Марко 11,17), молителница.
„И кога го чуја тоа книжниците и првосвештениците, гледаа како да го погубат, зашто се боеја од Него, оти сиот народ се восхитуваше на Неговото учење“ (Марко 11,18).    


Не е чудно тоа што првосвештениците и книжниците сакале да Го погубат Господа Исуса Христа, бидејќи ним им пречело Неговото укорување кон нив и тоа што народот тргнал по Него, место по нив. Но, се плашеле од многуте поклоници кои Го слушале Неговото учење и се воодушевувале.
Што ги налутило фарисеите, книжниците и првосвештениците?

И Господ Исус Христос и тие имале високо мислење за храмот но, тоа, сепак, темелно се разликувало.

Прво, фарисеите многу ги налутила новонастанатата состојба во храмот со влегувањето на Господа Исуса Христа во него. Он кога влегувал во светињата, околу Него имало насобрани деца кои викале во храмот и пееле: „Осана на Давидовиот син!“ (Матеј 21,15). Тоа нив ги разгневило и негодувале против таквата состојба. Барале да сопрат децата со вревата и со нивното пеење за Христа, а замислете, на истите тие, не им пречела вревата што ја правеле трговците и менувачите или блеењето и мукањето на животните донесени за жртвопринесување. Значи, за нив кои ја гледале само формата на обредното богослужение, најважно било да се принесат жртвите и да се исполни формалноста, без да се пази на суштината од светоста и светињата. Постојат стари сведоштва дека од трговијата што се водела во тремот на храмот имале добра финансиска корист и првосвештениците, па затоа дури и „сопственик“ на тие „дуќани“ бил врховниот првосвештеник.

Второ, првосвештениците, книжниците и фарисеите ги налутило Христовото претскажување за пропаста на храмот и дека од него „ни камен на камен нема да остане“ (Марко 13,2; Матеј 24,1-2; Лука 19,44; 21,6). Нивниот гнев уште повеќе бил зголемен од Неговите порано изречени зборови, кога рекол: „Урнете го овој храм и за три дена ќе го подигнам“ (Јован 2,19). Според нив, овие зборови биле најголема хула и затоа со нив тие Го обвиниле и на судењето кај Пилата, иако Господ Исус Христос кога Ги изговарал тие зборови не мислел на Ерусалимскиот храм, туку на хра¬мот на Своето тело, кое Евреите ќе го „урнат“, ќе го убијат и распнат, но за три дена ќе воскресне. Тие сметале дека Христос богохулствува, бидејќи Ерусалим¬скиот храм, по Божја промисла, требало да биде не само еврејско традиционално светилиште, туку место за молитва и за сите народи, а заслепени, не гледале дека токму тие ова светилиште го направиле „дом за тргување“ (Јован 2,16) и „разбојничко гнездо“ (Марко 11,17), каде што се работело нечесно – разбојнички.

Оние, кои знаат како изгледаат панаѓурите на Исток, можат лесно да замислат како во тремот на храмот се воделе ситни измами, трговски наддавања и ценкања при купувањето и продавањето, а и други пазарски недоличности, со кои се осквернувала светоста на храмот, а за недозволената врева да не говориме.

Веројатно, голем дел од присутните, особено децата, кои Го гледале и слушале Господа Исуса Христа во храмот, го доживеале и разрушувањето на храмот, кое Он тогаш го прорекол. Тие гледале како големите камења од храмот се уриваат, а светилиштето горело во пламен. Во 70-та година бил разрушен Ерусалим и урнат храмот. Тогаш се сетиле на Христовите зборови. Во таа апокалиптична глетка, многумина побегнале од Ерусалим, почитувајќи го пророштвото на пророкот Даниил (Дан. 9,27; Марко 13,14; Матеј 24,15) и заминале во Пела, па не ги гледале разрушувањата, а од оние што останале во градот, малкумина го преживеале тој настан, зашто непријателите извршиле невидени убиства.

„А кога се стемни, Он излезе надвор од градот“ (Марко 11,19). По с# што се случило во храмот дента, за Господа Исуса Христа, веќе не било сигурно да ноќева во Ерусалим. Имајќи ги Своите пријатели во Витанија, Он го напуштил градот каде што биле Неговите многубројни непријатели кои Го следале и се мислеле како да Го убијат (Марко 11,18), па заминал кај својот пријател Лазар, во Витанија. Така завршил Велики Понеделник.


Не пропуштајте го утре текстот за Велики Вторник!

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5786
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6605
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6385
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5584
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная