логоFacebookTwitterYouTubeeMail


otvoren.pendzer.jpg

ЕДЕН МАЛ ЖИТЕЛ НА ГРАДОТ

(од книгата „Патување од Јас-Градот во Ти-Градот” од Мирисини Вигипулу)

 Некогаш одамна, постоел еден голем град кој се викал Јас-Град. Куќите во тој град биле која од која поубави, со високи ѕидини. На среде од градот се наоѓаше гранитно ридче, а на него сјаен дворец изграден од леден кристал. Во дворецот живееше божицата Горда, на која жителите на Јас-Градот многу ѝ се воодушевуваа. Беше нивна кралица. Никогаш не носеа сериозни одлуки без нејзино одобрение. Таа се знаеше.

 Жителите на Јас-Градот многу го сакаа својот град. Веруваа дека никаде не постои подобар од нивниот. Затоа никогаш не сакаа да си одат од него. 

 Ако некој се прошеташе околу виските градски ѕидини, ќе забележеше дека не постои врата. Само во јужниот дел имаше малечка вратичка. Низ неа поминуваа неколкумина жители кои работеа на околните ниви.

 Иако се чинеше дека  сѐ е прекрасно и болскотно, жителите на Јас-Градот имаа еден проблем: видот им беше матен, та затоа не гледаа добро. Дури ни Сонцето не можеа да го видат во вистинскиот сјај и светлина. Секако, тие самите тоа не го сфаќаа бидејќи мислеа дека целиот свет така гледа. Имаа една лоша навка: многу се раправаа. Помеѓу нив расправиите беа многу вообичаени. Секој жител на Јас-градот сакаше тој да биде во право. Дури и децата ретко се играа заедно. Ако играа некоја заедничка игра, секој од нив сакаше да биде водач. Никој не отстапуваше, па затоа најчесто секое дете се играше само.

 Пркос е мал жител на Јас-Градот. Воглавно се игра сам. Денес повторно не сака да се игра со своите другари. Зар тоа се пријатели-не признаваат дека тој е најдобар во трчање? Само неговата мајка го признава тоа.

 Госпоѓата Суета за секоја ситница  им ласка и ги фали својот маж и децата. Верува дека на тој начин ги оснажува и храбри. Всушност, без самодоверба никој не може да се истакне, а во општеството на Јас-Градот тоа е многу важно.

 Пркос денес чувствува голем немир во душата. Чекори брзо и после секои неколку чекори вдишува за да ослободи од бесот. Уште е рано да оди дома. Всушност, уште никој не се вратил. Помислува дека една прошетка околу градските ѕидини би можела да го смири но, што повеќе размислува за другарите, бесот уште повеќе го опфаќа.  Колку е порасрден, толку срцето повеќе му се стега. Гледајќи на високите ѕидини и големите куќи, го преплавува чувство дкеа ќе се урнат врз него. Одненадеш пред себе ја здогледа малечката вратичка.  Исполнет со немир, не примети како стигнал до тука. Се чуди откако виде дека е подотоворена.  Приоѓа и погледнува надвор.
 -Здраво, пријателе!
 Изненаден, се сврте и забележа едно девојче као седи на ниско ѕидче вон ѕидините.
 -Здраво и на тебе!-одоговара Пркос и излегува надвор. Ова му беше прв пат да помине низ нив.
 -Сигурно не си одовде. Никогаш не сум те видел.
 -Овде сум на минување. Дојдов накусо со татко ми, па го чекам.
 Пркос не ја пропушта приликата да се истакне и ја предизвикува да се натпреваруваат.
 -Дали сакаш да се тркаме до она дрво, па да видиме кој ќе победи?
 -Секако дека сакам! Се вкочанив од седење.
 -Епа станувај да не губиме време! Бројам до три и поаѓаме!
 Заземаат положба. Еден, два, три-и напред!
Оддалеченоста до дрвото е значителна. Трчаат еден покрај друг.  Приближувајќи се кон крајот, Пркос со завидна разлика стигнува прв.
 -Браво, браво!-повикува девојчето и му ја пружа раката. –Трчаш како ветер.
 „Конечно, еве некој кој ја признава мојата вредност”-размислува Пркос.
 -Вистина е дека јас сум најдобар во трчање. Тука би требало да се присутни некои да те чујат.  Но, не ми кажа како се викаш.
 -Се викам Ведрана. А, ти?
 -Пркос.
 Задишани и весели седнуваат под едно дрво.
 -Е, Ведрана, пред да те сретнам, мислев дека ќе пукнам од мака!
 -Го забележав тоа штом те здогледав како ѕирнуваш на вратата. Но, знаеш ли што? Многу расрденост штетно влијае на човекот. Сега си многу поубав.
 -Ама како да не бидам бесен! Знаеш ли што ми прават моите пријатели?
 Пркос почнува да и раскажува за својата невоља, а Ведрана го слуша со внимание. Тој  зборува, зборува и зборува, а таа слуша, слуша и
 слуша...
 Времето минува толку приајтно така што ниту забележуваат, а тогаш стигнува нејзиниот татко.
 -Одиме мое девојче, треба што побргу да си одиме од овде!
 -Да ти го претставам мојот нов другар!
 -Дали си ти од Јас-Градот?-прашува таткото на Ведрана.
 -Секако. Од каде инаку би можел да бидам!
 
 Нејзиниот татко се насмевна и го помилува по косата. Пркос ги повикува во својата куќа, но нејзиниот татко многу брза. Ја фаќа Ведрана за рака и брзо се оддлалечуваат. Посматрајќи ја како заминува, Пркос многу се лутеше на нејзиниот татко  затоа што не го прифати неговиот повик. Воопшто не му се допаѓа кога му велат не. Таа се свртува и му мафта. Тој се насмевнува. Се труди да ја сокрие лутината. Сака да изгледа убаво. Во тој  момент одеднаш се сети дека не ја прашал од каде е. Потрча по нив и викна:
 -Ведрана каде живееш?
 Таа накусо запира. Ги става рацете на усните во облик на инка и гласно вика:
 -Во Ти-Градот! Дојди да ме посетиш!
Пркос ги посматра се додека во свиокот на патот не се изгубат од видното поле.


 -продложува


Извор: Из Ја Града у Ти Град (издание на Беседа-Нови Сад 2007.)

 Подготви: Маја Белева
 
 06 Јули 2012-то  Лето Господово



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 713
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…