Во Лајпциг е претставена дигитална верзија на 43 страни од најстариот сочуван ракопис на Библијата, познат под називот Кодекс Синаитикус, која е достапна и преку интернет.
Станува збор за ракопис кој го содржи Новиот завет, а настанал во четвртиот век во Египет. Кодекс Синаитикус содржи само текст, напишан исклучиво со големи букви.
Универзитетската библиотека во Лајпциг планира до 2009 година во соработка со Универзитетската библиотека во Петроград во Русија и Света катерина во Египет дигитално да ги опфати сите 390 сочувани страници. Наведените установи поседуваат делови од Кодекс Синаитикус.
Листовите од записот се чувствителни, а нивната вредност оневозможува нивно користење од страна на широката публика. Дигиталните снимки ќе овозможат увид во повеќе детали.

Digitalizirana.Biblija.jpg
 
www.codexsinaiticus.net/en