Џејмс Клерк Максвел

Џејмс Клерк Максвел Роден е на 13 јуни, 1831 г. во Единбург, Шкотска, како единствено дете на своите родители. Почетното образование го добил од мајка му, која била голема христијанка. И самата се фасцинирала кога Џејмс на 7 години го научил напамет најдолгиот псалм од Библијата, псалмот 119, кои има 176 стихови! За жал, мајка му починала веќе следната година.

Подоцна студирал на универзитетите во Единбург и на Кембриџ. На 16 години имал објавено три научни трудови со многу математика во нив. Го претскажал составот на Јупитеровите прстени, а тоа било
потврдено по 100 години преку вселенскиот брод Војаџер. Неговите откритија довеле до конструкцијата на радиото, телевизијата, радарите и сателитите. Се смета дека Максвел е рамо до рамо со Њутн и Ајнштан.
Максвел силно се противел на дарвиновата теорија за еволуција. Презентирал еден труд во кој вели:

    Никаква теорија на еволуција не може да се формулира за да се објасни истоветноста на молекулите на една иста материја, зашто еволуцијата подразбира континуирани промени…

Успешно ја побил и „Небуларната хипотеза“ на францускиот атеист Лапласт, математички докажувајќи ги грешките во оваа хипотеза. Така била отфрлена хипотезата на Лапласт.

Максвел умрел од рак, на 48-годишна возраст, без деца, иако имал среќен брак со Катерина Дјуар. Бил и ревносен христијанин. Учествувал во изградбата на една христијанска црква во која потоа и самиот бил старешина (ѓакон).

Ги посетувал болните, им читал од Библијата и се молел за нив. Кога неговата жена останала инвалид, ја гледал со многу посветеност. Никогаш не се жалел, дури ни кога дознал дека боледува од смртоносен рак.
Во една од молитвите запишани во неговиот нотес, тој вели :

    Семоќен Боже, Кој си го создал човекот според Твојот образ, и си го направил жива душа, за да Те спознава и да управува со Твоите творби; научи не да ги изучуваме делата на Твоите раце, за да ја потчиниме земјата во наша полза, да си го изостриме умот во Твоја служба; да го примиме Твоето благословено Слово, за да поверуваме во Оној што Ти го испрати за да не запознае со спасението и простувањето на нашите гревови. За сето ова Те молиме во името на истиот Исус Христос, нашиот Господ.

А на неговиот погреб, еден од неговите колеги го рекол следново:

„Ние, неговите колеги на колеџот, во него видовме умствена моќ, голем капацитет и оригиналност, сплотени со длабока понизност што тој ја искажуваше пред Бога, почитта спрема Божјата волја и верата во љубовта и искупувањето преку божествениот Спасител, Кој му беше утеха во тешкотиите и болестите.“

 

Извор

: Бигорски манастир