vozdvizenie.jpg

Во вторникот на 26 01 2010 Мјузик прогресив квартет одржа свој концерт во Чешкиот културен центар во Софија во организација на Културно информативниот центар на Македонија кој се наоѓа во истиот град.Овој состав на концертот се претстави со својот репертоар кој се состои од авторски композиции на членот на квартетот Марко Виденовиќ кој се базирани врз фолклорни теми најчесто инспирирани од македонските народни песни но и исклучиво авторски композиции.Покрај стандарните членови на квартетот на концертот настапија и Македонка Цветкова Виденовиќ - вокал и гостинот од Бугарија Димитар Крамфилов на бас гитара.Преполната сала на Чешкиот центар беше поттик за членовите на квартетот да се претстават во најдобро светло за што и беше причина да добијат простор во етерот на националното бугарско радио каде во недела на 31.01.2010 ќе биде пуштен дел од материјалот кој се наоѓа на нивниот носач на звук кој е насловен под името "Stream".


Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.