Скопје, 8 јануари (МИА) - Камерниот оркестар „Скопски солисти“ и женскиот хор „Менада“ од Тетово вечер во Домот на АРМ ќе го одржат седмиот по ред Божиќен концерт.

Ќе настапат солистите Марија Муратовска (сопран), Ирена Кафкалевска (мецосопран) и Љубиша Кировски (виолина). Со концертот ќе диригира Андреј Андреев од Бугарија.

На програмата се симфонијата во G-dur од Самртини, „Зима“ од Вивалди, како и делата од Корели, Шуберт и Делибес. 

Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ синоќа во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје одржа Божиќен концерт, со благослов на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Хорот „Света Злата Мегленска“ настапи под диригентско водство на Летка  Димовска-Полизова, а на концертот учествуваа и Детскиот хор „Изворче“ при хорското студио „Рустико“ под диригентство на Запро Запров и Мешаниот хор „Вардар“ и диригентот Илија Атанасов. Гостин на вечерта беше баритонот Борис Трајанов.  хс/лѓ/9:52